cookie-img

Веб-страницата користи колачиња

за да обезбедиме он-лајн сервис, анализа на користење, системи за рекламирање и функционалности нема да можеме без употреба на колачиња. Со континуираното користење на страницата, се согласувате со колачињата.

writing-img

Рециклирање

clock-img

25.09.2009, 08:58

clock-img

profesorica

pencil-img

5709

Собирате ли работи за да ги дадете на рециклирање?

Ние еднаш во месецот собираме се што имаме од стара хартија и пластични шишиња дома, кај моите и кај свекрва ми и ги даваме на татко ми он ги носи кај некој човек и ги носат понатаму за рециклирање.user posted image

_____________________________

Има само едно најубаво дете на цел свет, и секоја мајка го има :))

clock-img

28.09.2009, 23:02

clock-img

daniel

pencil-img

209

PA SE USTE NE AMA IDEJAVA NE E LOSA

clock-img

28.09.2009, 23:22

clock-img

nadica

pencil-img

4381

да на крајот од нашата улица има континер за хартија поссебен за пластика и посебен за друг отпад

_____________________________

Завидливите луѓе се хранат со твојата несреќа...
Биди Среќен!...
Нека умрат од глад!!!

clock-img

29.09.2009, 05:55

clock-img

pericka

pencil-img

72

imame posebna korpa za takov otpad

clock-img

07.10.2009, 14:41

clock-img

big_mama817

pencil-img

1331

па да пластични шишиња user posted image

_____________________________

Децата се најголемо богаство :)

clock-img

12.03.2013, 07:32

clock-img

Felly RR

pencil-img

7977

А дали знаете дека освен хартија и пластика може да се рециклира речици 50% од отпадот што го создаваме. Се рециклира и стакло, метал, стари електрични уреди, батерии и сл.

А еве што најдов на енергетскаефикасност.инфо.
Со преработка на стара хартија се заштедува околу 60% енергија кој би била потрошена за да се добие истиот производ од природен материјал.
Со рециклирање на еден тон канцелариски материјал се спасуваат 17 стебла на дрва, а при тоа се заштедува околу 4,200 kWh електрична енергија, како и преку 32,000 литри вода.
За разложување на хартиена чаша е потребно околу половина година, додека за разложување на пластична чаша е потребно повеќе од 100 години.
За разложување на волнени чорапи и метални конзерви потребно е околу 5 години, додека за пластика потребно е од 10 до 50 година (зависно типот на пластика), за најлон 40 години, додека за разлагање на кожа потребно е 50 години.
За разлагање на мастика за џвакање е потребно од 20 до 25 години.


_____________________________

Life isn't about waiting for the storm to pass, it's about learning to dance in the rain.

clock-img

21.06.2013, 11:13

clock-img

AneLav RR

pencil-img

1110

Сестра ми живее и работи во Италија, таму секој отпад од дома се рециклира, има посебно за стакло, посебно за пелени и влошки , посебно за хартија, посебно за органски отпад и во различни денови во неделата или на две недели поминуваат комуналните претпријатија и си ги собираат. Кај нас овде ни во деновите кога треба да поминат не поминуваат ја полниме кантата со папок и од окулу понекогаш...user posted image

_____________________________

Не плаши се од бавниот чекор, плаши се од стоење во место!

clock-img

21.06.2013, 18:45

clock-img

Octavia

pencil-img

617

Јас сум од тие што не ги мрзи да делат отпад. Пластични шишиња собирам и носам во оние специјални „кафези“ за шишиња, весници, хартија носев порано исто до местата за собирање, сега ако се собере носам во градинка (имаат надвор ставено мали контејнери за собирање отпад за рециклирање). Батерии носам во поголемите продавници и ги оставам во тие малите контејнерчиња за стари батерии. Сметам дека грижата за околината е дел од културата на живеење. Лошо е што кај нас нема соодветни собиралишта на електронски и сл. отпад, туку има железарии и отпад за пластика (и тоа, колку што знам, само за мека пластика) и стара хартија. По светов велат ако немаш каде стар ТВ или компјутер или сличен уред да однесеш во продавницата каде што си го купил, а потоа тие се должни да го предадат на соодветно место. Би требало и кај нас да се организираат работите малку посистематски. Во секој уред има едно чудо компоненти кои може да се рециклираат.
И секако упорно треба да се работи на свеста на сите нас.

clock-img

21.06.2013, 23:01

clock-img

niki

pencil-img

4299

a kaj nas e obratno
elektronski otpad nosime za recikliranje vo prodavnicite, kontejneri za baterii ima vo prodavnicite za telefoni i vo poliklinikata, a sijalici vo edna selska ordinacija i obavezno se nosime na soodvetno odrediste
problem imame so plastika staklo i hartija
lani stavija i kontejneri za plastika, kartonska ambalaza i staklo i taman se usemivme da dvoime kontejnerite se napolnija a nikoj da dojde da gi isprazni, stoea taka do krajot na turistickata sezona, potoa gi trgnaa i cela zima imavme obicni kontejneri i prestanavme da dvoime, sega na pocetok na sezona gledam pak gi stavile i pak pocnavme so dvoenje, se nadevam ovojpat deka ke gi praznat
svesta treba da se podiga sekako i toa da se pocne od organizatorite na vakvi akcii bidejki so polovicni resenija nisto ne pravime za zemjava

_____________________________

Sometimes two people have to fall apart to realise how much they need to fall back together

clock-img

22.06.2013, 06:57

clock-img

bucko mal

pencil-img

1431

Kaj nas na edno mesto se reciklira hartija,plastika,staklo I konzervi.
Se zbira ednash nedelno isto kako I gubrevo.
Iteresno e toa shto pogolemiot del od tie pari sevlozuva vo bazenite I bash poradi toa bazenite imaat mnogu niska cena I sekoj moze da si dozvoli da odi pocesto.
Drugiot del od parite odi vo ucilistata I so tie pari gi nosat decata isto na bazen,muzej,kino moze nekogash I da doplatime ame toa e neshto sitno.
Pametna ideauser posted image

clock-img

22.06.2013, 09:27

clock-img

sandriana RR

pencil-img

2924

Освен отпадот во цврста форма, многу е важно и корисно рециклирањето и на отпадните води. Со прочистување/рециклирање на отпадни води од домаќинствата и од индустријата може да се заштеди многу на вода, па и на електрична енергија.
Рециклираната вода може да се доведе до степен за поворна употреба за наводнување или за перење (техничка вода).
Енергијата (која се добива од гасот метан) што се ослободува при рециклирање на отпадна вода може да се трансформира во електрична енергија и да се користи за осветлување на блиските објекти (ваква примена имаше во воената свињарска фарма накај Петровец, не знам дали се уште тоа постои).


_____________________________

***I'd rather be honest than impresive***

clock-img

22.06.2013, 09:40

clock-img

vezilka RR

pencil-img

4931

А има ли некаде поставено контејнери за собирање на сијалици, како за батериите на пример? Јас не сум видела.

clock-img

22.06.2013, 14:55

clock-img

Snowhite RR

pencil-img

5042

И јас не сум видела ниту за батерии ниту за сијалици, освен за корпите за пластика и хартија друго не знам каде има. Е сега има кај нас во градот еден човек кој откупува се од страна на стари тв, компјутери и слични уреди и тоа го прави во соработка со министерство, после тие му ги откупуваат него. Би требало и во другите градови да има некој кој откупува стари електроники

_____________________________

Life is not the amount of breaths you take, it''''''''s the moments that take your breath away

clock-img

22.06.2013, 16:14

clock-img

vezilka RR

pencil-img

4931

За батерии има по големите маркети, ама за сијалици, немам видено. Дали е само мое чувство или навистина, луѓето малку по малку се навикнаа да рециклират. Еве кај мене во населба, скоро сите, пластиката не ја фрлаат во кантата со останатото ѓубре, туку ја оставаат покрај, или на оградите, зошто поминува после некој и ги собира. А за хартијата не сум приметила.

clock-img

22.08.2013, 18:24

clock-img

Лазар

pencil-img

8

Здраво...незнам како да постирам слики, некако сложено ми изгледа...па ако сака некој од админите, може да стави некоја слика, од моите рециклирани конзерви...
user posted image
user posted image
user posted image
Admin: Еве ги сликите :)

< Поракaта ја уредил Felly RR -- 22.8.2013 19:30:43 >

clock-img

22.08.2013, 19:31

clock-img

Felly RR

pencil-img

7977

user posted image user posted image user posted image за идејата!!! Стварно интересно изгледаат!

_____________________________

Life isn't about waiting for the storm to pass, it's about learning to dance in the rain.

clock-img

22.08.2013, 20:19

clock-img

Лазар

pencil-img

8

Благодарам...се е рециклирано, рибчињата исто. Рецепт за папие-маше глина(Paper clay) имате на мојот блог :)

clock-img

07.09.2013, 02:25

clock-img

Лазар

pencil-img

8

user posted image
Како да си направите печурки во домашни услови од рециклирана хартија?
Туторијалот може да се најде на мојот блог.


Модератор: Линкот е отстранет. Не се дозволени надворешни линкови.


< Поракaта ја уредил rina13 RR -- 9.9.2013 11:17:17 >

clock-img

14.08.2014, 15:30

clock-img

Mila mamicka

pencil-img

387

Сметам дека заштитата на животната средина е од голема важност за човештвото, а со тоа и самото рециклирање. Кај нас во фирма се рециклира секаков вид на отпад, па така јас старата хартија од дома ја носам тука на рециклажа, потрошените батерии исто така. Пластиката пак ја фрлам во посебни контејнери за пластичен отпад. Според мене, секој отпад треба да се фрла на соодветно место за да може понатаму истиот да се рециклира.

_____________________________

Најдобрата работа што еден татко може да ја направи за неговите деца, е да ја сака нивната мајка.

Последни статии

article-img