за да обезбедиме он-лајн сервис, анализа на користење, системи за рекламирање и функционалности нема да можеме без употреба на колачиња. Со континуираното користење на страницата, се согласувате со колачињата.
Женски, оваа година 1 април се паѓа во недела. Мислам дека тоа е одлична прилика да се сретнеме некаде со дечињата и да се подружиме. Времето гарант ќе ни се погоди!
Е, сега, јас не сум упатена дали има некои настани тогаш, мислам дека обично на плоштад има детски песни и слично...
Ајде сите со маскирани дечиња (па и мајките може да се маскираат ) да си се собереме и да се прошетаме групно! Кој е за?
1. AnnaMolly RR + Филип
_____________________________
Live and let live
20.03.2012, 09:32
Beatris
3116
Колку сакам да ја маскирам Ања за 1ви април и да ја однесам негде со дечиња. Ама золва ми тогаш прави роденден и крштевка за малиот, па не знам како им се плановите, кога во колку саат.
Ајде таман вие додека се организирате јас ќе дознаам ваљда кога сме таму па да видам дали ќе успеам да направам некоја комбинација
_____________________________
Whatever you are feeling is a perfect reflection of what is in the process of BECOMING...
20.03.2012, 09:42
blue_blue
893
Прашањево не знам дал ми е за тука, ама ај ...Пошто 1 април се паѓа во недела дал ќе ги маскирате децата за во градинка во понеделник или оваа година ќе пропуштат маскирање за во градинка?
20.03.2012, 09:44
AnnaMolly RR
6409
Беатрис, па сигурно нема роденденот да биде околу 11-12 на пладне!
А блу_блу, и јас тоа сакав да прашам. Дали во петокот маскирани или во понеделникот? Или па воопшто нема да ги маскирате за во градинка/училиште?
_____________________________
Live and let live
20.03.2012, 09:45
blue_blue
893
Беатрис, кажи и на золва ти да помести крштевка - не се праат крштевки во пости - кај се видело тоа крштевка во сред велигденски пости, па уште и 1ви април - не иде шала на страна, ни венчавки ни крштевки не треба пио правило да праат во црква во време на пости, ама ај во нашава црква се може.
ИЗВОРНА ПОРАКА: Beatris RR
Колку сакам да ја маскирам Ања за 1ви април и да ја однесам негде со дечиња. Ама золва ми тогаш прави роденден и крштевка за малиот, па не знам како им се плановите, кога во колку саат.
Ајде таман вие додека се организирате јас ќе дознаам ваљда кога сме таму па да видам дали ќе успеам да направам некоја комбинација
20.03.2012, 09:47
Beatris
3116
Поима немам каква им е намерата, и јас помислив на тоа, ама немам намера да се мешам, само да кажат на време да знае човек да се организира
_____________________________
Whatever you are feeling is a perfect reflection of what is in the process of BECOMING...
20.03.2012, 09:51
Natuska85
3613
И ние се пријавуваме со К,само уште маски да си најдеме.
_____________________________
"Whoever said that money doesn.t buy happiness didn.t know where to shop."
Не ги запишувам и дечињата, се подразбира дека доаѓаат и тие! Ајде пријавувајте се! И давајте предлози за маски.
_____________________________
Live and let live
20.03.2012, 09:55
AnnaMolly RR
6409
А ние мајките ќе се маскираме?
_____________________________
Live and let live
20.03.2012, 09:57
Annet
2404
ima vo Jumbo maski ;-))))ee so ubavo,ajde Velesanki da odime vo nasiot park,ke ima mn interesna druzba so decata od gradinkite .ke se informirame kako i koga,deka e vo nedela 1 pa........................??
20.03.2012, 10:03
Andriance
2140
I jas doagjam...so A..sami da si najdeme maska ..pishuvaj AnnaMolly
< Поракaта ја уредил Andriance -- 20.3.2012 10:04:34 >
_____________________________
Зборовите и времето користете ги правилно!!! Ни едното ни другото не можете да ги вратите!!!
Не ги запишувам и дечињата, се подразбира дека доаѓаат и тие! Ајде пријавувајте се! И давајте предлози за маски.
< Поракaта ја уредил Џесика РР -- 20.3.2012 10:29:58 >
_____________________________
Live and let live
21.03.2012, 13:42
mamicka77
1280
eeeeeeehhhhhhhhhhhhhh kolku bi sakala i jas i M da bideme so vas ama nema i nie ke ja vodime M na plostad i na 31 i na 1 na 31 ima karneval organizira gradonacalnikot i na 1 so decinjata pak inaku ke bide crven kapce
21.03.2012, 15:04
Maca25
7558
И јас и моето мало вештерче доаѓаме!
_____________________________
To be a mother is to know how it feels to have your heart walk around outside your body...
Не ги запишувам и дечињата, се подразбира дека доаѓаат и тие! Ајде пријавувајте се! И давајте предлози за маски.
Ајде, женски, сакам голема дружба!
_____________________________
Live and let live
25.03.2012, 15:35
AnnaMolly RR
6409
Ау, што е ова, жени? Никој не сака една дружба за 1 април, да се прошетаме на плоштад/парк со маскирани дечиња?
_____________________________
Live and let live
26.03.2012, 10:35
vezilka RR
4931
Јас и Никола ќе дојдеме ако успеам да се извлечам од семинарот. Аман ме утепа со семинари месецов, дома не успевам да се завртам.
26.03.2012, 13:31
mami2
417
Ај ве молам една агенда за дружбава Местото е во ред парк или плоштад, ама за тајмингот? Ние сме на роденден од 14 часот, ако дружбата е пред овој термин доаѓаме топтан, може и со таткото нели?
26.03.2012, 13:42
AnnaMolly RR
6409
Па ајде нека биде 11. Ви одговара ли на сите?
Во 11 пред Цар Самоил на плоштад. И нормално дека може со таткото. Ако доаѓа тој ќе го натерам и мојот, тамам ќе се дружат.
< Поракaта ја уредил AnnaMolly RR -- 26.3.2012 13:43:38 >
_____________________________
Live and let live
30.03.2012, 11:03
vezilka RR
4931
Што се случува со договоров, ќе се иде ли на плоштад? И што напраивте со маските. Јас побарав во две три продавници и катастрофа се, ништо не најдов, уште немаме маска. А ич не ме бива за инпровизација
30.03.2012, 11:06
Maca25
7558
Нина сакачла да биде Пожарникарка Семка, па и купивме само капа. Најдов едно црвено мантилче и ете ти маска. Ама само времето да е убаво, иначе ништо од дружба на Плоштад.
_____________________________
To be a mother is to know how it feels to have your heart walk around outside your body...
30.03.2012, 11:10
Ina11
87
ИЗВОРНА ПОРАКА: Maca RR
Нина сакачла да биде Пожарникарка Семка, па и купивме само капа. Најдов едно црвено мантилче и ете ти маска. Ама само времето да е убаво, иначе ништо од дружба на Плоштад.
hahaha petar e opsednat so Pozarnikarot Sam i normalno kupivme takva maska t.e. cel kostim a go najdovme vo Vucko. Inace btw vo Vucko ima ludnici kostimi
_____________________________
17.01.2008 26.11.2011
30.03.2012, 11:11
Maca25
7558
Вучко кај Универзална?!?! Бев и ништо не најдов!
_____________________________
To be a mother is to know how it feels to have your heart walk around outside your body...
30.03.2012, 11:11
libra.n
645
E bas mi e krivo sto nema da mozeme da dojdeme- Prilep ke bideme da pomognam kaj majka mi ke varosuvaat. A bas planirav da ja prepravam Srna vo domatce. Ubavo da si pominete, da gi iznaslikate decinjata
30.03.2012, 11:12
Beatris
3116
Женски јас нема да може да ве дружам А колку ми беше мерак да купам маска некоја за А, да си ја сликам, да се радува со дечиња... Ама ништо. Золва ми ја закажала крштевката во 11, па после во ресторан, никако нема да можам да изведам некоја комбинација. А и викав да не се пораѓа на априлилили ама буцето баш тој ден реши да искача
_____________________________
Whatever you are feeling is a perfect reflection of what is in the process of BECOMING...