cookie-img

Веб-страницата користи колачиња

за да обезбедиме он-лајн сервис, анализа на користење, системи за рекламирање и функционалности нема да можеме без употреба на колачиња. Со континуираното користење на страницата, се согласувате со колачињата.

writing-img

Садови за готвење

clock-img

10.01.2014, 16:23

clock-img

Felly RR

pencil-img

7977

Какви садови за готвење користите? Дали имате исксутво со овие новиве садови за готвење со керамичка облога што се - како на пр Делимано. И во Тинекс имаше едни керамички (не можам да се сетам точно на марката) и кои сметате дека се подобри. Од делимано има една понуда, на 40% попуст, вок тава и тава за пржење за 3000 ден и размислував да си ги купам, ама на нет прочитав многу негативни критики за производите на делимано, па сега некако сум во недоумица.

< Поракaта ја уредил Felly RR -- 10.1.2014 16:25:31 >

clock-img

10.01.2014, 23:42

clock-img

Snowhite RR

pencil-img

5042

Јас користам Делимано и сум презадоволна и досега јас не сум слушнала или прочитала лоша критика. Значи штедат масло, штедат ел. енергија, штедат средство за миење, а дека храната е милион пати повкусна и поздрава да не правиме муабет. Значи ставаш малку масло и загреваш, кога рачките ќе постанат црвени намалуваш на минимум и си крчка и нема шанси нешто да се залепи нешто на нив. За миење само една капка сјај еднаш помихуваш и свети. Јас не би ги менувала за ништо, го имам стартер сетот и планирам уште да си купам понатмау, како на пример грил тавата.
Инаку керамиката е тоа дека не може нешто да се залепи за нив и плус ослобудваат многу топлина, не знам какви се тие од Тинекс, ама би требало да се слични.

_____________________________

Life is not the amount of breaths you take, it''''''''s the moments that take your breath away

clock-img

11.01.2014, 09:43

clock-img

Felly RR

pencil-img

7977

Знам дека керамиката брзо се загрева со што се штеди и време и ел енергиај, а исто и се готви со помалку масло што е и поздраво и се задржуваат поголем дел од хранливите материи, ама јас прочитав дека делиманото не се чиста керамика, туку некоја мешавина, и има поделени искуства, некои се многу задоволни, а на некои одма им поцрнувале тавите, и јадењето им загорувало. Изгледа со делиманото е како ќе ти се погоди. user posted image

_____________________________

Life isn't about waiting for the storm to pass, it's about learning to dance in the rain.

clock-img

11.01.2014, 12:23

clock-img

Hunny

pencil-img

626

Јас ја имам Делимано тавата за палачинки и супер е, се погаѓаат, не се лепат.

clock-img

21.02.2014, 17:37

clock-img

princessa

pencil-img

1056

јас имам сет тави на Tefal, тоа е француска марка и бааги се скапички ама се исплати. А башка што се купуваат посебно поклопци, не одат заедно во пакет. Кога се загреани се усвитува црвената точка на средината, исто е послатко јадењето, ништо не се лепи и се мијат лесно. Имам едни тенџериња што не ги бива веќе и се чудам какви да купам, тоа ќе го направам покасно зашто ако купувам на Тефал ќе ми треба поголем буџет.

clock-img

23.05.2014, 09:20

clock-img

Felly RR

pencil-img

7977

Јас не сум пишала - си ја купив тавата од Тинекс, со керамичка облега, и стварно е преубава. Можеш да пржиш со една капка масло, или воопшто да не ставаш, јадењето е многу вкусно, на интернет гледав дека и јајца пржат во таква тава без капка масло, ама тоа не сум пробала. За чистење доволно е само со хартиен бришач да ја поминеш и ништо не останува.

_____________________________

Life isn't about waiting for the storm to pass, it's about learning to dance in the rain.

clock-img

30.05.2014, 21:14

clock-img

Dilina

pencil-img

533

Имам тава за пржење делимано, вок делимано, тефал купив пред една година и ја користев и за палачинки па ја уништив од мн жешко се искриви

А за варее Братство две тенџерчиња и имам еден пекач за печење исто на братство охрид, и топло ги препорачувам сите шо ги напишав.

Делиманото се прекрасни најпрво за вкусот на храната (на пр, пиперкиии и јајца нема повкусно од пржено во делиманоuser posted image )
А братство се енормно брзи во загревање, дури се изненадив за колку брзо време знае да зоврие вода во нив, а за миење на почеток ми беше страв затоа што се како огледала, ама на крај му најдов чаре - арф и врела вода, и светат како нови :)

clock-img

02.12.2014, 13:16

clock-img

Malecka23

pencil-img

1175

Go imam celiot set od Delimano.Hranata e vkusna da brzo se gotvi no ete kritika od mene nadvoresniot del e katastrofa za cistenje ako gotvis na plin.Kaj mene site tendzerinja mi se potemneti i krs za cistenje.Inaku imam i na Bratstvo i se preubavi navistina

clock-img

02.12.2014, 13:19

clock-img

scared RR

pencil-img

1349

гледам да го избегнувам тефлонот, откако ми кажаа дека е штетен сите тефлонски тавччиња ми се вон употреба. Имам сега неколку на Металац и одлично се покажаа, тенџериња имам нови свекрва ми ми ги даде уште на времето она ги купувала ама не ги употребувала , од оние словенските не ми текнува името поточно, супер се, најквалитетни дефинитивно.

clock-img

02.12.2014, 13:31

clock-img

Kvisko

pencil-img

1325

Јас имам Zepter иноксни тенџериња и супер се за готвење на храна кога треба подолго да се готви зашто се згареваат а потоа кога ќе дотигнат температура се исклучува ринглата и сами го доготвуваат јадењето.
Имам и тефлонски тавчиња на Tefal и ми се супер за палачинки пржење (како замена за вок тава). Тефлонот не е проблематичен се додека не се изгребе. Кога е изгреба треба да се фрли зашто тогаш е токсичен инаку не е.
За печење имам керамички, иноксни, силиконски тавчиња и сите си имаат свои предности и маани.

< Поракaта ја уредил Kvisko -- 2.12.2014 13:36:18 >

clock-img

02.12.2014, 13:36

clock-img

niki

pencil-img

4299

imam od site vidovi
edno tendjere inox, drug set tendjerinja i tavi od nergav celik, teflonska tava za palacinki, i edna od tie novite keramicki delimano e valda poklon bese
imam i silikonski kalapi za pecenje mafini,
i site gi koristam naizmenicno
delimanoto i ne me voodusevuva nesto posebno, ne mi e podobar vkusot mi nema nekoja posebna razlika a bogami i po nekolku upotrebi pocna da mi lepi
a i kapakot go skrsiv mi pukna stakloto uste koga ja zastrafuvav rackata bidejki bese obratno stavena za polesno pakuvanje hahah sto ke rece ic ne sum zadovolna

_____________________________

Sometimes two people have to fall apart to realise how much they need to fall back together

clock-img

29.06.2015, 13:19

clock-img

денвер

pencil-img

52

Dali tavite od inoks vi zapekuvaat ili samo jas go imam toj problem koga przam meso obavezno mi lepi user posted image

clock-img

29.06.2015, 13:27

clock-img

Kvisko

pencil-img

1325

Денвер, местото на нив се лепи ама само после одредено време се одлепува ако се добро и соодветно загреани. Бар кај моите е така. Имам Zepter садови и Solingen. Значи се лепи одма кога го ставаш и по некое време ако си стрплива само се одлеупва само не треба да е прегреано тенџерето и да не е најјако пуштена ринглата. Подобро е да го загрееш на средната темперетура и потоа намалуваш температура веднаш том го ставиш месото. Дното е прилилно загреано и тешко се лади.

clock-img

29.06.2015, 13:33

clock-img

денвер

pencil-img

52

Ke go probam i tvojot sovet uste denes moze i da ne sum strpliva odma probuvam da vrtam a i nkogas ne go namaluvam plinot na najmalku fala mnogu bas ke probam

clock-img

29.06.2015, 15:31

clock-img

LoveableMe RR

pencil-img

5035

Братство Охрид, закон се, моето искуство досега е одлично, а и сите што ги имаат со години, истото ми го кажаа, ептен се квалитетни и убави.

_____________________________

Обиди: 5,5 години
2 IUI, 3 IVF, HSC, 1 FET, 3 смрзнати
Верувај во чуда!

clock-img

29.06.2015, 17:11

clock-img

lukajana RR

pencil-img

1481


ИЗВОРНА ПОРАКА: LoveableMe RR

Братство Охрид, закон се, моето искуство досега е одлично, а и сите што ги имаат со години, истото ми го кажаа, ептен се квалитетни и убави.



Потпис!
И јас имам три садови за готвење на Братство Охрид и не жалам за парите што сум ги дала ,значи стварно се супер ништо не се лепи во нив.


_____________________________

Сакам кога ми зборуваат зад грб зашто тогаш знам дека сум еден чекор пред нив

clock-img

29.06.2015, 22:16

clock-img

Melanija RR

pencil-img

7052

Исто искуство со Братство user posted image сега во маркетите на Жито се собираат купони и со доплата се земаат тенџерина и тави

_____________________________

3год= 8 кломифен,лапаро-хистеро, полупроодни јајцеводи,
3 IUI =/, без терапијаuser posted image август 2013г.
user posted image Бакнежот е генијален трик,дизајниран од страна на природата за да го запре зборувањето кога зборовите стануваат непотребни

clock-img

25.08.2016, 00:30

clock-img

bucko mal

pencil-img

1431

Pred nekolku godini kupiv Slow Cooker. Probav ednas, dvapati i nekako mnogu mi bese bavno i ne go koristev. Pred nekoe vreme slusnav na rabota nesto se zborese za nego pa aj si vikam da probam pak.
Najdov na net nesto kako se koristi, recepti i sl. Sega navecer pred da si legnam ke stavam se vo nego go uklucuvam i nasabajle rucek gotov. Mnogu e povkusna hranata i toa e normalno koga se gotvi po 8, 10 saati.
Go najdov spasot, toplo vi go preporacuvam. Em lesno em vkusno.

_____________________________

You have to dream if before you can do it.

clock-img

26.08.2016, 12:00

clock-img

lolla RR

pencil-img

925

Дома користиме на Братство и едни други без марка иноксни. Имам и оној про сетот од Делимано но тие лека полека едно по едно завршуваат во канта.

clock-img

26.08.2016, 14:42

clock-img

Hopeful RR

pencil-img

2349

Имам комплет садови од Цептер и одлични се, немам зборови. Ми требаше малку време да ги навикнам, ама веќе со години наназад готвам без проблем, се се прави како што треба. Купивме и на Братство, и изненадена сум колку е добро, скоро како Цептер. Не лепи, лесно се мие и држи топлина долго време. Тефлонски и керамички тавчиња купуваме и ги фрламе по некој месец, сите се кој од кој бофол. Имаме вок од лиено железо и тоа е совршено за готвење, ептен. Мм е мераклија на тавчиња за готвење и сега сакаме сите да ги замениме со тави од лиено железо.

_____________________________

Обиди 2,5 години
HSG, HSC, отстранет септум, IUI x4, IVF успешно :)
2015 user posted image user posted image

Последни статии

article-img