за да обезбедиме он-лајн сервис, анализа на користење, системи за рекламирање и функционалности нема да можеме без употреба на колачиња. Со континуираното користење на страницата, се согласувате со колачињата.
Барав ваква тема,не најдов, ако има нека го префрлат модераторите постов.
Што мислите за ваквите лица кои сами решиле да си го одземат животот?Дали ги сваќате,на некој начин и мислите дека сигурно имале причина за тоа,им дошло преку глава итн,или воопшто неможете да разберете - зошто?
Еве јас лично,мислам дека за се постои решение и никому не му е сјајно.И дека не е решение да си го одзедиш животот и готово,завршено е. Можеби грешам,што знам. Што мислите Вие?
24.09.2013, 13:44
vezilka RR
4931
За да се одлучи човек на таков чекор, треба да се наоѓа во многу тешка психичка состојаба. Сигурно на тој човек му се гледа дека нема спас, Ние вака размислувајќи секако дека мислиме дека има решение за се, или дека со се може да се живее, но, кога човечкиот ум ќе дојде во ќорсокак, тоа е страшна работа. Тогаш се изгледа поинаку, веројатно им се чини дека само полошо може да биде. На човек во таква состојба, ако најблиската околина не му пружи поддршка и ако не ја примети неговата состојба, може се да отиде во неповрат.
24.09.2013, 14:24
mommy_angels RR
1543
За се има решение,можеби не какво што посакуваме,ама сепак постои.Самоубиството е најлесниот начин да се избега од проблемот.Животот скоро сите не тестира,оформува и зацврстува како личности и многу полесно е да се посегне по сопствениот живот ,отколку да се соочиш со проблемот.За мене ова се лабилни личности и навистина им е потребна помош да го надминат сето ова.Скоро секој од нас во даден момент во животот бил или ќе биде во ситуација кога мери на кантар дали има за што да живее или тука застанува се. Тоа е тој миг кога треба да биде доволно силен а и разумен да се продолжи понатаму.Несигурните особи тука ја губат контролата над себе.Тие за мене се себични и не мислат како оваа нивна постапка ќе влијае на нивните најблиски
24.09.2013, 15:40
Maria
533
Се согласувам дека на сите,барем еднаш во животот ни дошло преку глава и сме помислиле што понатаму,но сепак нешто не вратило во живот,сме ја нашле причината,за која вреди да се бориме и да продолжиме понатаму. Темава ја отворив поттикната или изреволтирана од постапката на една жена,мајка на две мали деца која ја повикала комшивката да и ги причува децата,демек да оди донекаде,а притоа се обесила во една стара куќа во близина.Не ми се веруваше! Толку ли не помислила за утре,кој ќе се грижи во иднина за нив.Ете може и дошло преку глава,но мислам дека поради децата,треба да размислиме два пати.
24.09.2013, 19:15
Mihaela 2010
4230
Mojata baba pred tocno 15 god izvrsi samoubistvo za koe nikoj za toa ne i prosti,pa koga ke se setam se naezuvam i premnogu mi fali,a bese edna zdrava prava zena,polna so zivot,itra snaodliva no zivot ispolnet so taga ,bolka i macenje,sto sekako ne go opravduvam toa sto go stori Siigurna sum deka ke bese se uste ziva dokolku ne si go stori toa Prethodno pocina dedomi a taa ziveese so sinot i snaata so koi imase sekojdnevni kagvi,i se zakanuvaa kako ke ja ubijat,i slicni raboti,nemozese da go izdrzi i toa sto dedomi vekje ne e pokraj nea,i najverojatno i se sobralo se,dosol moment na slabost i si go odzede zivotot... Nikako ne go opravduvam toa samoubistvo pogotovo ne da se resam na toa i da ostavam deca,uff za se ima resenie i so bistra glava se se resava,nema neresliv p[roblem
_____________________________
Најголемата трагедија во животот не е смртта, туку она што дозволуваме да згасне во нас додека живееме.