02.02.2010, 14:13
2014
Оставете го путерот малку да омекне на собна температура. Промешајте ги во сад брашното, прашокот за пециво и солта. Оставете ги настрана. Во друг длабок сад ставете ги путерот и шеќерот. Мешајте со миксер додека смесата не добие светла боја. Додајте ја црвената прехранбена боја, изматеното јајце и млекото мешајќи. Потоа ставете го миксерот на помала брзина и постепено додавајте од смесата со брашното додека мешате. Ќе знаете дека смесата е готова кога ќе почне да се одделува од ѕидовите на садот. Поделете го тестото на половина, завиткајте ги двата дела во мрсна хартија и ставете ги да отстојат во фрижидер 2 часа. Напрскајте ја работната површина и сукалото со шеќер во прав. Извадете го едниот дел од тестото и сукајте го додека не достигне дебелина од 6-7mm. Често придвижувајте го тестото и не дозволувајте да ви се залепи (ако е потребно, дополнително напрскајте со шеќер во прав). Треба да бидете брзи, затоа што тестото не смее да се стопли (затоа го поделивте на два дела). Од тестото исечете парчиња со помош на калап во форма на срце (треба да добиете околу 35 колачиња). Поставете ги колачињата на плех обложен со мрсна хартија за печење и ставете ги во претходно загреана рерна на 200°C. Оставете да се печат додека не почнат малку да потемнуваат, но не дозволувајте да почнат да стануваат кафеави (потребни се околу 7-9 минути). Извадете ги и оставете да се изладат. Сега доаѓа интересниот дел. Стопете го чоколадото на пареа (или на тивок оган постојано мешајќи) и оставете го малку да се излади. Ставете еден дел од чоколадото во готварски шприц со многу мал отвор (ако немате, земете мала кујнска најлонска кеса и со ножица сечете многу мал дел од едниот агол – 1 до 2mm). Со нежен притисок нанесувајте од чоколадото врз колачињата. Можете да избирате помеѓу декорација во вид на напречни линии или декорација во вид на точки со различна големина (како на сликите). Ако имате наплив на креативност, испробајте и некоја своја идеја. Можете да користите и комбинација од бело и темно чоколадо. Пред да преминете кон консумација или виткање на подарокот, оставете го чоколадото да се стврдне.
_____________________________
Дајте и на жена десет добри совети, таа ќе го следи само еднинаесеттиот - својот.