за да обезбедиме он-лајн сервис, анализа на користење, системи за рекламирање и функционалности нема да можеме без употреба на колачиња. Со континуираното користење на страницата, се согласувате со колачињата.
По втор пат во еден месец ми се случува ептен чудна коинциденција, па решив да отворам и тема за тоа
Кога барав стан, или куќа, под кирија, од 20-тина огласи на пазар3 одбрав еден и се јавив. Си разговарам јас така со жената и цело време имам чувство дека ја познавам. Едно време таа ми вели, извини твојот глас ми е ептен познат, каде работиш. Кога тоа ти била моја колешка од работа, која ја испуштија минатата година.
Ситуација 2: Тетка ми работи во правна служба во болница и секојдневно има контакт со многу луѓе, па и реков да се распраша за жена да ми ја чува Миа. Кога една сестра, која работи таму ја предложила нејзината снаа и ја испофалила мнооогу. Тетка ми ми даде број и денес стапив во контакт со свекрвата. Попладнево ми се јави и снаата и си разговараме така утре да се видиме, а мене гласот познат. И велам, да не се викаш случајно Даниела, а таа кога почна да се смее....долго време сме семејни пријатели со нив, но не сме се виделе откако се роди Миа.
Дали сте имале вакви ситуации?
_____________________________
When I'm good, I'm very good, but when I'm bad, I'm better.
15.09.2010, 21:10
mama26
3977
deka svetot e mal e.na odmor dodeka bev zapoznav luge koi gi poznavaat moite rodnini.osven takvi slucki drugi sum nemala...mozebi i deka prijatelkite ne mi se mnogu,a za drugite upat sto mi bile prijatelki obicno me prepoznavaat ajas gi zaboravam.[ u smisol nepamtam nesto sto e kratko ]
_____________________________
СЕ ШТО Е МОЕ КЕ СИ ДОЈДЕ ,А АКО НЕ СИ ДОЈДЕ КЕ СИ ГО ЗЕМАМ САМА.
16.09.2010, 10:14
vezilka RR
4931
Не да е мал туку минијатурен е..хи, хи. Милион пати ми се случиле некои слични дешавки. Со мажле на пример се познаваме околу 8 години, но и предходно сме искачале на исти места и горе доле сме познавале исти луѓе ( само ние не сме се познавале ) и често пати се случува кога гледаме стари фотки реакција од типот: Еј, другар/ка ми ..
Пред неколку години запознавам една девојка која е многу добра пријателка со моја пријателка..и така почнуваме да се дружиме и да се зближуваме. Еднаш си праиме муабет за чудни дешавки со бивши дечковци, а јас тука многу за расправање оти имав еден бивши тотален екцентрик, а на девојкава нешто познати приказниве..и ме прашува као се вика ма тој тип..и се разбравме накрај дека уствари ги имаме поминато истите дешавки..и она идела со него
16.09.2010, 23:14
Anushka
1392
светот не е мал, ние од РР сме големи... колку пати кога возам (обожувам да возам) таман ми доаѓа да опцујам некоја како вози, па си велам: „оп, стоп, можеби е твојата омилена Рингерајка...“ во превод - ако е светот мал, моето срце е големо!