Какво е вашето искуство со седиштето за автомобил, како се одлучивте за кое и колку бевте задоволни? Јас За Мартина не користев и мислам дека направив огромна грешка, но сега за ова здравје реков дека обавезно ќе купам, па ве молам за помош околу ова прашање.
_____________________________
Животот е убав за оние кои знаат да го живеат.
07.06.2009, 12:00
Боцко
806
дефинитивно моја тема елена. ќе се обидам да најдам некои интересни странски извори за да се дообјаснам.
денес се вози многу невнимателно. децата се небезбедни иако возилата се се побезбедни. жалам што кај нас законската регулатива сеуште не е строга по ова прашање. во канада на пример знам дека нема да ви дозволат да си го земете детето од болница ако немате седиште за во кола. исто така, се ежам кога по нашите патишта гледам мали деца седнати секако или никако (стојат, висат, на предно, на задно седиште). само замислете еден миг може да значи огромна разлика. ние имаме второ седиште. првото беше и релаксатор со количка graco и обично е за 0-9 кг. се користи завртено наназад. за второто седиште (група 1, 9-18 кг) поминав многу време на интернет барајќи го најбезбедното кое може да се купи кај нас. многу ми помогнаа тестовите кои ги спроведуваат авто-мото сојузите на германија, австрија и словенија како најстроги. така ги одбрав maxi-cosi. одлични, удобни, безбедни и доверливи. и што е најважно, стефан го обожава своето „кралско“ седиште од кое се се гледа. како растеме, криво ми е што не купив седиште група 1+2 за над 4 години и 15 кг. сега наскоро ќе купиме трето седиште. веројатно пак од истиот бренд (не знам што ќе правиме со старото ). на почеток, кога имаше отпор кај стефан жм го пушташе да седи кај неа, а јас инсистирав секогаш да седи во седиште и ете кавги колку сакаш. но, според истражувањата, токму на куси релации се случуваат најлоши незгоди бидејќи се мисли „ете, ај од тука до тука - нема потреба“. јас велам, нема компромис и нема преговори - седиште и точка. верувајте, ако се одбере добро, детското седиште вреди секој денар.
Sometimes it is the people who no one imagines anything of, who do the things that no one can imagine.
07.06.2009, 12:03
Еца
6692
Ајде Боцко да го купам старото?
_____________________________
Животот е убав за оние кои знаат да го живеат.
07.06.2009, 13:17
Боцко
806
ќе преговарамееееее
_____________________________
Sometimes it is the people who no one imagines anything of, who do the things that no one can imagine.
21.06.2009, 10:49
mami
8680
Лука еден период сакаше да седи во седиштето, а сега веќе нема шанси, освен кога му се спие па да заспие во него, инаку- штом го ставам почнува војна...и после седи кај мене во скут, или ровари по цела кола,знам дека сешто може да се случи ама незнам што да му правам
21.06.2009, 12:13
katence
222
Nie za dvete imavme i dvete uste se vo niv. Prvoto ni bese chicco vo sklop na kolickata do 10 meseci, potoa zemavme britax do 4 godini za sinot i tretoto sediste isto britax sto e od 4 godini toa kerkata uste go koristi.
25.06.2009, 14:41
mami
8680
е ајде кажете ми како да го натерам да седи во седиштето?ништо не ми помага, го ставивме на средина за да гледа напред, има еден куп играчки во кола и пак нема резултат
25.06.2009, 20:50
Боцко
806
не за џабе ние нашето го викаме „кралско“, седиште од кое се се гледа. ако разбира, треба да го ставите и да му зборувате дека сите ставаат каиш, да гледа како тато и мама се закопчуваат. можете да го направите „одговорен“ за каиши кој ќе внимава дали се сите закопчани. на почеток ќе има плачење, но треба да поминат без реакција и оној кој го закопчува да си ја заврши работата. со редовно зборување и ваше закопчување ќе го засака и седиштето и својата нова улога. финтава е позајмена од книга ама кај нас фунционира.
џџдаЗдџас бела тетка поздрав стефан
_____________________________
Sometimes it is the people who no one imagines anything of, who do the things that no one can imagine.
26.06.2009, 09:11
mami
8680
ке пробам, иако и песни пеам додека возиме и мм му збори и се, ама не бе, инатче, а кај мене во скут ке седи мирен..ко шилци да има седиштето
16.07.2009, 19:46
vlatko
14
да седиштето е многу важно ,на една пријателка срека детето што седело во седиште и остана живо во една тешка собракјка и тоа на паркинг.затао ако можете да си дозволете немој да жалете да купите нешто поквалитетно и подобро седиште.
16.07.2009, 22:24
Еца
6692
Потпишувам Влатко, мислам ние фрламе пари за глупости, а за нешто што е навистина неопходно се размислуваме и по 100 пати
_____________________________
Животот е убав за оние кои знаат да го живеат.
16.07.2009, 22:39
niki
4299
I kerka mi nesaka da sedi vo sediste i za toa sme nie krivi, ovde lokalno nikogas nemame sediste vo kola a samo na podolg pat go imame so nas i bidejki ne e naviknata stalno se buni. Imam edna prijatelka koja e samohrana majka i kerka i od raganje ja vozi vo kola, vo sediste razlicno za sekoja vozrast. Na devojcevo tolku mu e normalno da se vozi vo sediste sto voopsto ne reagira, a nekolku pati sme morale nie do nekade da ja vozime bez sediste i ona togas neznae sto da pravi, ni kako da sedne, ni da se zadrzi, celata zbuneta. Se si e do navikata i nekoi naviki koi se mosne bitni treba da se steknuvaat od najrana vozrast, dete koe do godina dena si sedelo vo skutot na majkata i posle toa ke sedi tamu, ne razbira da mu objasnis deka e opasno. Zatoa od raganje i bez isklucoci treba da se stavaat vo soodvetno sediste, za da ne mu ja mislime, niti podocna da imame problemi so naviknuvanje.
16.07.2009, 22:45
agnes77
1959
јас се потпуно слажем са тиме што је написао Боцко , само би додала, ако купујете стари автоседеж, нека биде од пријателја, тако, да сигурни сте, да авто у којем је био автоседеж не био у карамболу. Јер ако се то догоди, автоседеж никад више нее 100% сигуран.
Код нас најпопуларен е маxi cosi i romer.
26.08.2009, 14:32
nutelizza
357
Детето не треба да седи повеќе од 1.5 сат во него. Ако се иде некаде подалеку треба да се прават паузи.
Макси коси се најсигурни според светски стандарди, коштаат над 7000ден. И треба да биде правилно поставено.
Мн ми е страшно кога ке видам како децата ги возат на предно седиште
26.08.2009, 14:35
BEBICA
2014
I jas se slozuvam so tebe nutelizza.Pedijatarot na kerka mi mi rece deka ne treba podolgo od 30 min. da bide vo sedisteto poradi kicmata.Toa mi e malku cudno.
26.08.2009, 14:36
mami
8680
30мин е малку...ај 1,5 час разбирам, многу е, ама 30 мин е претерано...
03.09.2009, 10:26
profesorica
5709
Ние земавме седиште Chicco(9000 denari) кога Дамјан беше 9-10 месеци, претходно имав огромен проблем, цело време во скут кајмене и ме газеше и рацете ме болеа од што го држев и цело бреме ми скокаше во скут, ич не седеше мирен.Со седиштето се спасив.Ние мислевме пошто е темпераментен дека нема да сака да седи и на почетокот правеше малку проблеми па го занимавав со играчки ама потоа се навикна и сега знае некој пат да заплаче ама ќе му бутнам цуцла или шише и се смирува.
_____________________________
Има само едно најубаво дете на цел свет, и секоја мајка го има :))
03.09.2009, 10:34
srnicka
413
Isto bratucetka mi od italija mi donese transporter i korpa za bebinja od CAM a jas koga ke porasne obavezno ke mu kupam i sediste za kola. definitivno e edna od osnovnite i najpotrebnite i najbezbednite raboti sto treba da gi ima sekoj
06.10.2009, 08:34
Јаре
22
Детско седиште е МОРАЛНОСТ во кола. Се наежувам кога ке видам мајки како ги држат децата во раце. Децата во седиште најдобро се научуваат од породилиште право во нив. А инку ставот мој и Мж е акотреба и нека урла, ама во седиште мора да седи, иако нашите терористи се научени од почеток. Јас веке 7 години имам навика да ставам каиш и не ми е проблем.
06.10.2009, 15:30
mami
8680
за првово погрешив, ама второто здравје нема шанса да го држам во скут, си оди во седиште од прв ден па што сака нека биде
06.10.2009, 15:47
mis.
3845
Седиште за кола е обврска но има родители што не можат баш се да си дозволат во животот не дека не посакуваат или не сакаат да ги следат правилата и прописите.
07.10.2009, 19:47
Јаре
22
ИЗВОРНА ПОРАКА: mis.
Седиште за кола е обврска но има родители што не можат баш се да си дозволат во животот не дека не посакуваат или не сакаат да ги следат правилата и прописите.
Секој може. Нови квалитетни седишта се околу 100 ЕУР, а може да се купат и на старо, има сајтови со огласи колку ти душа сака.
Ова е доволен повод Рингераја да направи акција на продажба на користени возила, а можеби да овозможи и одредени поволности со фирмите увоници на истите. Ваквите кампањи се редовни барем во Хрватска и Германија.
20.01.2010, 12:33
mis.
3845
ИЗВОРНА ПОРАКА: dragana_vane
I imam edno prasanje za sediste za vo kola, koj kakvo iskustvo ima i koi sedista se najdobri, zemajki vo obzir deka ednoto dete ke mi bide 1 god i 3 meseci koga vo maj ke se rodi vroroto, koja varijanta mi e najpogodna? I dali ima voopsto poreba da zemam kolicka za bliznaci?
20.01.2010, 12:59
caci20
1049
Nie imame sediste na bertoni i sme zadovolni. Ima dve pozicii, sto e najvazno Petar go prifati i ne saka kaj nikoj da sedi osven vo sedisteto. Vo sediste sedi i koga patuvame. Mozebi ne e vo kategorijata na maxi cosi, no za 3000 den e dobro, ubavo jako se mesto so kaisite i ne mrda i udobno e.
20.01.2010, 13:09
Еца
6692
ИЗВОРНА ПОРАКА: caci20
Nie imame sediste na bertoni i sme zadovolni. Ima dve pozicii, sto e najvazno Petar go prifati i ne saka kaj nikoj da sedi osven vo sedisteto. Vo sediste sedi i koga patuvame. Mozebi ne e vo kategorijata na maxi cosi, no za 3000 den e dobro, ubavo jako se mesto so kaisite i ne mrda i udobno e.
и ние за Мила го имаме истото. Бевме и за Кратово и одлинчна работа, цело време си седеше во него, спиеше, ниту да ја стискам во раце, многу практична и неопходна работа