Британскиот пензионер Рој Белкмор тврди дека го соборил светскиот рекорд за најдолго фамилијарно стебло, откако успеал да пронајде 10.000 роднини и предци.
Седумдесет и шестгодишниот вели дека за составување на семејното дрво му требале цели 28 години и околу 20.000 фунти.
Поголемиот дел од истражувањата ги направил пред појавата на Интернет, што значи дека морал да патува за да ги проучува архивите, податоците за гробиштата и регистрите за попис на жителите
Навел 9.390 предци и се пријавил за во Гинисовата книга на рекорди за да ја добие титулата на лице со најмногу документирани предци во фамилијарното стебло.
„Беше едно навистина интересно патување. Едно од најшокантните изненадувања е дека сум предок на Алфред Велики. За семејното дрво се заинтересирав откако ми починаа родителите. Сакав да знам повеќе за минатото на мојата фамилија“, вели Рој, чии родители Хуберт и Ида, починале во 1931 година.
На почетокот Рој не ни сонувал дека ќе оди толку далеку, но колку што повеќе истражувал, толку повеќе добивал на интерес.
„Тоа е навистина интересно. Можев да одам уште подлабоко во истражувањето на моите француски корени, но мислам дека ќе останам на ова“, вели Блекмор, кој од 1980 година секојдневно по пет часа работел на истражување на своето семејно стебло.
Минатото на семејството, барем до таму до каде успеал да открие, потекнува од семејството Цердик од 500 година од нашата ера, а во него се вбројува и првиот француску крал Хју Капет, од 10 век.
Рој открил дека неговите предци биле фармери, свештеници, каубојци, војници кои учествувале во Американската граѓанска војна, а низ 37 генерации е поврзан со Вилјам Освојувачот, а преку 45 генерации со Алферд Велики.