Поентата на темата Сити Мол ми беше следнава: Икана:
Треба да се отвараат фабрики луѓе, не молови. Треба да се создава, а не да се троши. Веќе од каде да извадам за да трошам, кога немам работа па да заработам?
Затоа и ја отворив, а не да се жалам за молот и да излезе дека нас Скопјаните се нешто не ни чини. Имам уште 5 други мола јас за да си го шетам детето и зиме и лете, но треба прво да заработам нели?!
Ми смета пренаселеноста на Скопје премногу, но немам идеја како тоа тоа би се решило сега кога целата внатрешност тука се пресели и не планираат да се вратат во своите градови. Има еден виц, вика: Мајката го испраќа синот за Америка и плаче ли плаче, а таткото и вика: Жено бе не плачи, ќе се врати, не оди она за Скопје.
Презагушено е во градов, веќе нема зеленило, нема паркчиња како порано да си седнеш на клупа. Мене тоа ми смета. Го сакам старо Скопје, да и седам на клупа навечер и да слушам како ветрот ги мрда ливчињата пред да паднат... ех забегав......
И покрај се, јас никогаш не би можела да се отселам од Скопје!