cookie-img

Веб-страницата користи колачиња

за да обезбедиме он-лајн сервис, анализа на користење, системи за рекламирање и функционалности нема да можеме без употреба на колачиња. Со континуираното користење на страницата, се согласувате со колачињата.

writing-img

Совети за новопечените татковци

clock-img

29.06.2009, 11:07

clock-img

mami

pencil-img

8680

1. НЕ НАТПРЕВАРУВАЈТЕ СЕ СО СОПРУГАТА- Мајките имаат природна предност побргу да се зближат со бебето(доење, непосреден контакт). Мајките после раѓањето се преплавени со хормони кои поттикнуваат љубов и блискост кон детето. Јасно ви е дека со таква природа не можете да се натпреварувате. Веројатно нема да можете да се зближите веднаш , но затоа може да помагате во грижата за него и неговата нега.

2. БИДЕТЕ ТРПЕЛИВИ- Природно е да чувствувате несигурност и страв додека за прв пат го држите детето или го пресоблекувате. Истот чувство го имаат и мајките, и тоа не треба да ве обесхабри. Ако имате желба да бидете до беето, тоа само ке ве научи како да ми ја придржувате главата, како да бидете нежен и да го смирите.

3.ИЗБОРЕТЕ СЕ ЗА СОПСТВЕН СТИЛ- Мајката често ја превзема главната грижа околу бебето. Тоа го прават природно бидејќи бебињата се зависни од нив. Често поради тоа чувствуваат поголема сигурност и го поправаат секој чекор на таткото. И двајцата треба да знаете дека поинакво не значи и погршно. Таткото поинаку ке го забавува, храни, погрубо ке го крева и ке има поцврст допир и со тоа можеби ке ги поместува границите на смелоста на бебето. Мајката ќе поттикнува нежност, љубов, посигурни постапки и однесување. За детето се важни и двата начина на развој. Затоа, истрај те во својата улога.

4. ЗАБОРАВЕТЕ НА СТЕРЕОТИПИТЕ- Иако вашите пријатели може да се шегуваат на ваша сметка дека сте станале папучар, дека жената ве скротила или ви кажуваат дека нема да спиете следните две години, не се обесхрабрувајте. Ако сакате да поминувате повеќе време со детето, да му пружите максимална сигурност, љубов, добро воспитување и чувствувате дека на некој начин треба да и помогнете на мајката- сето тоа се легитимни и важни желби кои треба да ги следите.
Запомнете: Татковците се подеднакво важни како мајките.


< Поракaта ја уредил vezilka RR -- 23.4.2012 13:54:48 >

clock-img

01.07.2009, 00:42

clock-img

Боцко

pencil-img

806

мерси гољамо.
1 - постои, посилно е од двајцата.
2 - немав гајле
3 - леле тој стил што проблеми ми прави.
4 - не ме засега што некој мисли за мене. го сакам моето дете и се ќе направам за него.

< Поракaта ја уредил vezilka RR -- 23.4.2012 13:55:07 >


_____________________________

Sometimes it is the people who no one imagines anything of, who do the things that no one can imagine.

clock-img

26.07.2009, 16:26

clock-img

mami

pencil-img

8680

баш би скала да го слушнам мислењето и на другите татковци кои ни се придружија на форумов. Какво е нивното искуство?

clock-img

10.12.2009, 23:43

clock-img

S*B*

pencil-img

309

ќе почекам уште некој период па после ќе ви напишам.

< Поракaта ја уредил vezilka RR -- 23.4.2012 13:55:21 >

clock-img

15.03.2013, 07:33

clock-img

arh_diz

pencil-img

7198

Bidete vnimatelni so soprugata

_____________________________

Биди тоа што си

Последни статии

article-img