за да обезбедиме он-лајн сервис, анализа на користење, системи за рекламирање и функционалности нема да можеме без употреба на колачиња. Со континуираното користење на страницата, се согласувате со колачињата.
Ајде овде прашувајте се што ве интересира од правна гледна точка за било што а ние ке се потрудиме правник да ви одговори во најбрз можен рок
23.09.2009, 15:43
big_mama817
1331
e ovaa e za pozdravuvanje
_____________________________
Децата се најголемо богаство :)
23.09.2009, 23:09
Natasha5
830
супер браво Мами
23.09.2009, 23:10
mami
8680
се надевам дека никогаш нема да ви затреба, дека секогаш ке ви биде се супер- од правна па и другите гледни точки
24.09.2009, 00:05
biser
37
јас еве одма имам едно прашање.дали сеуште постои закон кој вели дека :ако некој користи туѓ имот (во наш случај земја дадена на користење одамна 60-те години, чиј наследник е мајка ми),тогаш по негова смрт им се доделува на неговите наследници (а не на мојата мајка). благодарам однапред ако се потрудите да ми најдете одговор( само да додадам дека во сите документи сеуште имотот гласи на фамилијата од мајками)
24.09.2009, 10:07
mami
8680
Бисер, ке поведете постапка за утврдување на право на сопственост, па откако ке се утврди дека вие сте сопственици на тој имот после може да го дава мајка ти во наследство на тебе и браќата или сестрите. Многу е важно значи, на кој основ користела мајкати туѓ имот? и бил даден на користење, препишан, незаконски го користеле?
24.09.2009, 12:00
kiki_riki
317
ova odamna trebase na rr eve i od mene edno prasanje se odvesuva na ne plateni pridonesi vo firma, specifikata e vo toa sto se raboti za zastitna organizacija vo koja pridonesite za invalidizirani lica gi placa drzavata, a za zdravi gazdata, na koj nacin invalidizirano lice vo takva organizacija da gi ostvari svoite prava (od kogo da bara da gi plati zaostanatite pridonesi se raboti za okolu 4 godini staz, od gazdata ili od drzavata) uste ednas golem pozdrav za temata
24.09.2009, 12:04
mami
8680
правник- од државата...бидејќи таа е должна тоа да направи.. мами- еве јас работев во таква фирма и се случуваше газдата да не може да исплати плата на сите зошто државата доцнеше со плаќање на придонесите за инвалидизираните лица
24.09.2009, 14:01
Палешка РР
7505
Ако вработениот даде отказ на работното место не може да се вработи во следните две години. Вистина
_____________________________
When I'm good, I'm very good, but when I'm bad, I'm better.
24.09.2009, 21:21
mami
8680
Ако вработениот сам си даде отказ на местото тоа е негов проблем и после може кога сака и каде сака да се вработи...а ако работодавачот даде некому отказ тогаш на тоа работно место, не смее да вработи никој следната година дена...Ако се разделите спогодбено тогаш е друга работа
24.09.2009, 21:54
Enika
1480
ako vi treba advokat obratete se kaj mene...iam eden doma i plus eden pravnik
24.09.2009, 21:56
mami
8680
ете маче..јас го вработив мојон од фирма да ни одговара ама за секој случај препрашај ти дома, да видиме дали сме ок
24.09.2009, 21:57
Enika
1480
vie samo kazete sto treba a jas koga ke se vratam u sk ke ja rasprasham majka mi za se:Dpozz mami do tebe i bubka
24.09.2009, 22:06
biser
37
mami јас уште малку ќе ти досадувам.да појаснам не бев доволно јасна:мојот дедо има дадено имот на користење некаде 60 те год на некој човек без документи ,без ништо.подоцна дедоми умира и така до ден денес таа земја ја работи фамилијата од тој човек.во бивша Југославија имало закон според кој ако некој користи имот мислам 10-20 години тогаш тој преминува во негова сопственост.прашањето ми е :дали таков закон постои сега во Македонија.уште еднаш благодарам
24.09.2009, 22:13
mami
8680
еее ова е сосема нов случај..ајде утре прво нешто сабајле ке го прашам правникот за ова и ке ти пишам
25.09.2009, 10:00
mami
8680
Бисер- постои таков закон, но бидејки немате документи дека е дадена на користење, да си поведете вие постапка за утврдување на право на сопственост и да видите дали ке можете да си ја вратите назад.
25.09.2009, 10:02
Палешка РР
7505
ИЗВОРНА ПОРАКА: mami
Ако вработениот сам си даде отказ на местото тоа е негов проблем и после може кога сака и каде сака да се вработи...
Фала мами. Се надевам дека нема некој закон допрва да ме спречи во намерата.
_____________________________
When I'm good, I'm very good, but when I'm bad, I'm better.
25.09.2009, 10:24
mother 29
4405
paleska,ti se resi?ke dades otkaz ili?zasto?
25.09.2009, 11:24
biser
37
фала mami,поздрав до тебе и правникот
28.10.2009, 11:14
beki RR
511
Здраво мами,имам една мака, па ме упатија рингерајки да се обратам кај тебе. Дали кај нас постои некаков закон со кој е регулирано како да се организираат средби и различни активности од областа на алтернативната медицина? Имам пишувано на рр за еден нов метод на рехабилитација за деца со церебрална парализа и други проблеми од невролошка природа, и сега ги договараме луѓето да дојдат тука и да одржат предавање и обука.За обуката ќе платиме.Не знам дали од некаде треба да барам некаква дозвола за настанот.Инаку АБР Белгија работи на истиот принцип Во Австрија, Италија, Грција...(како што би било кај нас , се формира група и полсе тие ги посетуваат пациентите наместо пациентите да одат во Белгија). Не сакам да си имам проблеми и со законот, доста ми се тие шо ги има со судбината. Голем поздрав до тебе.
28.10.2009, 11:28
mami
8680
знам Беки, што сакаш да направиш, читам редовно и драго ми е што ке може и таква шанса да им се даде на малечките...ке го распрашам сега убаво правникот па ке пишам
28.10.2009, 11:39
mami
8680
еве сега само што зборев. Значи прашање е како ке се изрегулира нивниот престој овде? Да ги прашаш на кој принцип одат во другите земји- значи во однос на визата? ке дојдат како приватна посета или како? Најубаво со нив да зборуваш да ти кажат како го регулирале тоа во другите земји
а инаку не кршиш ти никаков закон ако си оформиш група, си викнеш лекар за да работи со нив...Не и бараш пари на државата, не кршиш закони, не правиш бељи некакви. Значи слободно можеш, без никакви известувања и дописи и пријавувања. Во овој случај најглавно прашање е како ке се изрегулира нивниот престој овде. прашај ги како правеле во другите земји. Ако доаѓаат со деловна посета ке треба мноооогу процедура, а ако доаѓаат во приватна посета ке треба само покана да им испратиш и да дојдат како твои гости.
28.10.2009, 11:41
mother 29
4405
за нашиот интернет правник!
28.10.2009, 11:53
mis.
3845
Еве едно прашање до правникот и од мене. Имотот на родителите кој не е препишан после нивната смрт рамноправно се дели на нивните деца(поправете ме ако грешам)Што ќе се случи ако еден од нивните деца почине пред да се подели имотот?Дали децата на починатото дете(всушност внуците)имаа право на дел како второ колено или имотот се дели само на живи деца?
28.10.2009, 14:51
mami
8680
Мис- имотот се дели на наследниците- почнува со прво колено- ако на пример едниот од двата брака е починат тогаш децата негови имаат право на дел, со тоа што имотот се дели на два еднакви дела а после потомците на починатиот си ја делат таа половина на делови колку им треба