cookie-img

Веб-страницата користи колачиња

за да обезбедиме он-лајн сервис, анализа на користење, системи за рекламирање и функционалности нема да можеме без употреба на колачиња. Со континуираното користење на страницата, се согласувате со колачињата.

writing-img

Соларни панели за греење на вода

clock-img

16.05.2013, 17:42

clock-img

Pepelaska *

pencil-img

3820

Инвестиција која се исплати или не?
Македонија е земја на сончеви денови, иако деновиве зафркава времево.
Ние ставивме пред две години еден панел, не фати околу 1200 евра, на лето бојлер не се пушта има вода за сите 3 по два пати да се истушираме плус да измијам садови, исперам нешто.Исто и пролетни и есенски денови кога има сонце а исто така и на зима само нормално помалку се топли.
Ние уште не знаеме колкава сметка ке дојде на лето но комшиите ми кажаа дека повеќе од 1000 денари не им иде,значи колку толку се исплати.

Сметате ли дека ова треба да се примени и во државните институции особено болниците и градинките, со што би се заштедило на сметки за струја па со тоа би се заштедило на државен буџет па да има нешто добро за сите? Или јас сум во заблуда?


< Поракaта ја уредил Pepelaska RR -- 16.5.2013 17:43:26 >


_____________________________

Жената која мисли дека е интелигентна се бори за еднакви права со мажот. Жената која е интелигентна не го прави тоа !

clock-img

16.05.2013, 20:55

clock-img

Malecka23

pencil-img

1175

investicija sto mn se isplati posebno letno vreme.Nie imame i da ti kazam preku leto ziv spas taa voda ja koristime i vo kujna i kupatilo.a smetki za struja ni doagaat smesni nekade 1000-1500 so vklucena klima.a vaka mesecno ni odat po 3000-5000 zavisi neli od vremeto kolku e ladno nadvor.taka da od iskustvo jas za.edimstveno nesto e negativno da kazam e navecer neli koga paga t i vodata normalno se ladi ama do kaj polnok sekako ako ne apla topla ima mlaka taman za tusiranje

a za gradinkite da bi mozelo da se napravi no sepak mal broj deca idat letno vreme vo gradinka a da bideme realni preku zimo kolku i panelki da stavas ne moze da go zadovoli kapacitetot na potrebna voda za toa da se izvede treba da se napravi dobra stragija i normalno dobra investicija

< Поракaта ја уредил Malecka23 -- 16.5.2013 20:59:55 >

clock-img

16.05.2013, 23:47

clock-img

Fiao

pencil-img

771

Ние сме на сериозна мисла да ставиме, ама најверојатно тоа ќе биде догодина поради финансиски трошоци. Како и да во секој случај верувам дека е исплатливо, а баш би било убаво да пишат и други луѓе што имаат искуство.

clock-img

16.05.2013, 23:53

clock-img

Pepelaska *

pencil-img

3820

Може и за субвенции да аплицирате и секако некоја врска да си фатите,ние ја утнавме годината не даваа па се од џеб.
Ама се исплаќа.

_____________________________

Жената која мисли дека е интелигентна се бори за еднакви права со мажот. Жената која е интелигентна не го прави тоа !

clock-img

16.05.2013, 23:57

clock-img

Cipi Ripi

pencil-img

1010

Ние пред два месеци ја разглабавме оваа тема, свекрва ми запна да ставиме и да се пријави за субвенции. Мислам дека враќаат околу 300 евра максимум(не ми текнува точно)
На крај се откажавме од оваа идеја, на мм баш и не му се допаѓаше за колку време би ги вратиле парите од оваа инвестиција, нас ни се чинеше неисплатливо.

clock-img

17.05.2013, 09:29

clock-img

niki

pencil-img

4299

solarnite paneli za greenje voda se mnogu rasprostraneti vo Grcija, nie dosega vo site stanovi vo koi sme ziveele sme imale, nikogas ne sme postavuvale sami pa za isplatlivost od toj aspekt ne mozam da zboruvam, no veruvam deka dolgorocno e isplatlivo, bar za ovoj ovde standard
nie vo prolet, leto i esen stedime struja na ovoj nacin, nemame potreba da vklucuvame bojler na struja voopsto, temperaturata na vodata e visoka (po slobodna procenka do 60 stepeni zavisno od periodot vo godinata) i potrebno e razladuvanje
e sega od moe iskustvo tesko deka vo zima ke imate dovolno topla voda na ovoj nacin ako nemate moznost soncevata energija koja se sobira vo leto da se akomulira
iako ovde e mnogo poblaga klimata od Mk, skoro nikogas ne paga pod 0 stepeni, preku den se dvizi pomegu 10-18 stepeni dovolni se nekolku casa po paganjeto na sonceto da se izladi toplata voda, a vo oblacni denovi ne moze da dostigne temperatura za banjanje

_____________________________

Sometimes two people have to fall apart to realise how much they need to fall back together

clock-img

17.05.2013, 09:40

clock-img

anaana

pencil-img

1126

i nie sakame za kaj majka mi da stavame. pa bev jas da se rasprasam za toa subvenciite. oni ti vrakaat 30% od sumata koja si ja platil, no najmnogu do 300e
i toa ne davaat ne sekoj. ti si apliciras i posle ima javno izvlekuvanje, kako lotarija kade treba da se prisutni site koi aplicirale. i da receme deka godinava se odvoeni 100 000 denari za subvencii. i se vlecat onolku aplikacii za da se potrosat parite. taka mi objasnija vo min.za ekonomija

i jas mislev deka odi so vrski pa oditov so eden sto se znae so lugjeto tamu. ama eve vaka mi objasnija.
nie ke stavame sekako ama izgleda ke go promasime rokot za prijavuvanje. nekako majka mi ne e potegliva :))))

clock-img

30.11.2014, 20:33

clock-img

scared RR

pencil-img

1349

Ние имаме соларен болјер , и се додека грее сонце топла вода имаме. Супер инвестиција и се исплати, нас не чинеше околу 18.000 со тоа што мм сам си го монтираше, инакуза монтажа бараат и до 100 евра user posted image

clock-img

30.11.2014, 23:52

clock-img

caciana

pencil-img

863

Solarnite paneli se blagoslov,bukvalno,non stop imame tools voda.Vo leto duri Ne mozeme DA ja istrosime.Sega preku parnoto mi Se gree boljerot,taka vodata za kapenje ni e gratis topla cela godina.

clock-img

07.03.2015, 14:22

clock-img

Felly RR

pencil-img

7977

Размислуваме за оваа опција, па сите искуства се одбреодјдени.

Ова се и некои информации што ги најдов на термосистем.цом.мк

Што претставуваат соларни системи?

Соларни системи овозможуваат квалитетно и сигурно искористување на еден од најголемите бесплатни извори на енергија со помош на соларни колектори кои ја апсорбираат енергијата од Сонцето односно сончевите зраци и со помош на таа енергија ја загреваат водата која се користи како санитарна топла вода или за догревање на водата за централно греење. Овој систем овозможува загревање на 80% од водата која е потребна за едено домаќинство. Со помош на соларни системи или соларни колектори постои можност и за загревање на водата во базените. Исто така во последниве години се развиваат и користат соларни системи за производство на електрична енергија односно фотоволтаични системи.

Соларни системи за производство на топла вода се состојат од:

Соларни панели или соларни колектори кој најчесто се монтираат на кровот од куќата,
резервоар (бојлер) за складирање на топлата вода ,
инсталација од цевки низ кои поминува флуидот кој ја загрева санитарната вода која се користи во куќата и
пропратна опрема за сигурна и непречена работа на системот , кое е составена од циркулациона пумпа, соларен контролер , вентили , мерни инструменти итн Препорачано е опремата да биде наменета за соларни системи (не за греење) бидејќи е направена да може да издржи повисоки температури.

Со рационално користење на топлата вода, која се добива од овој систем нема потреба од догревање на бојлерот со дополнителна енергија во поголем број на месеци во годината. Недостаток се чувствува за време на зимските месеци поради слабото сончево влијание и тогаш мораме да ја догреваме водата во бојлерот со помош на електрична енергија.

Флуидот кој тече низ колекторот или системот не е вода, односно колекторите се исполнети со еколошки антифриз – гликол така што се овозможува системот да биде издржлив и на ниски температури во зимата. Со користењето на соларните системи се заштедува енергија и до 60% годишно.
Кои предуслови се потребни за оптимално искористување на соларни системи?

Покрај опремата која составен дел на соларниот систем битна е и географската местоположба. На пример, во Македонија според нејзината местоположба имаме 265 сончеви денови во годината и имаме сончево зрачење од околу 1400 KWh/m2. Тоа се одлични предуслови за што поголем развој на соларните системи кај нас.

Исто така важна е и ориентацијата кон половите на самите колектори. Препорачана е јужната или југозападната ориентација. Просторот е пожелно да биде визуелно чист кон сонцето, односно да нема сенка од друг објект или од дрва

Покрај тоа важен е и аголот на поставување на соларните колектори, во зависност од потребите на објектот. Најчесто се поставуваат на 45 степена за добивање на санитарна топла вода. Аголот може да варира и од 30 до 60 степени во зависност од потребите на објектот (топла вода или греење) во различен период во текот на годината .
Како да се избере или димензионира соларен систем?

Соларни системи се димензираат според потребите од топла вода на објектот или според потребите на жителите кои живеат во него. Постои и пресметка според потрошувачката на количината на топла вода. Се мисли на малку, средно или комфорно дневно количество на вода, односно од 40 до 60 литри по човек.

Кај нас во Македонија за едно четиричлено семејство најчесто се користи или најбаран е бојлерот со капацитет од 200 литри. Поради се поголемата апсорпција на новите генерации на соларни колектори се препорачуваат и бојлери со поголеми капацитети како 300 и 500 литри, за да ги примат и зачуваат топлинските добивки. Поголема количина на вода во бојлерот која е претходно загреана, потешко се лади и троши во облачните денови или пак кога немаме сонце.


_____________________________

Life isn't about waiting for the storm to pass, it's about learning to dance in the rain.

clock-img

09.03.2015, 13:18

clock-img

Hopeful RR

pencil-img

2349

Felly RR, ние имаме солар на цела зграда, кој е врзан за бојлерите и на лето редовно имаме топла вода. Многу е практично, и иако првобитната инсталација делува скапо, мислам дека се исплати. Доброто е што не мора да се замарам со тоа дали сум вклучила бојлер, дали некој ја истрошил водата и слично, и секогаш сме ок. Е сега ако се погоди некој од летните денови облачен, а мора да се бањаме, весело е user posted image Во секој случај јас би ставила пак.

_____________________________

Обиди 2,5 години
HSG, HSC, отстранет септум, IUI x4, IVF успешно :)
2015 user posted image user posted image

clock-img

09.03.2015, 13:32

clock-img

scared RR

pencil-img

1349

И ние имаме соларен панел, не кошташе некаде накај 17.000-18.000 ама без монтажа бидејќи мм и братучед му сами си го монтираа.Навистина исплатлива работа , топла вода имаме кога и да огрее сонце, секако летно време стигнува и до 90 степени топла вода, а сега вака зимно максимум до 45-6 ама 40 степени е доволна за бањање.

clock-img

19.03.2015, 09:57

clock-img

Hopeful RR

pencil-img

2349

Девојки, сакаме да ставиме посебен солар само за нашиот стан. Вчера гледавме во Меркур многу добри системи, и тоа по пристапни цени. Ни рекоа дека за нашето семејство доволен е 150л бојлер, кој како цел систем кошта 18.490 ден. Монтажа е плус, од 5-7000 ден, што исто не е страшно.

Бојлерот е иноксен, има гаранција од 5 години, а електрониката од 1 година. Доброто е што не работи само како систем што претвора сончева во топлинска енергија, туку светлосна во топлинска, што значи дека дури и во денови во кои нема сонце, а се ведри (кога не е лето), дека грее до кај 20-30 степени, што е супер.

Исто така, се изненадивме од фактот дека има и термостат и функционира и како класичен бојлер по потреба, односно во зима или кога ти треба повеќе вода, може да се вклучи да догрее. Па така, се мислиме ич да не ставаме класичен бојлер, ем ќе го растеретиме купатилото, ем ова поевтино доаѓа. Може да се спроведе и во кујна, па не треба ни мало бојлерче плус.

Дали некој има искуство со овие системи? Денес ќе го контактираме монтерот за да дојде и да види што како може да се спроведе, па ќе ви пишам пак.

_____________________________

Обиди 2,5 години
HSG, HSC, отстранет септум, IUI x4, IVF успешно :)
2015 user posted image user posted image

clock-img

19.03.2015, 11:00

clock-img

Felly RR

pencil-img

7977

Хоупфул, а за бојлер од 150 л ќе ставате еден панел, или два? Нас ни рекоа дека еден панел од еуротерм бил за 150 л, но реално не би задовлувал толку, туку до 120л. Но исто битно било и растојанието од панелот до бојлерот, ако е тоа помало, тогаш може да загрева и 150л. Ние бидејќи сме во куќа, а и страната баш од купатилото доаѓа во сенка од куќата до нас, ќе треба панелот да биде поставен на спротивната страна од купатилото, што значи ќе има поголема оддалеченост од панелот до бојлерот.
Да дополнам: Нас само бојлерот ни рекоа дека ќе кошта 23000 - 120л, од Парновод (ние се водат како најквалитетни) комбиниран соларен + со греач исто да ја догрева водата во денови кога нема доволно сонце, и + и ќе може да се приклучи и на парно. А за монтажа 8000 ден, но заедно со сите други пропратни елементи, ќе кошта многу повеќе.

< Поракaта ја уредил Felly RR -- 19.3.2015 11:07:01 >


_____________________________

Life isn't about waiting for the storm to pass, it's about learning to dance in the rain.

clock-img

19.03.2015, 11:09

clock-img

Hopeful RR

pencil-img

2349

Па како што ни објасни човекот, доволен е еден панел, а бојлерот е онаков иноксен што стои надвор, кај самиот панел, не доаѓа внатре во купатило. Затоа и не бендиса идејата, да не мора да ставаме бојлер плус во купатило, кој ќе работи на струја. А за растојанието, исто не праша, ама пошто сме најгоре, одма под кров, ни рече дека нема гајле. До купатило би се спровело со црево, така некако.
Инаку ова е систем на Power Sun, некои кинески солари, кои се покажале ептен добри кај нас, луѓе ги фалеле, па ете, сега се мислиме и ние. Мислам дека и 120л е доволно, ама ајде, нека биде малце поголем, за секој случај...

_____________________________

Обиди 2,5 години
HSG, HSC, отстранет септум, IUI x4, IVF успешно :)
2015 user posted image user posted image

clock-img

19.03.2015, 11:45

clock-img

Felly RR

pencil-img

7977

Е па тогаш е различно, ние ќе поставуваме, само панел, а во купатило комбиниран бојлер.

_____________________________

Life isn't about waiting for the storm to pass, it's about learning to dance in the rain.

clock-img

29.07.2015, 08:58

clock-img

Анет

pencil-img

2

Дали некој користи соларни колектори од Леов Компани. Или дали знаете дека Леов произведува соларни колектори.

clock-img

10.06.2016, 13:58

clock-img

Палешка РР

pencil-img

7505

Ние пред три месеци поставивме соларен систем за грење на вода со болјер од 170 литри и морам да ви кажам дека сум презадоволна и преродена. Башка сметката за струја се намали за минимум 1000 денари. Го плативме 24,000 со вклучена монтажа и не жалам, навистина се исплаќа. И во облачни денови има топла вода, малку само да ѕирне сонцето, таман е водата за туширање. Поврзавме и во кујна и рајат сум за сите пари. user posted image

_____________________________

When I'm good, I'm very good, but when I'm bad, I'm better.

Последни статии

article-img