за да обезбедиме он-лајн сервис, анализа на користење, системи за рекламирање и функционалности нема да можеме без употреба на колачиња. Со континуираното користење на страницата, се согласувате со колачињата.
Ајде рингерајовци помагајте. Вчера на НашаТВ со ќерка ми го начекавме оној цртан со онаа бела линија човече, која оди и пее баљум, баљум, баљум, баљум и зборува нешто неразбирливо. Сигурно знаете за што зборувам, тотално идиотски и ептен едноставен цртан филм, ама ќерка ми се уби од смеење и сега стално го бара да и го пуштам, а јас немам поим како да го најдам, а не му се ни сеќавам ни на името на цртаниот ако воопшто има име. И описов ми е стварно ептен разбирлив, ама се надевам некој ме разбира.
02.10.2009, 18:31
Еца
6692
се надевам дека вака ке ти биде малку од помос, онака не знам дали би ги нашла, но ако ги најдам ги имаш од мене подарок
When I'm good, I'm very good, but when I'm bad, I'm better.
02.10.2009, 20:13
niki
4299
Леле женски фала многу, најмногу на свет. Незнам зошто ама керка ми толку заразно му се смее на ликов, просто да не ти се верува. Го гледа и се смее ко да ја скокотка некој и неможе да се сопре. Толку ми е интересна, таа блее во цртаниот, а јас во неа. Се тркаламе од смеа заедно.....
02.10.2009, 21:54
Весна
771
Тоа е La Linea (италијански брбори :) ) го има и по ЦДтеки, па можеш да си го купиш. :) Блесав цртан.
02.10.2009, 22:00
Tanja K.
563
Crtanot e prekrasen,go ima pred biser tie sto prodavaat mnogu cedinja.Nie od kaj niv go imame kupeno.
03.10.2009, 00:54
Весна
771
еве да се потсетиме на цртаните од нашето време (ех, колку прекрасни цртани гледавме, ни даваа креативна и поучна мисла). Па мамички, ве молам, пуштете им ги на вашите дечиња овие цртанковци.