за да обезбедиме он-лајн сервис, анализа на користење, системи за рекламирање и функционалности нема да можеме без употреба на колачиња. Со континуираното користење на страницата, се согласувате со колачињата.
Пред неколу дена на вести слушам новиот градоначалник ќе ја вракал коцката на Плоштадот, не му се допаѓале плочкиве!!!Мене ме интересира дали тој градоначалник видел колку ненаправени улици има во градов, колку од нив иако демек „асвалтирани„ се поплавуваат на секој пороен дожд, и дали на нас сега ни дошло до повторно реновирање на Плочтадот , кога претходно нарачувавме Италијански плочки од незнам каков мермер.
да не ме сватите погрешно, апослутно не сум партиски определена, па сега ги ругам сегашниве што се на власт..сите се исти..само за себе гледаат..ама премн се иритирам...на се се мисли, само не на економијата и гладните кај нас
< Поракaта ја уредил Enika -- 16.12.2009 23:39:44 >
16.12.2009, 16:06
mis.
3845
Јас мислам дека коцките не требеа да бидат вадени а не сега повторно да ги враќаме Можеа малку да го дотерат а немаше потреба коцките да ги враќаат.Сакаа модерен плоштат а ние сме далеку од модерно.Е сега дупла работа и дупло фрлање пари за жабе.
16.12.2009, 16:11
arh_diz
7198
Od toa vadenje i stavanje na kocki nekoj prosperira i toa dobro. A zosto da ne koga moze ( sto bi rekle starite nasol ovci pa ke gi sisa) Nie Makedoncite sme mnogu miren narod . Ne sakame za nisto da vleguvame vo konflikti so glavnite. Eve da ja zememe sosedna Grcija kako primer tamu dokolku nesto ne mu e po merak na narodot vednas siot narod se kreva i vednas se donesuva resenie. Dodeka sedime i molcime nema nisto da dobieme. Ke imame samo se poveke siromasni
_____________________________
Биди тоа што си
16.12.2009, 21:23
loulou
28
kockite nikogas ne trebase da se vadat,plockive ic ne mi se svigaat posebno bojata nekako celiot plostad go pravi tmuren
16.12.2009, 21:26
Еца
6692
ИЗВОРНА ПОРАКА: loulou
kockite nikogas ne trebase da se vadat,plockive ic ne mi se svigaat posebno bojata nekako celiot plostad go pravi tmuren
Тоа е точно, но сепак никому не му дава за право сега пак да менува. Ајде утре некој трет ќе дојде ќе му свирне сијаличката ќе сака нешто десето и оп ајде сега пари за нов плоштад. Дефинитвно ова е излишна и непотребна работа, а за коњот да не правиме муабет, мислам...
_____________________________
Животот е убав за оние кои знаат да го живеат.
16.12.2009, 22:01
mami
8680
Значи поглупава работа неможеа да направат..па добро што им фали на оние плоѓтади кои со гооооодини наназад имаат исти плочки? или тоа ние мора сме во тренд па секоја мода нов Плоштад...што е следно?- коцки во боја?
17.12.2009, 09:32
profesorica
5709
дупла работа за џабе и само се фрлаат пари непотребно.
немам коментар-катастрофа сме.
п.с. колку дупки има по улиците место тоа да го направат они си играат играчки.
_____________________________
Има само едно најубаво дете на цел свет, и секоја мајка го има :))
17.12.2009, 09:33
arh_diz
7198
Sekoi 4 godini ke imame nov plostad pa i ne e taka loso
_____________________________
Биди тоа што си
17.12.2009, 09:42
bibi
124
се согласувам дека немаат попаметна работа да прават. Ги решивме сите проблеми во државава па ни дојде до нова коцка на плоштадот или како ќе си исперат уште пари
_____________________________
Бракот понесен од силите на љубовта станува полесен товар
17.12.2009, 11:23
Enika
1480
Јас ке апелирам улицата Сава Ковачевик во Кисела Вода да се прогласи за пристаниште за време на поројни дождови...и би го замолила градоначаникот да ни пушти кајчиња за да преживееме и да стигнеме некако до таа фамозна коцка
17.12.2009, 11:28
mother 29
4405
ако ги вади ,тоа ке биде најлошо инвестирани пари!и на кој грб..па нормално на народот!
17.12.2009, 12:08
mina_m
480
problem ne im se plockite ili kockite,ocigledno problem im se parite....sramota
17.12.2009, 13:07
ostoun
436
Ako sekako se vadat mermernite ploci zaradi fontanata zasto da ne se vratat starite kocki za koisto velat deka gi cuvaat mislam deka plostadot ke bide poavtenticen kako vo vremeto koga studirav vo Skopje sto poveke mi se dopagase.
17.12.2009, 13:19
penelopa
3419
ИЗВОРНА ПОРАКА: Enika
Пред неколу дена на вести слушам новиот градоначалник ќе ја вракал коцката на Плоштадот, не му се допаѓале плочкиве!!!
Pogolema glupost ne sum slušnala
_____________________________
"When planning for a year, plant corn. When planning for a decade, plant trees. When planning for life, train and educate people."- Kuan Tzu
18.12.2009, 15:46
bileg
10
nekoj ima visok pari izgleda
_____________________________
иван и јане се мојот живот
18.12.2009, 23:17
Боцко
806
многу пати имам кажано дека суетата ќе не убие нас во оваа македонија. само затоа што некој друг нешто направил, сега, за инает не ми се допаѓа и еве сега сум на позиција и ќе видат оние...се додека вака размислуваме, далеко е и велес ако одеш пеке, за европа да не праиме муабет. освен тоа, нека го погледнат плитичариве добро плоштадот за последен пат. кога ќе стават фонтана и онолкав споменик (чиј и да е) не знам каде ќе ги имаме сите тие прекрасни концерти, дочеци на нова година, па дури и вакви журки. или толку беќе од розевите очила, повеќе нема да ни треба зашто забавии ќе нема?! па барем да го послушаа трифун и споменикот да беше на тоше. музичар, легенда, хуманист па сите идни ѕвезди ќе требаа пред него да пеат...
_____________________________
Sometimes it is the people who no one imagines anything of, who do the things that no one can imagine.
Лелеее ја најдов темава од пред сто годони. И се чудам као останала не искоментирана, а од тогаш плоштадов сто пати ни се смени, хиихих просто да не веруваш дека за истиот збориме.
Е ајде, неисе, ајде да надокнадиме . Кажете како ви се допаѓа повеќе, стариот или новиов. Што мислите за новата фонтана-прскалка, или како да ја кажам?
_____________________________
НАУЧЕТЕ ГО ДЕТЕТО КАКО ДА РАЗМИСЛУВА, А НЕ ШТО ДА МИСЛИ!
17.06.2015, 12:43
LoveableMe RR
5035
Можам да кажам дека кога одам нагоре по прочитаниве постови од пред сто години, како ништо да не се променило и не ни доаѓа памет. Немам ништо против од реновирање доуредување, но ние со децении само со центарот се занимаваме и немаме попаметна работа од рушење и преуредување на центарот на градот. А сигурна сум дека улиците наведени погоре сеуште се со дупки, сеуште има проблем со дождови, има еден куп улици низ државава и градовиве кои плачат за поправки, но ете никако за нив да дојде ред. Дали е тоа нашиот македонски комплекс јас знам најдобро како да го уредам, што постојано се преуредува центарот или што е не знам, но ова мора да претстане и со децении никој да не го чепка центарот....искрено тоа го посакувам....
Мене ме уплаши последнава најава за градба на споменик/комплекс на Мајка Тереза, што доколку е вистина треба да ја затвори уличката кон плоштад, бидејќи наводно таму треба да се гради?????
< Поракaта ја уредил LoveableMe RR -- 17.6.2015 12:44:06 >
_____________________________
Обиди: 5,5 години 2 IUI, 3 IVF, HSC, 1 FET, 3 смрзнати Верувај во чуда!
17.06.2015, 13:14
princessa
1056
Веќе 2 години не сум стапнала на плоштад. Последниот пат беше градилиште се беше блокирано од градежни работи. Би сакала да го видам во живо и да видам на што личи. Вака ми изгледа убаво но ако се завртиш напред назад има што да се види, само статуи до статуи без некој логичен распоред, се на едно место и барок и партизани, револуционери . Се удавивме во барок а не ми е јасно која врска ја има Македонија со барокот. Тоа не е својствено за нашата земја, јесте за западна Европа ама ние? Убави работи се изнаградија ама и многу непотребни. Сум за промени ама се е со мера. Незнам зошто не почнат да ги разнесувааат статуите по градовите низ Македонија . Еве ова лето обавезно кога че си додјеме за Македонија одам на плоштад, сега децата малку пораснаа па можеме да ги оставиме со мм и малку да прошетаме по Скопје.
17.06.2015, 15:31
vezilka RR
4931
ИЗВОРНА ПОРАКА: princessa
ако се завртиш напред назад има што да се види, само статуи до статуи без некој логичен распоред, се на едно место и барок и партизани, револуционери .
Личи на шаховска табла, а сега со фонтанава, како да е дупната на средина и цури вода на среде. Шала на страна ама траги комичен ни е плоштадов, впрочем како и целава лакрдија со бароков. Веќе ми е страв кога ќе видам градилиште, оти си викам уште некоја грдосија и кич ќе ни никне во градов.
_____________________________
НАУЧЕТЕ ГО ДЕТЕТО КАКО ДА РАЗМИСЛУВА, А НЕ ШТО ДА МИСЛИ!