за да обезбедиме он-лајн сервис, анализа на користење, системи за рекламирање и функционалности нема да можеме без употреба на колачиња. Со континуираното користење на страницата, се согласувате со колачињата.
За оние што студирале во друг град, што беше вашиот избор - студенстски дом или стан/соба под кирија? А и ние кои студирале во сопствениот град, што сметате дека е подобар избор? Знаеме дека во студентските домови условите не се баш на завидно ниво, ама секоја година има голем број на студенти кои конкурираат, а еве оваа година дури 45 % со фалсификувани документи, како што прочитав на интернет. Не знам како е сега, ама додека јас студирав, баш добар бизнис се правеше со студентските легла, единствено студент од 4 година можеше да добие место во дом легално. Се надевам дека ова ќе се реши. Еве што пишува 24 вести:
„Министерството за образование ги засили контролите. Ќе се чешлаат и документите и директорите на студентските домови. Доколку под рака се обидат да дадат студентски кревет им се заканува отказ и високи парични казни.
За да стави ред во делењето на студенски соби, задолжително двапати годишно просветната инспекција ќе прави надзор во домовите и преку извештај ќе дава отчет пред Владата дали се почитувале новите законски решенија за студентски стандард, кои пред два дена добија зелено светло во собранието.“
30.08.2013, 22:28
mommy_angels RR
1543
живеев во стан,арно ам многу мои блиски беа во студентски и затоа ова што го прочитав слатко ме изнасмеа.А на кого тоа ќе прават контроли??? Сами на себе или...? На нивните партиски војничиња?! Сите знаеме како се добива соба во студенски и најљубезно ги замолуваме господата да не се однесуваат со нас како да сме малоумни,имаме колку-толку мозоче. Колку само има веќе завршени студенти ,а живеат по домовите за поефтино,ама нели си имаа правилна членска книшка