08.12.2009, 11:56
3845
- Третирајте ги вашите деца подеднакво кога се караат. Ако еднаш се обидете да дознаете кој е предизвикувач на кавгата, едното од нив секогаш ќе знае дека може да се извлече како жртва. Не заземајте ничија страна.
- Игнорирајте ги караниците до одредена степен. Многу често децата започнуваат со кавга за да им обрнете повеќе внимание. Ако нивната караница не е насилна, игнорирајте ја за кратко и тие ќе ја прекинат.
- Пофалете ги кога прават нешто заедно. Секогаш кога сложно прават нешто заедно, кажувајте им дека на таков начин треба да комуницираат секогаш. Посветете им повеќе внимание кога се однесуваат како што треба.
- Внимавајте на своето однесување. Доколку треба да си го повишите тонот со вашиот партнер, подобро е тоа да не го правите пред своите деца. Тие учат сè од вас.
- Разговарајте со нив за кавгите кога се мирни. Викањето веднаш после кавга најчесто не помага. Потребно е да разговарате со вашите деца откако ќе се смират. Прашајте ги да посочат други начини за решавање на нивните мали конфликти освен тепањето и бучните расправии.
- Не ги казнувајте. Ако ги казнувате вашите деца за мали кавги, тие ќе бидат поналутени. Казните даваат резултати само во краткорочен период. Навистина понекогаш казната не може да се избегне, но обидете се да не бидете премногу строги и казната да не се однесува само на едното дете.
- Избегнувајте игри кои се премногу натпреварувачки. Ако вашите деца се караат многу често, избегнувајте да им давате да играат игри кои се со натпреварувачки дух. Така ќе ги ограничите караниците.
- Внесете повеќе љубезност во вашето секојдневие. Секогаш кога ќе побарате од вашето дете да ви подаде нешто, започнете ја реченицата со „те молам“, а секогаш кога ќе ви даде нешто или направи нешто за вас кажете „благодарам“. Така ќе ги поттикнувате вашите деца да бидат пољубезни.
< Поракaта ја уредил Pepelaska RR -- 13.2.2013 19:26:44 >