cookie-img

Веб-страницата користи колачиња

за да обезбедиме он-лајн сервис, анализа на користење, системи за рекламирање и функционалности нема да можеме без употреба на колачиња. Со континуираното користење на страницата, се согласувате со колачињата.

writing-img

Техники за заштита од "манијаци"

clock-img

11.06.2013, 17:51

clock-img

Палешка РР

pencil-img

7505

Постојат неколку видови манијаци

Прв тип - безопасен, само гледа те манијачи и ништо не прави ..
Вториот тип е вербален напаѓач, човек кој ти дофрлува од улица или било каде
и третиот најопасен тип, тој што те напага физички, со допири и најстрашното - силување.


Дали често сретнувате вакви типови?
Како реагирате?
Како би се одбраниле ако сте физички нападнати?

clock-img

11.06.2013, 17:56

clock-img

Bethany

pencil-img

4534

Уфф user posted image

На првите не обрнувам внимание,
на вторите исто така, само поминувам
на третите... недај Боже да ми се случи, ама кога би го затрескала со сета сила, и со нокти во очите, уф не знам user posted image

clock-img

11.06.2013, 18:09

clock-img

Палешка РР

pencil-img

7505

Јас само првиот тип на манијак си го имам user posted image
Седи во другата улица и секогаш во 7,45 е на тераса...се пули леле мајко.
Упорен е и на сонце и на дожд и на снег.
Да менувам пат подалеку ми иди.

Е шо да му прам? user posted image

< Поракaта ја уредил Палешка РР -- 11.6.2013 18:10:23 >


_____________________________

When I'm good, I'm very good, but when I'm bad, I'm better.

clock-img

11.06.2013, 18:13

clock-img

niki

pencil-img

4299

prvite i vtorite gi ignoriram
so tretiot vid bi se borela so seta sila, bi vristela kolku me drzi glas za pomos, bi udirala so race noze i bi gledala nekako da mu se izmolknam od race i pobegnam
najdobra zastita mi e sepak sto navecer i po mesta somnitelni i temni gledam da ne se dvizam sama, izbegnuvam, ako sum sama togas sto pobrzo onamu kade ima golema frekfencija na luge


_____________________________

Sometimes two people have to fall apart to realise how much they need to fall back together

clock-img

11.06.2013, 20:41

clock-img

Martins mom

pencil-img

3342

Леле еднаш што ми се случи..Дури студирав, една вечер останав кај едни другарки да спремаме испит до полноќ.живееа близу до мојата зграда, така што немаше потреба некој да ме испрати. На патот кон дома ме пресретна човек со турнати пантолони и почна да трча по мене , а пенисот му се мафташе. Јас избезумена почнав да трчам и бегам, а тој почна да ми вика „еј, глупа женска, сите за к*р плачат, а оваа од к*р бега“user posted image user posted image Не знаев дали да плачам или да се смеамuser posted image

_____________________________

Никој не може да го осуди мојот избор, ниту моето мислење. Затоа што никој не ги пробал моите чувства, ниту моите болки.

clock-img

11.06.2013, 20:53

clock-img

Maca25

pencil-img

7558

Секој ден во автобус има по еден манијак од првиот тип. Не знам што им е филмот посабајлечки, јас бела мачка пред очи гледам а тие те зјапнале и те меркаат од глава до пети. Најчесто се постари чичковци, од кај 45 - 55 години. Најчесто гледам да ги изигнорирам, ама ако сум на лева нога станата знам и да ги укопам со поглед или да ги прашам некој проблем да не има.

_____________________________

To be a mother is to know how it feels to have your heart walk around outside your body...

clock-img

11.06.2013, 20:54

clock-img

caciana

pencil-img

863

игнорирамuser posted image

clock-img

11.06.2013, 21:02

clock-img

vezilka RR

pencil-img

4931

Ме вадат од кожа сите видови. Ми го нарушуваат мирот, ми го уништуваат денот. За моја среќа не сум се соочила со силувач. До скоро носев спреј во ташна оти често ми се случувало да се враќам во ниедно време сама. И Инаку факт е дека улиците во Скопје се небезбедни за жените.

Последни статии

article-img