за да обезбедиме он-лајн сервис, анализа на користење, системи за рекламирање и функционалности нема да можеме без употреба на колачиња. Со континуираното користење на страницата, се согласувате со колачињата.
Има ли денови кога прегледувате некои прастари фотографии и кога во рака ви доаѓа слика на некоја драга личност што сте ја изгубиле, и плачете, плачете.... Иако таа личност ви била се и знаете дека ве сакала најмногу на свет, секогаш била со вас, сега остануваат само споменити со неа зашто таа личност веќе некој период живее само во вашето срце и мисли... Отишла брзо и не ви дала време да сватите дека веќе никогаш повеќе нема да ја почуствувате топлината што таа ви ја даваше. Отишла а вие не сте успеале да и кажете дека ЈА САКАТЕ НАЈМНОГУ НА ЦЕЛ СВЕТ
Ве повлекува ли минатото понекогаш? Имате ли некој после кого е останата прегратка на тага без збoрови, некој на кого сте имале толку многу да му кажете, а не сте стигнале, зашто животот ве изиграл?
< Поракaта ја уредил Julie -- 24.4.2009 10:25:06 >
_____________________________
And this is my beautiful life ...
24.04.2009, 10:33
mami
8680
lele kaj ti tekna sega volku tazna tema...jas si imam edno nesto sto nikogas nema da si go prostam- dedo mi pocina edna nedela pred mojata svadba, i ne mi dadoa nitu da otidam na pogreb, nitu da ja otkazam svadbata i dodeka ne pomina edna godina ne mi dadoa da se priblizam do grobista i segasi cuvstvuvam nekoja vina, taga, mi nedostiga, ne uspeav da si se pozdravam so nego, zgora na se i svadba pravev...eh da mozam da go vratam vremeto
24.04.2009, 10:52
Katuska
150
Леле се наежив...Немој да чувствуваш вина сигурна сум дека и дедоти не би сакал да ја откажеш свадбата...Битно е тоа дека ти е во срцето и мислите и верувај дека не си направила ништо лошо, едноставно така требало да биде..поздравче
24.04.2009, 10:56
mami
8680
fala na utehata katushka...macno e epten, ama toa e life goes on...znam deka ne sakal, ama znaes ona glupavo cuvstvo na vina sto si go nosime...toa jade od vnatre, aj belki so tek na vreme ke se namali
24.04.2009, 11:01
Julie1
2354
Иако бев малечка кога почина дедо ми, како во сон сеуште се сеќавам на неговиот топол и мил поглед. Кога ќе добиев 5 на училиште мајка ми често знаеше да рече, ах да беше жив дедо ти ќе се радуваше како мало дете. Секогаш бил горд кога на родителска ќе му ги кажеле добрите оценки на мајка ми и сестрите и велел јас сум најбогат на цел свет со вакви ќерки. Остануваат само прераскажувањата на мајка ми и ситните нешта на кои се сеќавам... Често посакувам да го почуствувам тој мил и топол поглед барем за миг и да му кажам дека ГО САКАМ НАЈМНОГУ НА СВЕТ....
_____________________________
And this is my beautiful life ...
24.04.2009, 11:08
Еца
6692
Што да кажам освен дека сите ние во срцето некаде сокриено имаме дел исполнет со тага и желба дека некому нешто е недоречено...Никогаш немав прилика да го запознаам лично Тоше Проевски,никогаш не си ги кубев косите по него како што имаше девојчиња,но секогаш имав желба да го запознаам и да му кажам дека има мила ѕвезда но не успеав...Затоа во секоја прилика и секаде го спомнувам зошто е една мила ѕвезда која секоја вечер сјае на небото.
_____________________________
Животот е убав за оние кои знаат да го живеат.
24.04.2009, 11:13
mami
8680
toshe bese poseben, ednas bev na koncert i si pominav najprekrasno na svet, imase harizma nevidena, duri od sto go slusav postojano dodeka bev bremena, Luka sega se vrti na negovite pesni koga ke gi cue :)
24.04.2009, 11:51
Julie1
2354
Како Тоше немаше и нема да има... Ги сакаше многу децата и им помагаше, се радуваше на секој миг со семејството, сакаше да биде родител еден ден.... Се согласуваме дека и сите деца го сакаа него, многу дечиња единствено со музиката на Тоше се смируваат од плачот кога ќе слушнат негова песна... Би можеле во иднина ние како Рингераја семејство да направиме нешто за нашиот Тоше, една почит кон него... еве ке отворам тема нова за Тоше на Рингераја, па може и добри идеи ќе дојдат како на некој начин Рингераја да му се оддолжи на Тоше за тоа што тој го правеше за нас...
_____________________________
And this is my beautiful life ...
19.06.2009, 15:07
mami
8680
за некои луѓе едноставно несакам да поверувам дека ги нема веќе, се си мислам дека кај и да е ке се појават од некоја страна, дека сето тоа плачење и тажење по нив било ссамо грд сон...
19.06.2009, 15:45
Боцко
806
токму за да немам вакви моменти во животот, на сите драги луѓе се обидувам да им кажам и покажам дека ги сакам. тешко ми е без некои луѓе, односно моите две баби кои ги знаев добро. дедовците за жал беа починати пред да се родам. понекогаш ми е криво што поради тие обичаи и бабини деветини и пазење на погреб да не „направиш грешка“ често не успеваш милиот човек да си го испратиш онака како што би сакал. ако животот и смртта се надополнуваат, ако после смртта има живот, тогаш зошто да не се оди на погреби, гробишта итн. сето тоа е толку 1 природен процес.
_____________________________
Sometimes it is the people who no one imagines anything of, who do the things that no one can imagine.
19.06.2009, 16:03
katence
222
Jas mislam sekoj si ima po nekoj takov moment ponekogas. Jas imam nekolku dragi luge sto si zaminaa i poradi tie obicai sto BadBaby gi napomena nemav sansa da si se pozdravam za posleden pat i sega koga ke pomislam i zaplacam kolku bi sakala da go vratam vremeto nazad.
19.06.2009, 16:21
Палешка РР
7505
Татко ми знаеше колку го сакам, беше во состојба да направи се за мене, а и јас за него. Ми беше најголемата поткрепа во животот, советник во тешките мигови, со него ги делев моментите на најголемите радости. Сега не е тука, но верувам дека однекаде ме гледа дека сум среќна... И мислам дека не е случајно...Неговата неверојатна енергија не умре...знам !
_____________________________
When I'm good, I'm very good, but when I'm bad, I'm better.
19.06.2009, 20:42
mami
8680
ах тие обичаи колку ги мразам...да не може човек на раат да си се исплаче и зошто, зошто била трудна или незнам што, па баш затоа што не ме пуштија да си се поздравамј ас се нервирав многу повеќе отколку што ке се нервирав да бев таму...
15.07.2009, 14:52
mami
8680
Никогаш не те запознав а го носам твоето име, знам се за тебе и твојот живот, од мала слушав за се она низ што си поминала и колку бил тежок твојот живот..имам само две фотографии од тебе а се чувствувам како да те знам, како постојано да си со мене, да го следиш секој мој чекор. И знам дека ме гледаш од горе некаде и знам дека гледаш како расте Лука и дека не чуваш...не те запознав а ми недостигаш ужасно што не си тука...мислам на тебе секој ден
30.07.2009, 21:59
Mama20
3
Растев во фамилија во која дедо ми беше држечкиот столб. Беше одличен адвокат, и буквално се што сакаше во животот беше некој да го наследи. Мајка ми и тетка ми не завршија факултет, единствено јас завршив правен и почнав да работам во неговата канцеларија. Бевме на судење, се вративме во 19 часот, и утрото ми јави мајка ми во 04 часот дека починал. Инфаркт. Немаше никаков проблем со здравјето. Не можам да поверувам дека го нема, ама знам дека е тука некаде до мене и ми е движечка сила. Го испратив до неговиот вечен дом и му ветив дека ќе бидам неговата гордост.
31.07.2009, 07:54
mami
8680
07.08.2009, 01:15
Лејди
187
Колку тажни постови
Можеби за некого ќе биде глупаво и смешно ова што сега ќе го напишам. Ама морам бидејќи чувствувам дека треба да го пишам. Мене ужасно многу ми недостига мојот миленик. Чував куче 11 години (пола мој живот) Откако знам за себе знам и за неа.. Воопшто дома не беше третирана како животно, таа беше член на нашето семејство. Смртта нејзина страшно многу ме погоди. Никогаш нема да ја заборавам, премногу ми недостига што незнам како да си помогнам кога ќе почувствувам болка во градите секојпат кога ќе помислам на неа.
За првпат чувствувам ваква поврзаност меѓу човек-животно. Поради тоа се чувствувам богата затоа што ретко кој знае за оваа љубов.
Незнаете колку е сиромав оној кој не ја доживеал оваа љубов.
07.08.2009, 02:03
nadica
4381
kade vi tekna taznava tema tose proeski e edna licnost koja mnogu mi nedostiga imav cest da se sretneme nekolku pati i znam deka ke pomine mnogu vreme za da se pomiram so toa deka go nema sekogas koga ke cuam negova pesna solzi mi naviraat na ocite mnogu zalam sto ne bev na posledniot negov koncert
07.08.2009, 08:29
mami
8680
Прости ми што не дојдов да те испратам, што не те видов тој последен пат...секогаш ке бидеш со мене и Лука
07.08.2009, 10:44
Tanja K.
563
Mnogu,mnogu,ama stvarno mnogu mi nedostiga mojot tatko.Nekoj pat koga si placam ,toa e za nego.Vo ovie momenti mnogu mi fali.A posle koga ke se porodam i koga ke si dojdam,mislam deka togas ke mi bide najtesko.Bidejki toj bese i prv sto dozna i prv sto dojde koga se rodi Ena.A sega???
07.08.2009, 10:49
Палешка РР
7505
Tanja, ме расплака. И јас многу често плачам за татко ми, ми недостасува и ми треба. Тој прв го држеше Марио в раце, а сега го нема да му кажам дека сум бремена.
_____________________________
When I'm good, I'm very good, but when I'm bad, I'm better.
07.08.2009, 11:06
mami
8680
гледам дека на сите ни треба...
01.09.2009, 14:45
mami
8680
ми недостигаш...те гушкам силно, каде и да си
10.09.2009, 11:00
mami
8680
денес ти е роденден...се секавам на нервозната насмевка кога во болница ти носевме торта и на среката на твоето лице кога им кажуваше на сестрите дека се сетиле на твојот роденден и сите ги частеше со парче торта...А денес? кому денес да однесам торта?нема кој да се насмее...мислам на тебе
18.09.2009, 13:39
Палешка РР
7505
........ дека страшно ми недостасуваш. Само еден разговор со тебе знаеше да ми даде сила за следните десет години. Сеуште тешко доаѓам до вистинските одлуки без тебе, тато.
_____________________________
When I'm good, I'm very good, but when I'm bad, I'm better.