cookie-img

Веб-страницата користи колачиња

за да обезбедиме он-лајн сервис, анализа на користење, системи за рекламирање и функционалности нема да можеме без употреба на колачиња. Со континуираното користење на страницата, се согласувате со колачињата.

writing-img

Тропско овошје

  
clock-img

05.02.2010, 23:03

clock-img

Матеа

pencil-img

180

Оваа тема ја отварам за да ве прашам колку често им давате на вашите деца тропско овошје.
Јас пред некој ден на Матеа и дадов авокадо и да ви кажам дека делува многу лаксативно. Авокадото изобилува со витамини и мене многу ми се допаѓа и на вкус ама пробемот се јави вечерта кога најверојатно од авокадото беше и се поду стомачето па си имавме мала журка user posted image Дали некој имал сличен проблем?

clock-img

06.02.2010, 12:39

clock-img

BILJANA_G

pencil-img

491

I imam dadeno mango,papaja,ananas i eve imam doma kokos uste ne sme go probale.Ne e mnogu golem ljubitel na ova ovosje ama ke go proba pomalku,a jas mmmm go obozavam i sakam site vidovi da gi probam.

clock-img

06.02.2010, 13:40

clock-img

Anushka

pencil-img

1392

воопшто не форсирам овошје кое не е од оваа почва. Мислам дека ако моите деца требало да јадат авокадо, ананас, манго и сл., би биле родени во Африка или Индија, а не Европа. Сепак, им давам повремено киви, грејп, банана, портокал, лимон.
Што им недостига на овошјата што никнат на македонско тло:
јаболка, круша, тиква, лубеница, калинка, капина, рибизла, диња, мушмула, дуња, боровинка, слива, кајсија, смоква, праска, дудинка, шипка, јагода, грозје...

clock-img

06.02.2010, 19:00

clock-img

ripce

pencil-img

2148

ИЗВОРНА ПОРАКА: Anushka

воопшто не форсирам овошје кое не е од оваа почва. Мислам дека ако моите деца требало да јадат авокадо, ананас, манго и сл., би биле родени во Африка или Индија, а не Европа. Сепак, им давам повремено киви, грејп, банана, портокал, лимон.
Што им недостига на овошјата што никнат на македонско тло:
јаболка, круша, тиква, лубеница, калинка, капина, рибизла, диња, мушмула, дуња, боровинка, слива, кајсија, смоква, праска, дудинка, шипка, јагода, грозје...



се сложувам со тебе Анушка... и јас не му форсирам тропско овошје... најчесто јаде банана, од цитрусите (портокал, лимон, мандарина) само цедени и помешани со друго сокче и толку... како би му дала манго, папаја, ананас, за кои ни знам каде, ни како се растениuser posted image Си јаде јаболка, круша, слива, праска, кајсија...


_____________________________

"Кога сте мајка никогаш не сте сами во своите мисли. Мајката секогаш мора да мисли два пати, еднаш за себе и еднаш за своите деца."

clock-img

06.02.2010, 19:25

clock-img

mother 29

pencil-img

4405

Јас на моето му давам урми и многу ги сака..

clock-img

06.02.2010, 19:59

clock-img

Тивко

pencil-img

27

Давај те му Тиква не Банани user posted image

clock-img

06.02.2010, 21:44

clock-img

Матеа

pencil-img

180

А од каде се дојдени бананите, цитрусното овошје и друго? „Типично локално“ овошје, зар не? Да не се растени во Прилеп?
Мамички ќе ми извините ама темава не сте ја разбрале убаво најверојатно. Јас прашувам дали и какво искуство сте имале со вакво овошје а не каде расти и како расти и што се му фали на македонското овошје. Моево дете е родено во Шпанија и сега според вас јас да не треба да набавувам овошје од Македонијаuser posted image user posted image user posted image
Применувањето на храна од други земји и континенти па и Африка да е се вика проширување на видиците и претставува дел од светската култура.
Има една направа која се вика амут која има се става на коњите за да гледаат само право, и да јадат само зоб и слама. Неприфаќањето на ништо друго освен локалното е исто како да имаш амут на очите, и да одиш само право водејќи те некој друг.

< Поракaта ја уредил Матеа -- 6.2.2010 21:55:01 >

clock-img

06.02.2010, 21:50

clock-img

BEBICA

pencil-img

2014

Jas na Monika i imam dadeno od tropsko ovosje samo babana ne znam dali da i dadam kivi nekoi mi rekoa ne poradi alergijauser posted image user posted image
Smo mislite vie?
A od naseo podnebje ima probano se.


_____________________________

Дајте и на жена десет добри совети, таа ќе го следи само еднинаесеттиот - својот.

clock-img

06.02.2010, 21:52

clock-img

BEBICA

pencil-img

2014

A zaboraviv i portokali imandarini jade.user posted image user posted image user posted image Mnogu sum zaboravena lele.

_____________________________

Дајте и на жена десет добри совети, таа ќе го следи само еднинаесеттиот - својот.

clock-img

06.02.2010, 21:55

clock-img

mother 29

pencil-img

4405

јас на Марко му давам киви од годината,и немаме проблеми,дека имааме во дворот киви  ,наши и еколошки ептен го форсирам со киви!сега не зорле да му бутам,ама обавезно има на мени ако е расположен за малку киселкооооооо.обично му ги давам тие што се ептен созреани па и не се толку кисели.
инаку Бебице јас не глаедам зашто да не пробаш со киви,дај и едно парче за почеток па ке видиш како ке одат работитеuser posted image

clock-img

06.02.2010, 22:02

clock-img

melody

pencil-img

743

Pazete so kivito pravi meka stolica.Inaku jas sakam avokado da i dadam na kerka mi pa se mislam kako ke mi go prifatiuser posted image Moze ke go pomesam so banana vidov edna moja prijatelka tuka na maliot mu davase taka ama toj i se mrstese i na krajot bananata bese izedena ,a avokadoto frlenouser posted image

clock-img

06.02.2010, 22:06

clock-img

Maca25

pencil-img

7558

Бебица,а зошто не и даваш банана??
Јас мислам дека почнав со банана, од овошјето. Ако се претера може да створи тврда столица инаку е многу хранлива. Место леб, банана. user posted image
Нина од овошје јаде се што сум и дала до сега: сливи, круши, јаболка, кајсии (само како компот), мандарини, грејп, цитрони обожава, банани... не сум пробала манго и авокадо но сигурно пролетва ќе проба.


_____________________________

To be a mother is to know how it feels to have your heart walk around outside your body...

clock-img

06.02.2010, 22:06

clock-img

BEBICA

pencil-img

2014

Fala mother za sovetot.Ke probam ne sum probala se poradi kao alergija stvara no Moni e golemka 16 meseci neli.Nekoi pa duri ni jagodi ni malini ni kapini do 2 godini ne davaat toa malku mi e preterano.Mozebi gresam.No so kivi ke probame, jas gi obozavam a ti sto vikas onie bas zrelite pa se i slatki jas bi i napravila ovosen jogurt ednas za mene si napraviv milina mnooogu e ubav.

_____________________________

Дајте и на жена десет добри совети, таа ќе го следи само еднинаесеттиот - својот.

clock-img

06.02.2010, 22:07

clock-img

BEBICA

pencil-img

2014

maca pogresno si me razbralauser posted image user posted image user posted image gore imam pisano deka od tropsko ovosje i imam dadeno samo banana pa posle mi tekna za portokalite mandarinite.
Za kivito ne znaev.
Inaku banani jadeee


_____________________________

Дајте и на жена десет добри совети, таа ќе го следи само еднинаесеттиот - својот.

clock-img

06.02.2010, 22:25

clock-img

Maca25

pencil-img

7558

Погрешно сум прочитала. Се чудам зашто бамананка (како што ја вика нина) не јаде моника?!?!user posted image

_____________________________

To be a mother is to know how it feels to have your heart walk around outside your body...

clock-img

06.02.2010, 22:39

clock-img

BEBICA

pencil-img

2014

Ma jade zlato i toa so malku zapcinja kolku gi ima si ja jade poleka.najsmesna mi e so mandarinite ili posrtokal koga jade em e kiselko em jade i pravi nekoi faci mnogu e smesna.
Abe kako i sekoe detence.user posted image user posted image user posted image


_____________________________

Дајте и на жена десет добри совети, таа ќе го следи само еднинаесеттиот - својот.

clock-img

08.02.2010, 18:31

clock-img

Матеа

pencil-img

180

АВОКАДО
Корисно е за артериите, го намалува холес-теролот, ги шири крвните садови. Содржи мононезаситена олеинска киселина, која со своето антиоксидативно дејство ја намалуватоксичноста на штетнилт ЛДЛ холестерол кој ги уништува артериите. Авокадото е еден од најбогатите извори на глутатион, силен антиоксидант за кој докажано е дека блокира триесет различни анцерогени материи и вирусот на сидата.

АНАНАС
Делува противвоспалително, а исто така, содржи бромелин кој има антиинфламаторно дејство. Ананасот помага при варењето на храната, придонесува за растворање на тром-бовите и корисен е против остеопорозата и спречување на скршеници на коските, бидејќн, содржи манган. Делува и антибактериски и антивирусно, како и естрогенски.

ПРАСКА
Праските се вбројуваат во редот на најхранливите и биолошки нај-вредните овошја, а се јадат свежи или преработени во вид на сок, компот, џем, мармалад. Содржат многу овошен шеќер, каротин, односно витамин А, витамини од Б групата и витамин Ц. Од минер-алните состојки најмногу содржат калиум, калциум, железо и фосфор.
Цветовите и листовите од праската, во вид на чаеви, исто така, имаат лековити својства: дејствуваат смирувачки, но и пургативно поечистително; го забрзуваат мокрењето и се користат во случај на болести на бубрезите, камен во мочните канали и при воспаление на бешиката.
Најдобра хранлива, биолошка и здравствена вредност имаат свежите и зрели плодови, па е добро да се јадат многу. За да се лупат полесно при подготвување на овошни салати, добро е праските да се стават во жешка вода околу 30 секудни, потоа да се потопат во студена вода, тогаш коричката мошне лесно ќе се излупи. За да се спречи потемнување на исечените праски, би требало да се прават со парчиња од портокал, цитрони или мандарини кои, поради изобилството лимонска киселина го спречуваат попотемнувањето на праските.

БАНАНА
Го смирува желудникот и помага при лошо варење. Ја зголемува :
отпорноста на слузокожата на желудникот и го спречува форми-рањето чир. Исто така има и антибактериско дејство.

< Поракaта ја уредил Матеа -- 8.2.2010 18:44:52 >

clock-img

08.02.2010, 18:32

clock-img

Матеа

pencil-img

180

Киви за појадок = имунитет
Од сите видови свежо овошје, кивито е најбогато со минерали кои се неопходни за одржување на функциите на нервниот систем (магнезиум, калциум, фосфор и железо).

ЗАНИМЛИВОСТИ:
Крстено е од птицата киви
Кивито изворно потекнува од Нов Зеланд, а наречено е по птицата која живее во тие краеви. Денес се одгледува и на Медитеранот, Јужна Африка и во Америка.

Кивито најдобро е да се јаде свежо, особено во зима и во што поголемо количество. Го намалува холестеролот, ги неутрализира слободните радикали, ги зголемува одбранбените способности на организмот и помага при елиминација на токсини од организмот.

ОГРОМНО КОЛИЧЕСТВО ВИТАМИН Ц
Кивито спаѓа во најздравите овошја. Тоа е одличен избор на овошје за идните мајки бидејќи витамините од Б-групата помагаат во правиониот развој на фетусот. Значаен извор е на калиум, кој го регулира крвниот притисок, а богат е со фолна киселина, која помага во синтезата на протеините. Супстанцијата лутеин, го штити видот. Кивито има урамнотежен однос на сите хранливи состојки и е со многу мала калориска вредност, само 47 kcal на 100 грама. Има убедливо најголемо количество витамин Ц - во 100 грама киви има 80 милиграми, кое го има дури во 2 портокала или 5 лимона. Во споредба со авокадото, кивито содржи дури за два пати повеќе витамин Е, кој ги брише брчките, а не содржи ни маснотии. Има за 10 пати повеќе витамин А од јаболкото. Кивито содржи еднакво количество калиум како и бананата. Од сите видови свежо овошје, токму кивито е најбогато со минерали кои се неопходни за одржување на функциите на нервниот систем (магнезиум, калциум, фосфор и железо).

ПОМАГА И ПРИ СТРЕС
Поради високата концентрација на сите корисни состојки, кивито го јакне целиот организам и помага при стресот. Исто така, ова овошје може да се најде во кој било период од годината. Многубројни се корисните ефекти од јадењето киви. Ова овошје го поттикнува празнењет, поради големите количества калиум и поради влакната. Го подобрува варењето бидејќи го содржи ензимот актидин, кој го омекнува месото.

НЕ ЗЕМАЈТЕ НЕДОЗРЕАНИ ПЛОДОВИ

Само плодот со мазна лушпа без траги од згмечување или напукнување, ги содржи сите хранливи витамини и минерали. Внатрешноста на кивито мора да биде многу мека. Не купувајте претврди плодови со надеж дека кивито ќе дозрее во вашата кујна.
Чувајте го во фрижидер, ако не го јадете веднаш. Ако планирате да го изедете уште истиот ден, тогаш чувајте го на собна температура.
Можете да го замрзнете само ако претходно го исечете на парчиња, кои претходно сте ги прелиле со сок од лимон.

< Поракaта ја уредил Матеа -- 8.2.2010 18:36:22 >

clock-img

08.02.2010, 18:33

clock-img

Матеа

pencil-img

180

Мандарина за здравје и за убавина


Мандарината по својот состав многу е слична на портокалот. Во 100 грама има 30 милиграми витамин Ц (портокалот во истото количество има 50 милиграми Ц-витамин), а тука се и витамините од Б-групата, минералите, калциумот, магнезиумот, цинкот, па дури и 160 милиграми калиум, кој меѓу другото, заслужен е и за добрата работа на срцето.
Всушност, продуктите кои придонесуваат кон подобро здравје и убавина во полн сјај, се и цитрусите. Како последица на ограничувањата поврзани за некои болести, диететичарите од исхраната на болните мораат да ги исклучат производите кои не се подготвени за одредена состојба за да се постигне нутритивна рамнотежа. Токму лимоните, портокалите, мандарините и сличните плодови, се витални производи со кои се постигнува минерално-витамински оптимум.

ИДЕАЛНА Е ЗА ПОТТИК НА ВАРЕЊЕТО

Општо, агрумите имаат многу мала енергетска вредност - во 100 грама мандарини имаме само 34 kcal. Треба да се нагласи и изобилството од влакна кои мандарината ја ставаат во производ поволен за поттикнување на варењето.
Најважни фитохемикалии во мандарините се флавоноидите и терпените, а жолтата боја потекнува од ксантофилот. Значи, мандарината во својот состав има бета-каротини, а со разградување на бета-каротинот, цицачите го синтетизираат витаминот А, кој е заслужен за добар вид. Сокот од мандарини содржи доста калиум, калциум, магнезиум, фосфор, железо, цинк и бакар, со изобилство на антиоксидативни фитохемикалии.

ЗАЧУВАЈТЕ ЈА КОРАТА

Важно е кората од мандарината да не ја фрлате. Ако станува збор за непрскан плод, излупената кора исечкајте ја на парчиња и исушете ја во заштитен простор. Исушената кора на мандарината може во текот на долгите и скудни зимски денови да се додава во колачиња, компоти, чаеви или во купки за закрепнување.
Токму етеричните масла добиени од кората на мандарината се применуваат во купките за опуштање, за отстранување на несоница и за оштетена кожа. Етеричното масло од мандарината, меѓу другото, има антисептично и тонизирачко својство. Кората ја чува мандарината од скапување така што со месеци можеме да ги консумираме за здравје и за убавина. Ако мандарините соодветно се складирани, може да ги зачуваат својата арома и нутритивните работи кои се совршени за зачувување на здравјето, но и за успешно и брзо закрепнување ако не не заобиколат зимските вирози и грипот.
Запрашајте се зошто секогаш како понада, на болен му се носат токму мандарини?

ЗЕМЕТЕ СВЕЖО ИСЦЕДЕН СОК
Свежо исцедениот сок од мандарина е совршен избор за свеж почеток на денот. Во 100 грама сок од мандарини ина 180 милиграми калиум, 18 милиграми калциум, 8 милиграми магнезиум, 14 милиграми фосфор, а тука е и железото, цинкот и бакарот, со изобилство на антиоксидативни фитохемикалии. Ако во текот на денот сте изложени на стрес, несоодветна исхрана и тешкотии во дигестивниот систем, предложуваме викенд детоксификација на организмот со мирисни мандарини. Ако почнете во сабота, недела и понеделник, со напивката по наш рецепт, во новата работна недела ќе тргнете комплетно спремни.

ЦИТРУС-КОКТЕЛ:
2 портокала
2 мандарини
1/2 лимон
1 гранче свежо нане
На излупените портокали и мандарини отстранете им ги семките и исцедете ги во соковникот заедно со свежото нане. Ако немате свежо нане, земете 50 милилитри чај од нане, кој претходно сте го изладиле, а се подготвува така што во 50 милилитри врела вода ќе потопите 1 филтер фреќичка чај од нане.
Напомена: за децата и за постарите личности, планирајте ја напивката со половина количество сок и исто толку вода. Во свежите мандарини и во сокот од мандарини може непречено да се ужива без страв од зголемена телесна маса, а со гаранција за внесување изобилство на драгоцени нутритивни елементи.


Зошто бананата многу брзо поцрнува

Бананата, за разлика од другото овошје, многу брзо поцрнува. причината е во тоа што бананата, како и други тропски овошја, е навикната на други климатски услови. Затоа ладното не и одговара, и не и се допаѓа „ сместување “ во ладилник. Кората на бананата ги задржува распаднатите ќелии и се што од нив може да „испари“. Еден од ензимите што се наоѓа во нејзината кора стапува во реакција со танинот што се наоѓа во посебен дел во ќелијата. Со реакција на ензимот наречен полифенилоксид и танинот, се насобираат кафеави продукти, поради што бананата поцрнува. Идеалната температура за чување банани е 13, 3 Целзиусови степени.

< Поракaта ја уредил Матеа -- 8.2.2010 18:45:44 >

clock-img

08.02.2010, 18:36

clock-img

BEBICA

pencil-img

2014

user posted image user posted image user posted image user posted image Matra mnooogu ubavi tekstovi.user posted image user posted image user posted image user posted image

_____________________________

Дајте и на жена десет добри совети, таа ќе го следи само еднинаесеттиот - својот.

clock-img

08.02.2010, 18:38

clock-img

Матеа

pencil-img

180

Премногу овошје – болки во стомакот


Претераното консумирање овошје може да предизвика гасови, стомачни грчеви и дијареја кај луѓето со чувствителен стомак, особено оние кои не поднесуваат фруктоза.
Здравата возрасна личност обично не толерира повеќе од 25 грама фруктоза дневно, оние што се алергични на фруктоза не смеат ни толку, бидејќи нивните црева лошо го транспортираат и го апсорбираат шеќерот предупредуваат научниците и алерголозите.

Многу родители веруваат дека е добро што на децата им даваат повеќе овошје, ама германските експерти препорачуваат внимание.

Нa пример, дете кое пие сок од јаболко може само во една чаша да ги добие потребните 25 грама фруктоза, доколку сокот е дополнително засладен (што е чест случај), советуваат нутриционистите.

Препорачаната доза за возрасни е 500 грама овошје дневно, а за децата 250 грама, не повеќе. При тоа овошјето не треба да се зема на празен стомак. Треба да се помеша со јогурт или со младо сирење.

Меѓу овошјето со голема содржина на фруктоза спаѓаат јаболката, крушките, сливите, урмите, смоквите, мангото и ананасот.

clock-img

08.02.2010, 18:39

clock-img

Матеа

pencil-img

180

Смоквата – храна и лек



Како хранливо и лековито овошје смоквата била позната дури пред 4000 години во Месопотамија, во Грција била основа на традиционалната исхрана, а во стариот Рим се сметала за свето овошје.
Смоквата е многу здрава, но и калорична. Сувиот плод содржи 50-70 отсто шеќерот, поради тоа не е препорачлива за дијабетичари. Во ова медитеранско овошје може да се најдат важните витамини од групата Б, витаминот Ц и бетакаротинот. Од минералите содржи калциум, калиум, магнезиум, фосфор, железо и бакар. Во сувите смокви има три пати повеќе магнезиум, отколку во свежите, минерал кој е неопходен за мускулите, крвните садови и нервите.

За лековитоста на смоквата постојат стари записи. Во светот е раширена употребата на смоквата како превентивно сретство против ракот. Смоквата со својот млечен сок има силно антисептичко и дезинфециско дејство, помага при појава на глисти и други цревни напасти.

Ова овошје лечи габични инфекции, плускавци, ги омекнува курјите очи. Смоквата е позната како благо сретство за чистење, притоа не создава грчеви и дијареа.

Помага при симнување на крвниот притисок, бидеќи е добар извор на калиум, минерал кој го контролира крвниот притисок, а може да биде од голема помош ако сакате да ослабите.


ЈАГОДИ - вкусен извор на витамини и минерали


Јагодите се првото сезонско овошје на нашето поднебје, кое пристигнува по долгите зимски месеци. Тие се вистински богат извор на витамини, минерали, растителни влакна и антиоксиданси. Традиционално се применуваат во народната медицина во многу култури. Уште старите римјани ги одгледувале заради нивните лековити својства.

Осум јагоди со средна големина се доволни во целост да ја задоволат дневната препорачана количина од витамин Ц, затоа што јагодите содржат рекордно повисок процент од овој витамин во однос на јужното овошје.

Состојките во јагодите имаат моќни антиоксидантски својства. Затоа јагодите ги намалуваат последиците од воспалителни процеси во организмот, го чуваат здравјето на артериите и ги спречуваат ризиците од заболувања на срцето.

Јагодите содржат фолна киселина, форма на витаминот Б, неопходна за создавање на црвените крвни клетки, затоа се препорачуваат на трудници и на деца во раст. Една порција јагоди задоволува околу 20% од дневните потреби за фолна кицелина.

Сокот од јагоди во комбинација со малку мед ги ублажува иритациите или изгорениците од сонце на кожата. Смесата се нанесува на кожата, се остава кратко време, а потоа се измива со млака вода и малку лимонов сок.
Но, јас не би дозволила ваква вкусна смеса да ја измијам со вода! :) Таа смеса треба да заврши во нечие стомаче.

Во 100 грама јагоди има 30 калории, што овозможува здрава, нискокалорична и вкусна ужина.

Јагодите содржат 90% вода, затоа брзо ја гасат жедта и се идеални за одржување на витка линија, особено кај оние кои се обидуваат да се ослободат од вишокот на некое килце.

Сепак, во секое бело има и малку црно. Така е и со овие Божествени плодови.
Имено, јагодите содржат протеини кои можат да предизвикаат алергиска реакција. Затоа треба да избегнувате да им ги давате на деца до 2 години, особено ако во семејството постојат случаи на алергија на јагоди.

< Поракaта ја уредил Матеа -- 8.2.2010 18:42:40 >

clock-img

08.02.2010, 21:00

clock-img

Матеа

pencil-img

180


ПАПАЈАТА НАЈЕФИКАСНА ВО ЧИСТЕЊЕТО НА КЛЕТКИТЕ И АРТЕРИИТЕ


Употребата на антибиотиците, контрацепцијата и хемотерапијата, причина за појава на микозите

Волфганг Спилер запишал: "Во медицината се јавува нова ера - ера на микозите. Како причини за нивната појава ги наведува употребата на антибиотиците, контрацептивните таблети, хемотерапијата, како и недоволното образование на лекарите и исцелителите. Микозите се јавуваат како резултат на одредени габички, како на пример на Цандида Албицанс".

Не се сите луѓе еднакво приемливи за габичките. Како и растенијата, габичките успеваат таму каде што ќе најдат оптимална хранлива подлога. Посебно се загрозени т.н. лимфатични луѓе кои не се хранат доволно со витални продукти. Оние кои земаат доволно витамини, ензими, и воопшто базична храна, се најдобро заштитени. Секое нарушување на имунолошкиот систем предизвикува бран на несакан пораст на габичките. Концентрираните јаглеродни хидрати, како што се тортите, газираните пијалаци и колачите, се идеална храна за габите. Од една безопасна вирусна или габична инфекција може да се развие смртоносен процес.

Кристине Хајдекланг укажува на застрашувачкиот пораст на габичните болести уште кај новороденчињата, а тоа се доведува во корелација со недостиг од селен кај мајката. Сигурно дека новороденчето може да се зарази со кандида-габите уште во породилниот канал. Тој што како дете имал егзем, а подоцна и псоријаза, посебно е чувствителен на габични болести. Микозите секогаш се сигурен показател за енергетски или ортомолекуларен дефицит, нарушување на кисело-алкалната рамнотежа, алергии или хронично натрупување отрови. Тие секогаш настануваат на подлога со нарушена пХ-вредност, било на кожата или, пак, на внатрешните органи.

При нападот, габичките ја потиснуваат здравата цревна флора, поради што храната не може да се искористи во целост. Како последица настанува општа одбранбена слабост која, пак, причинува понатамошен напад на габите. Надворешната микоза на кожата и слузницата успева во влажна околина со прекисела пХ-вредност. Изгледа дека габичките преферираат домаќини кои се оддалечиле од природниот начин на живот, што денес, за жал, е честа појава. Тоа можеби го објаснува мислењето на експертите дека од 70 до 90 отсто од популацијата е нападната од габичките. Денешниот човек чија животна снага е ослабена под влијание на околината, стресот и лошата исхрана, многу почесто и потешко е погоден со микозите.


Халима Нумен се прашува дали третманот на симптомите со антибиотици на крај може да нў доведе до зло: во 98 отсто од сите 2.500 случаи во својата практика, д-р Феликс Пергер (Австрија), утврдила дека болеста се враќа во рок од неколку месеци, ако се третира само со средства против габите без дополнително да се воспостави цревната флора или, пак, не се промени начинот на исхрана. Таа препорачува чистење на цревата со колон-хидротерапија или диета за чистење на цревата, како и храна сиромашна со јаглеродни хидрати. Тој што ќе се одлучи на диета за чистење на цревата со помош на папаја, може колон-хидротерапијата, која е релативно скапа, да ја скрати за половина: 30-40 сиво-црни семки да се проџвакаат на празен желудник, секое утро од шест до осум недели. Пред терапијата, треба да се испијат 250 мл. вода, а ако месото од папајата не е преслатко, може и да се изеде. Ефектот се засилува ако се јаде и месото од зелената папаја, а притоа треба да се изеде и четвртина лажичка мелени црни семки.

clock-img

08.02.2010, 21:05

clock-img

Матеа

pencil-img

180



АВОКАДО
Корисно е за артериите, го намалува холес-теролот, ги шири крвните садови. Содржи мононезаситена олеинска киселина, која со своето антиоксидативно дејство ја намалуватоксичноста на штетнилт ЛДЛ холестерол кој ги уништува артериите. Авокадото е еден од најбогатите извори на глутатион, силен антиоксидант за кој докажано е дека блокира триесет различни анцерогени материи и вирусот на сидата.

Авокадото е најхранливото овошје на светот. Неговата енергетска вредност изнесува 840 kJ на 100 г месест дел (поради споредба: банана 355 kJ, манго 215, папаја 180, домат 90, краставица само 0,64kJ). Содржи 5–32% масти кои лесно се втријуваат во кожата и така претставуваат важен компонент во козметката. Во однос на хемискиот состав авокадото не е овошје во права смисла на зборот, без разлика на тоа што го вбројуваме во овошје.

clock-img

08.02.2010, 21:20

clock-img

Матеа

pencil-img

180


КОКОС

Кокосот се смета за најкорисно дрво на светот, а од него се добиваат храна, пијалок, облека... Речиси ништо од кокосот не се фрла во Филипините, каде што го нарекуваат "дрво на животот". Индонезијците велат: "Постојат толку многу употреби на кокосот колку што има денови во годината".
Во северна Индија кокосот се сметал како симбол на плодноста. Кога жената сакала да зачне, та одела кај свештеник и примала специјален кокос. Исто така, првата цврста маса со која се храни Тајланското бебе се три лажици со свеж кокос, кои им ги дава будистички свештеник.

Кокосот не содржи холестерол. Тој е добар извор на: тијамин 0,1 мг во 240 г свеж кокос, рибофлавин 0,1 мг, калциум 58 мг, растителни влакна 2,6 г, витамин Ц 5,8 мг, магнезиум 60 мг и калиум 600 мг. Единствено што е лошо кај него е богатството на натриум 252 мг и големото количество калории 45 што се добиени од шеќерите 6

Последни статии

article-img