Една жена е трудна со дури дванаесет деца, соопштуваат британските медиуми.
Неименуваната идна мајка, инаку наставничка, им се спротивставува на медицинските совети и ветува дека ќе ги роди сите шест девојчиња и шест момчиња. Доколку успее во својата намера нејзината бременост зачната со помош на третман за плодност ќе го урне светскиот рекорд. Нејзиниот сопруг кој во јавноста е познат само како Марван, целосно ја подржува својата сопруга.
-На почетокот мислевме дека мојата сопруга ќе има близнаци. Но, беа откриени повеќе фетуси. Нашата радост растеше како што растеше бројот на фетусите, изјавува тој.
Марван додава дека неговата жена сака да има природно пораѓање, но докторите тврдат дека тоа е невозможно. Британските експерти предупредуваат дека бременоста во гратчето Гафса, Тунис со себе носи огромни ризици. Сите деца на моменталниот рекордер, една австралиска мајка, умреа во Сиднеј.
-Дванаесет бебиња звучи извонредно, вели шокираниот доктор Марк Хамилтон од Британската организација за плодност. Сепак и покрај невообичаената состојба идната мајка се чувствува добро.
Нејзината бременост следува по неколку неуспешни бремености кои завршиле со спонтан абортус. Се уште не е познато дали зачнувањето е направено по пат на IVF третман или пак е користена алтернативна метода наречена овулациски индуктивен третман.
< Поракaта ја уредил Melanija RR -- 17.3.2014 20:17:44 >