Женски, ајде да напишеме некоја идеја за уникатен подарок, да не биде обично пакетче, облека или играчки... Сакам нешто посебно и необично. Братучетка ми слави роденден на 1 јануари, па сакам да и подарам нешто убаво и несекојдневно. Од страната на мм слават католички Божиќ, па имам двајца внуци од негова страна и сакам и нив нешто убаво да им подарам.
Што обично подарувате за Нова година/Божиќ?
_____________________________
Live and let live
09.12.2011, 09:48
blue_blue
893
AnnaMolly, во недела на 11 декември во хотел Арка има од 11 наутро до 8 вечер 8ми Божиќен КрафтАрт фестивал. Ако не си била до сега - тоа се ракотворби од уметници во Македонија и има се...Има волнени односно чоени играчки и торбички, итд...има накит рачно изработен од сребро, има од дрво уникатни играчки, има плетени капи шалови...има буквално се, уникатно, итересно, а не е скапо...Јас ќе одам и во недела и гарант ќе изберам нешто за подароци за дечињава за нова година...Обично им ставам некоја интересна играчка која е со едукативен карактер (има имтересни во Oxford Learning Center што е кај скалтакрницата Ескимо, и во Ramestore во книжарницата....На пример лани на едно 5 годишно детенце му имав ставено kit како да направи диносаурус кој свети во темно, имаше се внатре...На поголеми девојчиња знам да им купам некое уникатно плетено ташниче и оние „кулкине“ од хартија што се облекуваат, или некој kit за правење алки од врвки, од монистра...
09.12.2011, 09:53
Maca25
7558
Блу_блу фала на информацијава за фестивалот!! Ќе гледам да отидам да видам што има.
_____________________________
To be a mother is to know how it feels to have your heart walk around outside your body...
09.12.2011, 11:43
AnnaMolly RR
6409
Фала за информацијата, блу_блу. Обавезно ќе отидам. Арка ми е на 3 минути од дома. Инаку, јас често си одам во Оксфорд центарот и тоа ми беше резервна варијанта, ако не најдам нешто интересно ќе и земам некоја книга на англиски, девојчето учи англиски и сака да чита.
А за машки (тинејџери) што би ми препорачале? Јас ама ич не знам да одбирам поклон за машко
< Поракaта ја уредил AnnaMolly RR -- 9.12.2011 11:44:04 >
_____________________________
Live and let live
12.12.2011, 16:05
blue_blue
893
Женски, бевте ли во Арка? Јас, бисерка скроз аборавив Ми текна дури во 19:30 дека требаше да одам...
12.12.2011, 16:05
blue_blue
893
Женски, бевте ли во Арка? Јас, бисерка скроз аборавив Ми текна дури во 19:30 дека требаше да одам...