за да обезбедиме он-лајн сервис, анализа на користење, системи за рекламирање и функционалности нема да можеме без употреба на колачиња. Со континуираното користење на страницата, се согласувате со колачињата.
Дали гледате утрински програми? И кои најчесто ги гледате?
Јас до скоро никогаш не ги гледав. Арно ама бидејќи вестите станаа платена политичка програма, утринските програми останаа за сите останати информации за и од животот наменети за граѓаните. Не дека тие не се контролирани, ама мислам дека притисокот е помал, па дури можеби и нешто ќе слушнеш. Секако тука се отоворените вклучувања на гледачите кога ако не друго од срце ќе се насмееш, а некогаш богами и ќе се изнервираш.
16.08.2013, 13:50
mama_06
395
Јас гледам ,,Здраво Македонијо,, на Канал5. Со вклучување на гледачи започнува околу 8:00 па колку толку фаќам и по некој бисер.Често ја гледав додека бев на породилно. Некогаш има супер соговорници, ама има и такви таленти што би ги преслушувала и по неколку пати. А за демографската структура на дискутантите, преовладуваат пензионери, невработени и самохрани родители. Односно оние што се дома и немаат обврски или, за жал, работа. Водителите се ок, пристојни и добро си ја водат емисијата. Има една друга на МТВ1 , не знам како се вика утринската емисија, ама од една нечешлана водителка не ми се пушта таа ТВ. Ведрана ли се вика, појма немам.
17.08.2013, 18:18
Bethany
4534
Гледам кога начекам, на канал 5, ама и на прва програма. Мама-06 , знам на која водителка мислиш
Што ми е најчудно тие сите водители се толку несоодветно облечени, таа една дојде облечена ко за на плажа, а тој до неа во розева кошуља (мислам дека секој втор ден носи таа розе кошуља) па и џемпер ако облече, ептен се погодат, ко на различит пол да се Нели им каже некој пред да се вклучат камерите дека се чудни? А не знам дали е истата водителка, таа една што едвај збори, ко да станала пред 5 минути.. Инаку, ги гледам ама ете многу негативни коментари имам
И на крај испаѓа дека гледам за да се насмејам ама налети некогаш нека интересна информација сепак.
_____________________________
" Maturity is knowing more and more what is worth fighting for, and what is not worth fighting for."
19.08.2013, 10:12
Mihaela 2010
4230
Bidejki ne sum doma nasabajle,retko nekogas da nacekam koga sum slobodna od tie utrinski emisii...ne gi sledam niti gledam,ama posto e uklucen Tv znam nekogas da zirnam ako ima nesto interesno.. GI gledam ovie Zdravo makedonijo mislam na kanal 5,i da vi kazam toj Robert mi e epten antipaticen,drzok nekako so gledacite,nekolku pati go imam sledeno i kako da gi omalovazuva,taka se ponasa...pa im se cudam i na lugevo sto cekaat so saati za da se javat i gluposti da treskaat
_____________________________
Најголемата трагедија во животот не е смртта, туку она што дозволуваме да згасне во нас додека живееме.
19.08.2013, 10:57
vezilka RR
4931
Абе настрана јавувањата на гледачите во живо, тие се исти бе разлика далисе во утринска програма, дали се во јади бурек или што знам која јас. Туку зборувам за другите содржини и информации содржани во програмите. Оти не се цело време јавувања на гледачи. Има еден солиден дел, за разни теми и претставувања на разни настани.
19.08.2013, 12:41
sandriana RR
2924
Во однос на културно информативниот дел на утринските програми, бар додека бев на породилно и гледав ТВ, Сител имаше солидно поткована програмска содржина и нешто на МТВ можеше да се слушне. Канал 5 повеќе ми е контактна отколку информативна програма, па не сум се задржувала на таа тв. За моменталните содржини и концепти не сум компентентна да коментирам, зошто немам прилика да ги следам.
_____________________________
***I'd rather be honest than impresive***
01.12.2014, 20:54
scared RR
1349
Кога ќе станам рано гледам, ама тоа е многу ретко Обично ја следам онаа на Канал 5, со Роберт и Милена, Добро утро Македонијо мислам беше, онака интересна ми е. Понекогаш ја загледувам и онаа на Сител со Александар Блажевски, ама за името не можам да се сетам
01.12.2014, 23:59
caciana
863
Koga stanam rano listam kanali ako nesto me zainteresira gledam.Utrinski programi odamna Ne sum gledala.Ama na Kanal 5 sum nacekala del Od programata,kade lugeto Se zalaat kaj voditelite,kako demek tie ke sredat Se!