за да обезбедиме он-лајн сервис, анализа на користење, системи за рекламирање и функционалности нема да можеме без употреба на колачиња. Со континуираното користење на страницата, се согласувате со колачињата.
Бидејќи е почеток на учебната година, а на нашите ученици ќе им требаат многу други работи освен учебници и тетратки, овде може да разменуваме информации за тоа каков прибор и какви материјали користат нашите деца во градника/училиште каде да се најде нешто, за која цена и сл. Тука ќе ги префрлам и постовите на bojanas и Octavia кои се однесуваат токму на тоа.
< Поракaта ја уредил Felly RR -- 10.10.2011 10:45:31 >
_____________________________
Life isn't about waiting for the storm to pass, it's about learning to dance in the rain.
01.09.2011, 23:33
Felly RR
7977
ИЗВОРНА ПОРАКА: bojanas
Лука е прваче од утре во Ѓорѓија Пулески. Мноооооооооооогу сум возбудена и преплашена како ќе се снајде, но како за сите така и за моето. Гледам дека нема дискусија за училишна торба. Ајде некој совет од поискусните марки-каква торба , со тркалца или без, марка, кај ја има ???
_____________________________
Life isn't about waiting for the storm to pass, it's about learning to dance in the rain.
01.09.2011, 23:35
Felly RR
7977
ИЗВОРНА ПОРАКА: Octavia
Јас барав, барав ама не најдов тема за ова, па да си прашам тука . Денес на училиште ни кажаа дека треба да купиме блок флејта за музичко . А искрено, врска немам каде да барам, дали во продавници за инструменти, дали по книжари... Ако знае некој, нека помага, pretty please. И да, да не знаете колку пари се? Јас знам на времето дека беа скапички инструментите.
ИЗВОРНА ПОРАКА: Џесика РР
Блок флејта мислам дека најлесно ќе најдеш по книжари, за цена не знам, ако се скапи имам јас една од стаж, ќе ти ја позајмам
_____________________________
Life isn't about waiting for the storm to pass, it's about learning to dance in the rain.
04.09.2011, 22:04
Maca25
7558
сега дознав дека и за во градинка треба да се однесе прибор. пресреќна почнав да купувам по нешто, иако уште не сме имале родителска и не знам што ќе ни речат да однесеме. Купив водени боички, дрвени, мрсни, темперни, четкички, блокчиња бр. 3 и 5, неколку тетратчиња за цртање дома и пластелин. Додуша и да не ни ги побараат овие работи, Нина или мм ќе си ги користат дома.
_____________________________
To be a mother is to know how it feels to have your heart walk around outside your body...
10.10.2011, 10:51
Felly RR
7977
Маца, почнаа ли кај Нина да работат со приборот? Ви побараа ли вас росици? Кај нас ништо ни немаат речено, ни немаат побарано никаков прибор, најверојатно зошто се уште мали, па може понатаму ќе почнат со боење и цртање.
_____________________________
Life isn't about waiting for the storm to pass, it's about learning to dance in the rain.
10.10.2011, 11:06
Maca25
7558
Почнаа со цртање. Баш во петокот видов дека цртале ѕвездички и спаунче, па учеле и песничка за сапунчето. Ние однесовме само дрвени боици, острилка, 4 блокчиња и самолеплива хартија. За росица ништо не ми спомнаа.
_____________________________
To be a mother is to know how it feels to have your heart walk around outside your body...
27.08.2013, 09:58
Felly RR
7977
Мамички на што внимавате кога купувате прибор? НАс во градинка лани ни имаа пишано на огласна табла и која марка да бидат фломастерите и каков пластелин да купиме.
_____________________________
Life isn't about waiting for the storm to pass, it's about learning to dance in the rain.
27.08.2013, 10:06
miana
6152
Nas vo gradinka ni davaa spisok na livcinja i si pisuvase koi marki da bidat i tie i gi nabavuvavme.Se sekavam deka GIOTTO bese najzastapena marka i BIG
< Поракaта ја уредил miana -- 27.8.2013 10:07:48 >
27.08.2013, 10:11
miana
6152
Seuste ne sme kupile nisto od pribor posebno za na uciliste,pa duri ni ranec.|Se mi e rano i nekako cekam da pojde,da mi kazat sto se ke treba da nosi deteto pa po toa i da kupam ranec. Znam deka nema od vtoriot den da nosi ranec ,pa zatoa i ne se brzam. |Planiram vo petok da izlezam so nea,pa i da ja odnesam da si razgleda rancinja i nesto od garderoba da ja podnovam..
27.08.2013, 10:29
Annabel
425
Кога ја запишував ќерка ми во училиште, педагогот ни нагласи да не купуваме ништо освен ранец. За училишен прибор ќе се договориме на првата родителска средба на 3-ти септември.
Ранче купија баба и дедо, а останатото ќе го купат мама и тато
15.09.2013, 22:07
niki
4299
Pred pocetok kupivme ranec. A vikendov otkako dobivme lista go kupivme ostanatiot pribor 5 tetratki, 3 molivi HB, ostrilka, guma, linijar, nozicki, drveni boicki, flomasteri, lepilo, lepilo glitter, 1 karton, kutija plastelin, blok, 1 pakuvanje A4 hartija, abakus, 1 papka, kniga so prikazni, plastificirana samolepliva folija za vitkanje na ucebnicite, nalepnici i se sose ranec ne iskosta 90 evra sega sledi roditelska da vidime uste kolku ke ne kosta besplatnovo drzavno obrazovanie
_____________________________
Sometimes two people have to fall apart to realise how much they need to fall back together
26.09.2013, 15:14
Felly RR
7977
Еве го нашиот список за оваа година: боенка 2 блок бр 5 фломастери giotto дрвени боички bic/maped оштрилка maped светликава хартија пластелин toz penkala фланелограф чаша пластична за боичките цветна хартија А4 форма жолта боја жолт хамер
и плус ако одобрело Министерството Математика за средна група.
Што мислите за фактот што на многу списоци се наведни и марките од кои треба да биде приборот. За фломастери и боички секако истите ќе ги купев, зошто гледам да бидат поквалитетни, не да се исушат на две отворања, или боичките па нон стоп да се поткршуваат, и да се оштрат. Ама за пластелинов и оштрилкава ствано не знам што се овие посебни
_____________________________
Life isn't about waiting for the storm to pass, it's about learning to dance in the rain.
26.09.2013, 23:51
Snowhite RR
5042
Кај нас само Боенка, блок бр.2 дрвени боички, фломастери и пластелин, марки немаше пишано
_____________________________
Life is not the amount of breaths you take, it''''''''s the moments that take your breath away
04.10.2013, 12:22
Felly RR
7977
Ете стигна и известувањето за Математика - Вовед во математиката за средна група 4-5 години. Само што во ниедна книжарница кај нас го немаше. Во другите градинки не се користел учебникот, само во нашата, па вработената во една книжарница ми рече дека може да порача ако се собереме повеќе родители што ни треба.
_____________________________
Life isn't about waiting for the storm to pass, it's about learning to dance in the rain.
15.09.2014, 14:25
Felly RR
7977
Ние веќе го добивме списокот со потребен прибор за во градника - и оваа година има дупли повеќе од лани.
Математика за голема група од 5-6 години 2 блока бр 5 фломастери giotto дрвени боички bic/maped оштрилка, молив, гума светлива хартија пластелин toz фланелограф водени боички и четка toz чаша пластична за боичките тетратка со коцки 2 тетратки за почетно пишување бела папка листови А4 формат ножички со тап врв
_____________________________
Life isn't about waiting for the storm to pass, it's about learning to dance in the rain.
15.09.2014, 15:05
Палешка РР
7505
Арно малку
Лелееее, математика зар ќе учат
_____________________________
When I'm good, I'm very good, but when I'm bad, I'm better.
15.09.2014, 15:12
Mihaela 2010
4230
ИЗВОРНА ПОРАКА: Felly RR
Ние веќе го добивме списокот со потребен прибор за во градника - и оваа година има дупли повеќе од лани.
Математика за голема група од 5-6 години 2 блока бр 5 фломастери giotto дрвени боички bic/maped оштрилка, молив, гума светлива хартија пластелин toz фланелограф водени боички и четка toz чаша пластична за боичките тетратка со коцки 2 тетратки за почетно пишување бела папка листови А4 формат ножички со тап врв
Auuu masala bre sto e ova,molivi matematiki...nie ke imame kraj na mesecov roditelska pa bas me interesira nasava ucitelka sto ke kaze...
_____________________________
Најголемата трагедија во животот не е смртта, туку она што дозволуваме да згасне во нас додека живееме.
15.09.2014, 15:16
Melanija RR
7052
Офтопик ама комшиче ни е прваче ташната и е тешка како вреќа со компир,домашно и кој знае што друго уште од втората недела неверојатно
_____________________________
3год= 8 кломифен,лапаро-хистеро, полупроодни јајцеводи, 3 IUI =/, без терапија август 2013г. Бакнежот е генијален трик,дизајниран од страна на природата за да го запре зборувањето кога зборовите стануваат непотребни
15.09.2014, 18:02
Felly RR
7977
ИЗВОРНА ПОРАКА: Палешка РР
Арно малку
Лелееее, математика зар ќе учат
Ехе, тоа им е познато, и минатата година имаа математика. Лани М дури се научи што е, ми велеше - Мамо, како се викаше таа книгата што ја купивме? Јас: Математика. М: Е од неа учевме денеска
ИЗВОРНА ПОРАКА: Mihaela 2010
Auuu masala bre sto e ova,molivi matematiki...nie ke imame kraj na mesecov roditelska pa bas me interesira nasava ucitelka sto ke kaze...
Па и мене ми дојде како многу, посебно во тетратките со коцки не знам што ќе прават, па и овие за почетно пишување - 2 ?!? Ама па од друга страна си велам, барем за на училиште ќе бидат поспремни.
_____________________________
Life isn't about waiting for the storm to pass, it's about learning to dance in the rain.
16.09.2014, 13:33
Mihaela 2010
4230
Sepak smetam deka prvo odd e vreme koga treba da zapocnat so tie aktivnosti...poslednive dve godini vo gradinka bi trebalo povekje da uzivaat, da bidat aktivni vo pretstavi pesnicki da ucat..da ne se zamaraat mnogu so matematiki..
_____________________________
Најголемата трагедија во животот не е смртта, туку она што дозволуваме да згасне во нас додека живееме.
18.09.2014, 16:31
Felly RR
7977
ИЗВОРНА ПОРАКА: miana
Јас бев на родителска, списокот ќе ви го испратам што се треба..Моето дете има две ипол години а списоков е пренатрупан, но рекоа дека ке им биде и за наредната година.
_____________________________
Life isn't about waiting for the storm to pass, it's about learning to dance in the rain.
19.09.2014, 14:43
Felly RR
7977
И така, ние се опремивме за во градинка, појде едно илјадарче, арно што некои работи може од лани да ги искористиме па заштедивме некоја стотка. Инаку математиката е поголема од лани, ама сепак во боја е, интересна за деца, не е со многу активности, 3-4 активнсоти има на страна, и се учи за формите, броевите 1-10 (само препознавање и поврзување - нема пишување) десно-лево, горе-долу и сл. групирање на предмети во множества. Точно е за нивна возраст „Вовед во математика за 5-6 години“ само што М уште нема наполнето 5
_____________________________
Life isn't about waiting for the storm to pass, it's about learning to dance in the rain.
25.09.2014, 11:59
Felly RR
7977
ИЗВОРНА ПОРАКА: elenak RR
ИЗВОРНА ПОРАКА: miana
еве ви го списокот
Жити се! Ова за деца од 2,5 години? Па јас на ќерка ми уште не сум и дала ножички во рака. Хамери,селотејпи, чуда...па 1.000 ден кошта списоков сигурно. Како и да е, ќе си купите што ви кажале ама за мене ова е чудно и премногу. Фамилии што имаат минимални примања и две-три деца во градинка,школо тешко дека можат ова да го остварат. Мене друго не ми е јасно, на 19 деца има 19 пакетчиња боици, нели е попаметно да се соберат пари и они да купат прибор што им треба на децата, безпотребно е толку многу, не верувам дека успеваат после цртање да ги соберат сите тие боици па и да ги сместат во соодветните кутии за секое дете да црта со свои.

Јас ваков список имав и за поголемата керка сега и за малата... Во групата имаме и блиначиња и на мајката и рекоа не мора се да купува дупло...Инаку списоков чинеше околу 900 денари со тоа што имав и некои работи од дома ( моливи, гуми од поголемата керка ) па такада врти сучи - 1000 денари. Плус да носиме секој месец по едно пакечтче марамици. Уплатници за смешко и нас ни дадоа на 600 денари и 100 денари за осигурување...За англиски не прашаа, сите се согласивме дека нема потреба ( деава уште ме зборуваат како што треба па и англиски да учат нема логика ) Птипишав и изјава за кој да ја зема од градинка освен мене и мм.
Ни рекоа да не се чудиме за списоков што е голем, тој ке им биде и за идните години, односно од наредата година списокот ке се намали..И јас се прашувам што им прават на толку боички, на толку ножички и слично ама тоа е.. Еве секоја година по две групи поаѓаат на училиште, па каде одат нивните работи? Мене за големата керка освен папката со нејзини изработки не ми вратија ништо друго и сега пак купувам нови рботи.. Се прашувам каде одат пвие работи? Да знам дека ги даваат на деца што немаат, нема да ми биде мака, ама вака не ми е јасно, а не сакам да се расправам, имам многу убав однод со учителкиве ( истите ни се со на дада ) такада, јас купив се, купував од Локо Кроко и се ме чинеше околу 900 денари, ама не купував бели листови, тетратка А4, гума, моливи, ножички и с. зошто имав дома, а ако купував и тоа - ке ме чинеше сигурно 1000..
_____________________________
Life isn't about waiting for the storm to pass, it's about learning to dance in the rain.
25.09.2014, 12:05
Felly RR
7977
Прво и јас се чудев како ќе ги исчува учителката толку деца да не си ги замешаат боичките и секој да си остане со својот прибор - но затоа пак сите купуваме исти, па и да си смешаат нешто ќе види кој има две жолти боички на пр, па ќе ги подели на оној што нема. И на крајот на годината, лани ни вратија боички, фломастери, оштрилка, фланелограф, па дури и пластелинот ставен во пластична чашка. Исто и Математиката во која работеа, ни ја вратија за дома. Пластелин купивме нов за оваа година, исто и фломастери, но другите работи ги искористивме од лани.
_____________________________
Life isn't about waiting for the storm to pass, it's about learning to dance in the rain.
25.09.2014, 12:21
miana
6152
Mене ништо не ми вратија...Дури и папката за портфолијо и ја дадоа од некое друго дете..Сите им беа измешани.
_____________________________
Животот е краток. Крши ги правилата, простувај брзо, бакнувај бавно, сакај вистински, смеј се неконтролирано и никогаш не жали за нешто што те насмеало.