25.11.2009, 10:53
6692
*од 6 до 18 месеци
1. Детето ја повлекува раката при допир на топол предмет. Подајте му чаша со топол напиток и дајте му инструкции внимателно да ја допре, бидејќи е топла.
2. Детето става шупливи играчки една во друга. Обезбедете разни шупливи играчки и предмети со разна големина и поттикнете го детето да ги става една во друга.
3. Детето реди една коцка врз друга и потоа ги растура. Овозможете му на детето да има пристап до коцки со разна големина и поттикнете го да ги става една врз друга
од 18 до 24 месеци
1. Детето реагира со гримаса при пробување одредена храна. Понудете му ја на детето омилената храна.
2. Детето протнува помал предмет во поголем отвор со соодветна форма. Овозможете му на детето пристап до разни играчки или предмети кои се во разни форми и поттикнете го да ги става една во друга.
3. Детето истура вода од помал во поголем сад. Дајте му на детето 2 сада со разна големина, наполнети со вода и поттикнете го да ја претура водата со помала чаша од еден во друг сад.
< Поракaта ја уредил Еца -- 25.11.2009 11:39:23 >
_____________________________
Животот е убав за оние кои знаат да го живеат.