за да обезбедиме он-лајн сервис, анализа на користење, системи за рекламирање и функционалности нема да можеме без употреба на колачиња. Со континуираното користење на страницата, се согласувате со колачињата.
Дали си го познавате поширокото семејство поточно дали имате информации за прабаба,прапра дедо,чукундедо...обично во радосниците е даден цртеж каде треба да се стават имињата на предците и нивното потекло?Интересно е кога во разговор со постарите членови од семејството се разговара за семејната лоза. Лично јас сакам да разговарам на таа тема и да истражувам освен за потеклото и за нивниот живот,професија и сл.Мислам дека е интересно и возбудливо и усте ако се сочувани некои стари фотографии или предмети кои се давале од поколение на поколение.
_____________________________
Zivotot e podarok a podarocite se za da se raduvame.
15.05.2010, 22:06
vezilka RR
4931
Уф да, мене многу ме интересира да слушам за моите предци. Во моментов кај мене од страна на татко ми најстар е чичко ми и него го прашуваме за тоа. Пред некое време братучедот направи електронско фамилијарно стебло, сите роваревме по дома и баравме стари слики, сето тоа се скенираше, на нет најде некој темплејт за стебла и многу убаво излезе. Стварно ќе остане и за понатамошните генерации..Треба некој да се заангажира па да напраиме такво стебло и од страната на мајка ми..
15.05.2010, 23:59
Bogdancanka
5422
искрено мене многу ме итересира за моите предци и стално некој од постарите испрашувам,колку браќа биле,колку сестри која каде живеал кој како починал,колку деца имаат.........и ред други работи поврзена сум со моите први братучеди многу а мајками се 6 живи деца едниот вујко за жал не го запознав на мајка ми мајка се 13 деца........така да тешко е за сите да знам мајка ми или тетка ми ми раскажуваат за нивните баби и дедовци......
_____________________________
Човек не мора секогаш да биде херој ама може секогаш да е човек........
16.05.2010, 01:09
Rossana
1239
Da... Jas pred 4-5 godini istrazuvav za mojata prababa(na dedo majka mu) i imav cela statija napisano za nea, no CD to vo koe bese snimen siot materijal, po mjja greska veke go nemam... Imav cvrsta pricina da istrazuvam, a i uste baram podatoci, se nadevam deka za edna godina ke prisoberam dovolno materijal za da mozam da napisam cela prikazna za nejziniot zivot bidejki navistina ima sto da se cita i da se slusa, ima edna goooolema dolga trogatalna prikazna koja sto zapocnuva vo Kukus a zavrsuva ovde vo makedonija vo naseto selo.
18.05.2010, 13:12
Martins mom
3342
Си ја знам "лозницата" 7 генерации наназад и сум горда на моето потекло !!!
_____________________________
Никој не може да го осуди мојот избор, ниту моето мислење. Затоа што никој не ги пробал моите чувства, ниту моите болки.