cookie-img

Веб-страницата користи колачиња

за да обезбедиме он-лајн сервис, анализа на користење, системи за рекламирање и функционалности нема да можеме без употреба на колачиња. Со континуираното користење на страницата, се согласувате со колачињата.

writing-img

Филипини: Стомачен танц за трудници

clock-img

20.06.2009, 21:48

clock-img

Julie1

pencil-img

2354

Додека најголемиот дел трудници се грижат за соодветната храна, за мирен сон и избегнуваат физички напор, овие прекрасни жени од Филипините се на прсти и ги вежбаат нивните стомаци
Во салата на гинекологот Стефани Феј учат стомачен танц, кој е убаво изненадување за сопрузите и истовремено добро за здравјето на бебето!

„Кога жената е бремена, чувствува голема тежина, сосбено кога се движи, како да носи двајца луѓе. Тој проблем го имаат речиси сите трудници – но, ако вежбаат може да се движат без потешкотии!“ вели Мери.

Организаторката на стомачниот танц за трудници, Стефани, вели дека вежбите им помагаат на мајките и во текот на бременоста да ја задржат нивната женственост.

„Да се биде секси е прашање на личен став, а не на физичките атрибути. Кога ќе забременат и ќе почне да им расте стомакот, мнозинството жени мислат дека веќе не се секси и убави за нивните сопрузи. Но, кога практицираат јога и стомачен танц откриваат дека тоа не е точно!“ смета гинекологот Стефани Феј.

Инаку, спротивно на верувањето во народот, стомачниот танц не бил средство на конкубините за заведување на владетелите, туку дел од блискоисточната традиција на преминот од девојче во жена. Се практикувал на фамилијарни средби и во ритуали за добредојде на новороденчиња. Докторите сметаат дека танцувањето за време на бременоста не е штетно, доколку се избегнуваат скокови и нагли движења, како и тренирање мускули.  

на следниот линк го прочитав http://alsat-m.tv/mk/vesti/zemja/10224.html, и баш ме интересира мислењето на нашите трудници а и останатите: доколку има нешто вакво кај нас би посетувале?

Постојат кај нас часови за стомачни танци?


_____________________________

And this is my beautiful life ...

clock-img

21.06.2009, 07:23

clock-img

Еца

pencil-img

6692

Има и кај нас часови за стомачни танци, но не знам дали практикуваат и дали имаат за трудници.Во секој случај интересно и убаво, а и корисно, бидејќи е точно тоа дека поголемиот дел од жените за време на бременоста сметаат дека не се секси со стомачето и менувањето на нините облини, со што јас лично не се сложувам.Мислам дека секоја трудница е секси и најубава на свет!user posted image

_____________________________

Животот е убав за оние кои знаат да го живеат.

clock-img

21.06.2009, 13:23

clock-img

Anushka

pencil-img

1392

DEFINITIVNO!!!user posted image Se slozuvam so celata rubrika, Julie. Sekoj den dvojam polovina cas za aerobik (duri i sega, vo 9-ti). Iako toa e tolku sporo i lici poveke na tai ci cuan (ha, ha), sepak se dvizam. Vo lift ne se vozam. Ako ne go pravev seto ova, mislam deka bremenosta vo ovie godini ke mi bese vistinski tovar.
Nasite tela ne poznavaat granici, niv gi postavuva nasiot um. Stomacen tanc e vistinski izbor za zenata za koja site zaboravaat deka e zena, a ne transporter,m da se cuvstvuva povtorno sexyuser posted image user posted image

clock-img

02.09.2009, 09:52

clock-img

mami

pencil-img

8680

Ајде трудници..играте ли вие по дома...знаете дека тоа е здраво за вас..па пуштете музика и денсајте

clock-img

29.01.2010, 15:25

clock-img

pericka

pencil-img

72

heheh stomacen tanc

clock-img

12.05.2010, 23:11

clock-img

janastoj

pencil-img

7

Ova e mnogu interesnouser posted image dali nekoj praktikuval?  

clock-img

12.05.2010, 23:57

clock-img

niki

pencil-img

4299

Ооооооох ова е една моја неостварена желба, не само во бременоста туку воопшто.
Ако ме послужи среќата да се преселам во некое нормално место за живеење ова ми е една од првите точки за исполнување на листата желби.
Стомачниот танц е многу секси, а и облеките што ги носат во такви прилики и жените зрачат со самодоверба, да не збориме за доживувањето на мажите.
Полн погодокuser posted image


_____________________________

Sometimes two people have to fall apart to realise how much they need to fall back together

clock-img

01.05.2014, 12:31

clock-img

Stefanija Stefi

pencil-img

64

woooow, стомачен танц за време на бременоста user posted image навистина одлично е, но не танцувам а мислам и не ме бива user posted image сепак баш би сакала и тоа да го пробам user posted image

Последни статии

article-img