за да обезбедиме он-лајн сервис, анализа на користење, системи за рекламирање и функционалности нема да можеме без употреба на колачиња. Со континуираното користење на страницата, се согласувате со колачињата.
Зборовните споеви што се употребуваат во јазикот како целосни, готови јазични елементи со единствено значење се викаат фразеолошки изрази или фразеологизми.
1. Ова е многу тврд орев, не се крши со заби. 2. Ќе бидеме тврд орев за нашиот утрешен противник.
Забележуваме дека нема исто значење во двете реченици. Во втората реченица има значење: тешко совладлив.
Нашиот јазик е богат со фразеолошки изрази (фрази). Голем дел често употребуваме и во секојдневниот говор:
Го зеде на заб. Го замрази.
Животот му виси на конец / Мириса на земја. Пред умирање е.
Му потонале (пропаднале) гемиите. 1. Се вели кога некој се замислил и се намуртил без да има сериозна причина за тоа – нема причина толку да се грижи. 2. Се почувствува сосем загубен, без никаква надеж.
Времето е пари. Времето значи многу за секого и за се во животот. Тоа е поскапоцено и од парите. За сé е потребно време. Треба да се искористи максимално.
...
< Поракaта ја уредил Bitolcanka -- 12.6.2010 9:05:25 >
_____________________________
It is not how much you give or what you say, it is how much love you give in what you do ...
12.06.2010, 09:21
Палешка РР
7505
Од петни жили - се напрега, дава се од себе, се труди Кожа и коска - слаб човек Ветар во магла - нема ништо од започнатата работа Му падна секирата во мед - добил добра работа, неочекувано наследство или богато се оженил/омажила Димна гора - далеку
_____________________________
When I'm good, I'm very good, but when I'm bad, I'm better.
12.06.2010, 09:51
Палешка РР
7505
Се качил на чанакуле - на високо Си ја има мувата на капата - има грижа на совест
_____________________________
When I'm good, I'm very good, but when I'm bad, I'm better.
12.06.2010, 09:57
Bitolcanka
2461
Палешке ти ја погодив темата, а?
_____________________________
It is not how much you give or what you say, it is how much love you give in what you do ...
12.06.2010, 21:53
vezilka RR
4931
Ни срам ни перде.. Воопшто не се срами Кој те шиша..Не ти придавам значење Да не чуе злото..Да не кобиме Ни лук јал, ни лук мирисал..Без никаква вина На твоја глава..И тебе да ти се случи ова што ми се случи мене Сега му е мајката..Сега е вистинското време Ми дојде душата на место.. Се смирив Дај ми го нати го..Си разменуваме нешто Иди ми, дојди ми..Се посетуваме меѓусебно Око не ми трепнува..Не ми е грижа
12.06.2010, 22:11
Палешка РР
7505
Без да трепнат око продаваат - само до богатство да дојдат Копец душата закопчана - стегната Од умот се разделил - полудел Умот ми е мазна лубеница - ништо не разбирам Душа ми се кине - тагувам Уста лајава - човек кој многу зборува
_____________________________
When I'm good, I'm very good, but when I'm bad, I'm better.
13.06.2010, 01:32
Snowhite RR
5042
Мислам дека битолчани најмногу користат вакви фрази во својот говор, интересно
_____________________________
Life is not the amount of breaths you take, it''''''''s the moments that take your breath away
13.06.2010, 12:08
niki
4299
Супер тема Не сум битолчанка, ама скоро сите горенаведени фрази ги користам во говорот, еве уште:
Мижи Асан, да ти баам. - не верувам За секоја крпа има и закрпа. - секој ќе си најде другар, пријател, партнер Секое лонче и поклопче. - види погоре Во секоја манџа запршка. - секаде се замешува Своето г о не смрди. - обично за деца се употребува кога мајката си го брани своето секогаш
_____________________________
Sometimes two people have to fall apart to realise how much they need to fall back together
13.06.2010, 13:14
Bitolcanka
2461
ИЗВОРНА ПОРАКА: Snowhite
Мислам дека битолчани најмногу користат вакви фрази во својот говор, интересно
Па, користиме пријателке Работев на оваа тема на ПДС, па добив идеја да ја поставам и на РР
_____________________________
It is not how much you give or what you say, it is how much love you give in what you do ...
13.06.2010, 13:23
Bitolcanka
2461
Веков е скала – Состојбите во животот на човекот се подложни на промени.
Ја намириса работата – Сфати што се случува / подготвува.
Нема душа / Без душа е. 1. Немилосрден е, безмилосен е, брутален е, бесчувствен е. 2. Папсан е, одвај дише (од умор, од болест, од страв и сл.).
Оган и барут – Се вели за две лоши личности. Тие не може да успеат да пронајдат „заеднички јазик“, да бидат пријатели.
Крваво стекнато парче леб. – Тешко / мачно, со пот заработени пари и леб.
_____________________________
It is not how much you give or what you say, it is how much love you give in what you do ...
13.06.2010, 13:40
Bitolcanka
2461
Животот е борба. - Во текот на својот живот секој човек се труди да опстане, да си обезбеди егзистенција за себе и своето семејство, прави сè за да си обезбеди подобар живот себе и своите најмили.
Јонче: ... Е, свет, свет, расипан свет! ... како узбуркано море корабон така и ти ги носиш чесните луѓе во пропаст. Да, таков е животот-тежок и на сето тоа мора да се издржи ... А кога расипаниот свет живее зошто па чесниот да загине? Да, та јас не би бил никаков човек кога би ги заклал децата и себеси. Животот е борба и ќе се борам! Јас сум млад и ќе најдам исход! Та колку е убаво да имаш дечиња, да ги растеш, да ги учиш и да ги гледаш со секој изминат ден сî поголеми и познајни и еден ден израстени и учени. Та зар морам да бидам дуќанџија? – не, ќе работам што ќе најдам, рудар ќе станам ... Од работа – не е срамота! Нека се срамат оние што живеат како паразити на грбот од друг, а јас ќе се сеќавам горд што парчето леб со пот ќе си го вадам. (Милион маченици., 94-95)
_____________________________
It is not how much you give or what you say, it is how much love you give in what you do ...
13.06.2010, 13:47
Bitolcanka
2461
Луди години – Годините на младоста
Жива вода – Сосем накиснат (од вода, од пот и сл.).
Вересија – потресија – Кој дава на кредит или заем, лошо поминува.
Машка глава
1. Маж. 2. Домаќин во куќата.
Има абер (од нешто) - Знае по нешто
Век векува – Живее до длабока старост / Долго постои
Сложни калуѓери и в среда и в петок мрсат. - Со слога сè се постигнува (и невозможното станува возможно), без слога – ништо
Ќе ти мине како на куче. - Брзо ќе помине болката. Се споредува со кучето, зашто тоа се смета како издржливо, силно животно.
_____________________________
It is not how much you give or what you say, it is how much love you give in what you do ...
13.06.2010, 14:02
Палешка РР
7505
Кантар од сто кила не го трга - обично така велам за немирно дете Падна од коњ на магаре - се симна на пониска позиција Не купувај мачка во вреќа - прво провери, види што купуваш Затишје пред бура - краткотрајно спокојство Содома и Гомора - за места на кои се одвиваат лоши работи
_____________________________
When I'm good, I'm very good, but when I'm bad, I'm better.
13.06.2010, 14:07
Martins mom
3342
ИЗВОРНА ПОРАКА: Snowhite
Мислам дека битолчани најмногу користат вакви фрази во својот говор, интересно
и јас мислам така
_____________________________
Никој не може да го осуди мојот избор, ниту моето мислење. Затоа што никој не ги пробал моите чувства, ниту моите болки.
13.06.2010, 14:13
Bogdancanka
5422
од ѕидот на амбарот-зборува глупости пушти аро за вода и ти оди по него-кога некој ќе го пратиш по нешто и го нема подолго не тропи ногу ногу-да не зборува многу гладна мечка оро не играе-гладен не се работи баш ме заболе-не ми е гајле тачка-одкачен/а
имаме и ние многу такви изрази само што во моментов сум блокирана треба да запишувам да не заборавам
_____________________________
Човек не мора секогаш да биде херој ама може секогаш да е човек........
13.06.2010, 14:28
Martins mom
3342
Ај малце штипски
газ и гаки - неразделни лимон табиет - за некој што многу се лути мижи Митро, тулумби паѓат - исто значење како мижи Асан да ти баам ко ќе моша Илинка преку Исаро - за нешто невозможно шо ме боле за Овче Поле шо нема море - за нешто што не ти е гајле иди ми дојди ми - нема потреба од објаснување на значењето на ти го дај ми го...
_____________________________
Никој не може да го осуди мојот избор, ниту моето мислење. Затоа што никој не ги пробал моите чувства, ниту моите болки.
13.06.2010, 14:30
Martins mom
3342
ИЗВОРНА ПОРАКА: Martins mom
Ај малце штипски
газ и гаки - неразделни лимон табиет - за некој што многу се лути мижи Митро, тулумби паѓат - исто значење како мижи Асан да ти баам ко ќе моша Илинка преку Исаро - за нешто невозможно шо ме боле за Овче Поле шо нема море - за нешто што не ти е гајле иди ми дојди ми - нема потреба од објаснување на значењето на ти го дај ми го...
она моша е грешка, треба моча
_____________________________
Никој не може да го осуди мојот избор, ниту моето мислење. Затоа што никој не ги пробал моите чувства, ниту моите болки.
13.06.2010, 14:42
Палешка РР
7505
Кога врбата ќе роди грозје - никогаш Му ја скрои капата - направи план Празен стомак не ора - на гладно не се работи На гладно срце - гладен
_____________________________
When I'm good, I'm very good, but when I'm bad, I'm better.
13.06.2010, 16:48
niki
4299
Аааааааааа колку сме ги имале и колку се смешни
На нероден Петко капа му скроија. - испланираа предвреме Не трчај ко прле пред магаре. - не избрзувај, со ред Се сакаат ко глушецот и мачката. - не се сакаат Пресипува од празно во шупло. - се труди, работи, се мачи ама без резултат
_____________________________
Sometimes two people have to fall apart to realise how much they need to fall back together
13.06.2010, 17:45
Палешка РР
7505
Ем даруш, ем магаруш - ако не ти го бендисаат поклонот На аризан коњ заби не му се гледаат - не наоѓај мани на поклон
_____________________________
When I'm good, I'm very good, but when I'm bad, I'm better.
13.06.2010, 18:34
Палешка РР
7505
Го кркав копанот - настрадав Се прави поголем католик од папата - се прави важен
_____________________________
When I'm good, I'm very good, but when I'm bad, I'm better.
13.06.2010, 22:22
Bogdancanka
5422
ем шут ем боде-крив па се прави јак на св.Никад-никогаш
_____________________________
Човек не мора секогаш да биде херој ама може секогаш да е човек........
14.06.2010, 00:02
Maca25
7558
омилениот на брат ми, а баба ми ни го кажа
ја сакпаа тиквата - се скараа
_____________________________
To be a mother is to know how it feels to have your heart walk around outside your body...
14.06.2010, 10:14
niki
4299
Мачкање очи. - лажење Чист образ. - чесен Ако не можеш по магарето, удри по самарот. - неправедно се напаѓа некој невин, близок на виновникот. преводов ми е Шта да ти причам, кад све знаш ова последново е српски фразеологизам
_____________________________
Sometimes two people have to fall apart to realise how much they need to fall back together
14.06.2010, 10:28
Палешка РР
7505
Надвор е капни замрзни - многу студено Прст пред око не се гледа - магла Сам нека си го вади лебот - нека работи
_____________________________
When I'm good, I'm very good, but when I'm bad, I'm better.