cookie-img

Веб-страницата користи колачиња

за да обезбедиме он-лајн сервис, анализа на користење, системи за рекламирање и функционалности нема да можеме без употреба на колачиња. Со континуираното користење на страницата, се согласувате со колачињата.

writing-img

Фрик-специфичности на вашиот карактер

clock-img

15.03.2013, 10:49

clock-img

Џесика

pencil-img

2036

Има ли нешто што е специфично и чудно во вашето секојдневие, во вашиот карактер, однесување?
Еве на пример, јас кога се качувам или се симнувам по скали, нема шанси ако не ги избројам, некогаш бројам чекори...
Борјан има една фрик-специфичност... инсистира прво деснатаа нога да ја стави во патика, прво десното ракавче да го облече, влегува-излегува со десна нога... не знам откај ова му излезе, малку и ме загрижува...
Има ли нешто кај вас, кај некој ваш близок некаква специфична карактеристика?

< Поракaта ја уредил Џесика РР -- 15.3.2013 10:50:31 >


_____________________________

Жената по природа е АНГЕЛ, но ако и ги скршат крилата таа лесно ќе научи да лета на метла!!!

clock-img

15.03.2013, 10:51

clock-img

Bethany

pencil-img

4534

dodeka gotvam cistam po sto pati koga mi kapne nesto, valjda zato i mrazam da gotvam , se izmoriv cistejki user posted image

clock-img

19.03.2013, 09:28

clock-img

vezilka RR

pencil-img

4931

Кога се возам со автобус бројам црвени коли што ги одминувам. Ова не ми беше пасија, туку заномација првично, ама ми прејде во пасија. Дури едено време, дури идев у средно секој ден запишував колку црвени коли сум избројала, и сите беа живо заинтересирани за мојот список.

clock-img

19.03.2013, 09:35

clock-img

AnnaMolly RR

pencil-img

6409

Мене времето ми е ненормален проблем. На пример, ако јас сум си зацртала дека ќе ручаме во 13:00, а на маса седнеме во 13:10, готово, крај на светот ми е. Ако си испланирам во 07:30 да викнам такси за во градинка, а во 07:35 уште не сум го направила тоа - катастрофа.
Не знам што ми е оваа опседнатост со времето, дури и со мм се карам често за ова, ама посилно е од мене!

Исто така, јас сум фрик кога одиме со мм (или со некој друг, не е битно) МОРААААААААМ да одам од негова десна страна, односно тој да ми биде од лево. Ако е обратно, мислам дека ќе побудалам user posted image

_____________________________

Live and let live

clock-img

19.03.2013, 09:44

clock-img

Палешка РР

pencil-img

7505

И јас сум фрик user posted image

Бројам чекори, бројам скали и најтешко од се бројам букви додека читам филм, а порано и додека разговарав со некого можев да избројам колку букви има во реченицата што ја кажал и тоа веднаш откако ќе ја каже. Татко ми не ми веруваше кога му кажав дека можам веднаш да му кажам колку букви има во реченицата што ја изговорил и ме тестираше. Не можеше да се начуди, секогаш беше точно. И мм некогаш ме тестира чисто да види дали уште мозоков ми се занимава со тој спорт user posted image

Ако не верувате на следната средба испитајте ме user posted image

_____________________________

When I'm good, I'm very good, but when I'm bad, I'm better.

clock-img

19.03.2013, 09:56

clock-img

deluxe

pencil-img

2479

Ne brojam nisto mnogu me nerira toa ,no sum mnooogu perfekcionist,ako sum zacrtala nesto da bide taka-i taka mora da bide po sekoja cena user posted image i mnogu se nerviram ako ne go napravam taka,ili nedaj boze nekoj da mi popreci za toa sto sum go namislila ima da bide bomba hehehehehehe losa sum user posted image inace vodam borba so casovnikot ,si zacrtuvam vo tolku casot da se pravi pr;rucek i moram da letam za da stasam losa osobina e toa mnogu se zamoruvam ama toa e karakter

_____________________________

„ Можеш да го извадиш човек од кал,но калта од човекот не!! “

clock-img

19.03.2013, 10:11

clock-img

miana

pencil-img

6152

Мене едно време ми беше филм што ке ми направи едната рака,истото да го направи и другата ...- веке не ми е user posted image
Инаку една моја особина што си ја сметам за фрик или мана ми е - што секогаш сакам се да ми е испланирано и да тече според планот...Јас на пример ако треба да славам роденден на детето за месец дена а немам закажано каде и што и како - јас се нервирам,ама серозно се нервирам..Или еве поточиња пуштија реклама,јас веднаш отрчав да купам карти зошто знам дека ако ги имам картите-сигурно ке отидам..Ако имам зацртано нешто да направам-морам да го направам и не дозволувам обврски да ми стојат на глава..Се сакам да ми биде завршено на време.Не сакам да должам никому а ниту па да ми должат... Голема тежина ми е да плакам рати ,тоа ми е обврска што ја мислам и ми ствара терет user posted image Незнам дали се ова фрик особини,мислам дека не се ама ете од фрик особините си кажав како бев опседната....user posted image

< Поракaта ја уредил miana -- 19.3.2013 10:12:37 >

clock-img

19.03.2013, 10:29

clock-img

niki

pencil-img

4299

frik koj analizira, se sto ke mi se sluci moram uste ednas da go prerabotam vo mojata glava i mnogu raboti gi pravam mehanicki dodeka so umot sum na drugo mesto
analiziram i drugi luge, tugi postapki, tugi greski, duri ne si sklopam slika vo glava koj, zosto, kako sto ne si davam mir
sama na sebe sum si dosadna ama uste ne sum nasla nacin ova da go izbegnam

_____________________________

Sometimes two people have to fall apart to realise how much they need to fall back together

clock-img

19.03.2013, 13:02

clock-img

Gwendolin

pencil-img

383

Уф фрик сум и тоа како, особено ако некој ми помести нешто по дома. Ако јас отидам кај некој, не пипам ништо што му е дома, ниту пак ако ми рече донеси ми го телефонот во ташната, јас му ја носам цела ташна, не можам да чепкам во туѓи работи и збеснувам ако некој ми поместил нешто по дома. И да се алишта на стол оставени, ако ми ги здипли некој, ќе ги предиплам и пак ќе ги приберам. А ептен знаат да ми се спојат жичките и дури да урлам по човек ако влезам во соба и да видам дека ми отвора во плакар и бара нештоuser posted image user posted image . Е нормално не се однесува ова на мм, макар да и по него викам ако ми размести книги или сл.

_____________________________

Само Вселената и човечката глупост се бескрајни. Всушност, за Вселената и не сум толку сигурен. - Ајнштајн

clock-img

19.03.2013, 14:09

clock-img

Mihaela 2010

pencil-img

4230

Nedaj boze da imam list i penkalo pred mene,odma cel list ke bide so moj potpis isaran..ili so nekoi kocki izboeni...
neznam ete taka mi doaga...ke zemam list da napravamspisok za pazarenje,ili smetki da izracunam i obavezno ima i moi potpisiuser posted image

clock-img

20.03.2013, 08:25

clock-img

Malecka23

pencil-img

1175


ИЗВОРНА ПОРАКА: niki

frik koj analizira, se sto ke mi se sluci moram uste ednas da go prerabotam vo mojata glava i mnogu raboti gi pravam mehanicki dodeka so umot sum na drugo mesto
analiziram i drugi luge, tugi postapki, tugi greski, duri ne si sklopam slika vo glava koj, zosto, kako sto ne si davam mir
sama na sebe sum si dosadna ama uste ne sum nasla nacin ova da go izbegnam




potpis!!! plus imam i fotografska memorija pa ne daj boze nekoj so koj sum bila vo razgovor da trepnel nevoobicaeno ili kivnal hihihih odma sliktie s evrtat vo glava i gotovo i ke go razgobam do beskraj

clock-img

20.03.2013, 08:47

clock-img

babyhope

pencil-img

548

И јас како ники имам обичај да преработувам случки, да анализирам зошто и како некој рекол, што мислел со тоа. Или јас тоа можев поинаку да го кажам да не свати некој нешто погрешно од тоа што сум кажала. Сега се обидувам малку да искулирам околу ова, читав дека тоа се невротски реакции кои не ми се потребни user posted image user posted image user posted image па се трудам малку да се релаксирам

Последни статии

article-img