ИЗВОРНА ПОРАКА: mami
Прво и основно правило- Избегнување на сите продукти што содржат глутен (пченица, јачмен, рж)тоа значи дека болните од целијакија не смеат да користат во исхраната производи од овие житарици. Во исхраната на децата заболени од целијакија, слободно можат да се користат оризот и пченката бидејќи тие не содржат глутен.
Листата на прехрамбени продукти може без проблем да опфаќа млеко и млечни производи, зеленчук, овошје и месо.
Хранливи продукти кои може да се користат:
- млеко, путер, маргарин, павлака, јогурт, сирење
- сите видови на месо, риби и јајца,
- овошје свежо, сушено, конзервирано
- зеленчук свеж, вклучувајќи компир, грашок, грав и леќа
- житарици ориз, пченка, соја, просо
- печурки
- шеќер, чај, какао, мармалад, мед, масло, оцет, сол
Хранливи продукти кои не смее да се користат:
- производи од пченица, рж и јачмен
- брашно, леб, бисквити, кашички од мешани житарици
- сите видови на тестенини
- готова храна со запршка
- сувомеснато- колбаси, виршли, паштети
- бебешки адаптирани млека на кои нема ознака дека не содржат глутен