за да обезбедиме он-лајн сервис, анализа на користење, системи за рекламирање и функционалности нема да можеме без употреба на колачиња. Со континуираното користење на страницата, се согласувате со колачињата.
Дали би направиле се за да го добиете тоа што го посакувате? Дали би им останале верни на своите принципи и морални вредности доколку нешто ви е вон дофатот, или би се служеле со секакви средства да го добиете? Сметате ли дека тоа е правилно и дека има логика во оваа изјава? Колку далеку би оделе за да го добиете тоа што го сакате?
17.10.2012, 22:19
Bethany
4534
За мене целта НИКАКО не ги оправдува средствата. Ништо не е толку вредно да погазам своето јас, да погазам самата себе како човек и другите исто така - оти обично тие средства се повредени чувства, животи на други луѓе. Верувам во правда и знам и видов дека на тие што не бираат средства да дојдат до цел, животот само за трен може да им изгледа таков каков сакат. Обично доаѓа пропаст, пре или покасно.
17.10.2012, 22:31
Bilence2
727
ИЗВОРНА ПОРАКА: Ikana
Дали би направиле се за да го добиете тоа што го посакувате? Дали би им останале верни на своите принципи и морални вредности доколку нешто ви е вон дофатот, или би се служеле со секакви средства да го добиете? Сметате ли дека тоа е правилно и дека има логика во оваа изјава? Колку далеку би оделе за да го добиете тоа што го сакате?
Vaka kako sto ste go definirale poimot/frazata, ne bi gi pogazila moralnite vrednosti, covecnosta i etikata. No jas sum ekonomist i i te kako na poleto na ekonomijata, posebno na biznisot e pravilo br 1. Da ne bidam pogreshno svatena, na profesionalno pole vo oblasta na materijalniot svet DA, no vo korelacija so luge bliski, nebliski, poznati ,nepoznati, prijateli,neprijateli...NE.
_____________________________
A baby makes love stronger, the days shorter, the nights longer, savings smaller and a home happier.
18.10.2012, 09:15
Pepelaska *
3820
Ќе искористам сега една реченица на Тоше( ). Никогаш не би преминувал преку туѓи лешеви за да дојдам до некоја цел.
_____________________________
Жената која мисли дека е интелигентна се бори за еднакви права со мажот. Жената која е интелигентна не го прави тоа !
18.10.2012, 09:40
sandriana RR
2924
За мене оваа девиза МОЖЕБИ би важела за некоја " Недај Боже" ситуација - да се спаси живот на некој мн.близок на пр. - хипотетички велам (темава баш во моментов ме натера подлабоко да ја размислам). Се држам до девизата -никогаш не вели никогаш-, зошто не знаеме што се наидува во животов. Инаку, за лична корист и задоволство не би си дозволила екстремни ситуации на темава.
18.10.2012, 10:55
niki
4299
zavisi koja mi e celta jas imam edna cel vo zivotot, koja ja smetam za najvazna, na prvo mesto nad site prioriteti, da si go izrasnam deteto vo srekna licnost, za toa smetam deka megudrugoto e potrebno i da si go socuvam brakot, i jas i mm da bideme srekni roditeli, zadovolni od nasite zivoti za ovaa cel sum spremna i lesevi da gazam figurativno neli, nemam namera da ubijam nekogo , ama sekoj koj bi mi zastanal na patot ne bi si pominal ubavo e sega sredstvata upotrebeni zavisat od napadot i od napagacot, bitno borec sum i za se sto mi e vazno spremna sum da se boram
_____________________________
Sometimes two people have to fall apart to realise how much they need to fall back together