за да обезбедиме он-лајн сервис, анализа на користење, системи за рекламирање и функционалности нема да можеме без употреба на колачиња. Со континуираното користење на страницата, се согласувате со колачињата.
Дали внимавате какви цртани гледаат ваште деца?Дали им забранувате и како тие реагираат?
_____________________________
Животот е убав за оние кои знаат да го живеат.
27.03.2009, 20:43
mis.
3845
Елена оваа е интересна тема и може на долго и широко да се зборува.од голема важност е да се внимава што гледа нашето дете дури и тоа да е цртан филм.Во денешно време има такви цртани што воопшто немаат воспитно-дидактички елементи туку ги учат децата на агресија и насилство.Затоа ние треба да сме тука да им дозволиме или да им забраниме на децата да гледаат се сто им се нуди на тв.Јас лично сум многу против некои цртани и нема шанси да дозволам моите деца да ги гледаат ама што да правам кога во градинка зборат и дома прашува и ги бара.Сите родители не се толку ангажирани да им забрануваат на децата да го гледаат тоа што не е за нив.После ќе се прашуваме што е со овие денешниве деца ние не бевме такви.да не бевме ама немаше такви работи на тв мечето ушко во 19,20 и право во кревет а сега децата седат со нас до 22.23 па и 00h.Maлку повеќе во секој случај.
27.03.2009, 20:49
Еца
6692
Да за тоа во право си баш сега со сопругот зборувавме колку би сакале да ги погледнеме мечето ушко, штрумфови, летечките мечиња, и уште многу убави цртани.Јас на Мартина откако почна да гледа цртани и дадов до знаење што смее, а што не.Гледа Ноди, Фифи, Том и Џери,Бамби, Дамбо...и сега кога случајно ке налетаме на тие цртани штом не знам ни како се викаат ама на картун нетворк ги даваат, таа ми вика, смени што ми пушташ гупости.Значи децата ниу се најважни па би требало малку повеќе да внимаваме што и како гледаат и учат.
_____________________________
Животот е убав за оние кои знаат да го живеат.
28.03.2009, 10:39
nina
141
Мили Ели и Мис не сум може доволно компетентна да ви давам мислење но сепак еве ке си дозволам .Мислам дека во ред е било какви цртани нормални сепак да се дозволува на децата да се гледаат сега не некој хорор но треба бидејки ако го изолирате уште од мало кога ке му дојде време да се соочи со реалноста ке нема да може да им влезе во тек.Ние сме израснале со Том и Џери што сум читала дека не треба да се гледаат тие бидејки имаат агресија но сепак сме ги гледале така што мислам дека е во ред да ги гледаат тие цртани.А кои не би требало еве според вас да не се гледаат?
17.04.2009, 09:28
niki
4299
Nina, decata se sto gledaat povtoruvaat. Kerka mi gleda Teletabisi i ima edan epizoda kaj sto igraat site cekori gi ima nauceno, a ima dve godini. Mi se sluci ednas da gledam film a ona si igrase ama imase scena eden da udira zena i taa go vide toa i vednas so prviot predmet sto go vide me tresna po nos, bez nikakva pricina, celata otekov. Zatoa mnogu treba da se vnimava, stvarno ima crtani so tepanje ubivanje, bas imam videno eden da me ubies ne mi teknuva imeto a glavnite junaci sse devojki, tajni agenti, ubavo sareno i nezno ama dejstvijata se sekogas proprateni so tepacki i ne e primerno toa da go gleda dete. Nie gledame Fifi, Jagotka, Teletabisi, In the night garden, Pipi dolgiot corap i sl.
19.04.2009, 20:38
nina
141
Да можеби сте сите три во право и убаво е тоа да пазите што гледаат но за Том и Џери мислам дека е греота да не ги познаваат вашите дечиња нив мислам дека секое дете треба да ги гледа и нив можеби ен сум во право можеби и јас ке мислам така кога ке имам деца незнам но тогаш дефинитивно ке барам од вас совети
19.04.2009, 20:44
Еца
6692
Е Нина што да ти раскажувам за Том и Џери моето ги знае напамет а има само 3.5 год,ги чекаме секоја вечер на бумеранг во 20.20 и преку ден во 15 часот,а декаи таму има агресија во право си, но како ликови се многу помили и поинтересни од овие денешниве плашила
_____________________________
Животот е убав за оние кои знаат да го живеат.
25.05.2009, 23:03
Боцко
806
Фифи гледаме од најмали нозе. Како бебе ќе погледнеше по 1 епизода пред спиење. Не знам колку ДВД-ја сме изгребале досега. Потоа дојде Ноди. И во двата случаи имаше денови каде по цел ден се гледаат цртаните и ништо друго. Сега е Мечето Руперт, мајмунчето Џорц, Томица и пријатељи, Дора и Покојо. Изгледавме и цел еден филм, Кунг Фу Панда, како и Мадагаскар 1. Мислам дека изборот зборува за нашата определба сам по себе.
_____________________________
Sometimes it is the people who no one imagines anything of, who do the things that no one can imagine.
25.05.2009, 23:14
biljanaM
662
моето синче многу ретко гледа цртани, ептен со сила, најмногу гледаме гледаме Ноди и Мики Маус, инаку нешто друго не...може некоја песничка да слушне и толку...
_____________________________
Ил смо само ту због рамнотежа меџу звездама.....
26.05.2009, 08:33
mami
8680
леле па вие сте сите супер..Лука нема шанси да го задржиш пред тв подолго од една реклама најдолго гледа во тв-то когатреба да заспие бидејќи тогаш ги гледа супер ѕвезда и така си заспива инаку нема шанси..а му пуштам на компјутер цртани додека си игра па одвреме на време фрла некој поглед натаму..а му ги симнав од нет мечето ушко, том и џери, мразулко и пријателите, руски бајки на руски така да со тие ке го бомбардирам кога ке се заинтересира да гледа, оние од картун нетвурк и јас неможам да ги гледам, поголема глупост неможеа да измислат
26.05.2009, 10:08
mis.
3845
Мами мечето ушко на руски ви е јас неможам да го најдам на македонски,ај за помош од каде да го симнам на мак ако го има.
26.05.2009, 10:13
mami
8680
http://www.youtube.com/watch?v=_kVSnuk99Gs еве ти една епизода а другите сами ке ти се појават таму во опции..знаеш и јас прво неможев да ги најдам и после им ја открив финтата- ако го напишеш на латиница не го дава, ке се префрлиш на кирилица и ке го најдеш, исто и за мразулко ако ти сакаш ке ти ги изрежам на двд и ке ти ги дадам јас симнав еден тон..сега ги симнувам том и џери имам едно 100 и кусур епизоди а пред некое време мм ги симна Duck tales знаеш со пајо паторот и внуците, ама на англиски и тоа сите епизоди едвај чекам да почнеме да ги гледаме и јас да си се потсетам на нив
16.06.2009, 20:56
katence
222
Fala vi sto me vrativte malku nazad vo godinite i podsetivte na meceto usko,strumfovi.Imase uste eden sto go pamtam bese so sneg i mrazulci pa nesto crtaa so mrazulcite,lele ama objasniv Znam koj e vo glavava go imama samo neznam da objasnam Kaj mene se podeleni ednoto za pomali crtani drugoto za pogolemi i dodeka da resime sto ke se gleda sekoj den samo karanici. A inace na toj картун нетворк stvarno nekoi gluposti sto davaat kako im se gleda toa na decava neznam
04.07.2009, 15:10
Еца
6692
Според мислењето на психолозите, задачата на секој цртан филм е да воспостави емотивен контакт со детето и да послужи како канал за празнење на неговата креативна енергија. Гледајќи го цртанот, детето се поистоветува со ликовите, што влијае на формирањето на неговата личност. Затоа психолозите советуваат дека дете од две години дневно треба да помине најмногу 15 минути пред екранот, додека во неговата петта година тоа се зголемува на еден час.
_____________________________
Животот е убав за оние кои знаат да го живеат.
15.07.2009, 01:30
mis.
3845
Син ми го обожава CARS а посебно зелената кола чак.Татко му кога беше за белгија му ги донесе црвената-меквин,сината-сали и багерот но тој беше запнал за зелената и за среќа во бисер ја најдовме.Од тинекс го купивме и херикоптерот и сега сме вака:јас сум црвената,таткјо му е таа старата,тој е зелената,брат му е сината а хеликоптерот е папагалчето живко што го имаме.Уште додека бев бремена сината ми ја даваше на мене дибејќи брат му е во мене.Смешки.
07.08.2009, 01:54
nadica
4381
nadica obozava najavni spici od crtanite: noddy, micky mouse, winnie the poo, aii dog go to heaven, tom&jery,... mnogu saka i reklami so zanimliva muzika momentlno hit i se za cocacola brrrrrrrrrr reklamite i za mia sokovite ludnica
12.09.2009, 23:00
biljanaM
662
напредуваме со гледањето цртани....Воислав цело време гледа Ноди само....дури и куклата ја купивме.....
_____________________________
Ил смо само ту због рамнотежа меџу звездама.....
12.09.2009, 23:20
niki
4299
Nie premnogu gledame crtani, go imitirame Jahari kako go java Mali grom, si igrame so Sestricka od Artur, Mala princeza ja potseti deka saka pak da bide bebe i sega ima napadi koga saka da cica ili da i kupime cucla lazacka. Nekogas se prasuvam da ne mi se pretvori deteto vo onie psiho slucavi so multi licnosti neznam kako se vikase tocno sostojbata. I mislam deka pod vlijanie na crtanite ima razvieno i zamislen prijatel, se vika Bucko i stalno go guska go vodi za raka go kreva i tn, ne sum sigurna uste dali e izmislen ili od nekoj crtan, ama ova fantazijava na moevo devojce nekogas me plasi.
Imal nekoj od vas vakva ili slicna situacija?
< Поракaта ја уредил niki -- 12.9.2009 23:21:00 >
05.10.2009, 12:41
mother 29
4405
ноди(цртан) , петко со мина(детска серија),миа сокови(реклама)
06.10.2009, 09:04
profesorica
5709
Дамјан не гледа цртани , само најавната на НОДИ и толку после почнува да кенка.
_____________________________
Има само едно најубаво дете на цел свет, и секоја мајка го има :))
06.10.2009, 09:07
big_mama817
1331
син ми не гледа цртани
< Поракaта ја уредил big_mama817 -- 6.10.2009 9:08:12 >
_____________________________
Децата се најголемо богаство :)
06.10.2009, 10:15
mami
8680
во последно време почнува да ги загледува..обично кога е поспан и ке седне демек ке гледа и ке си заспие
04.11.2009, 13:32
BEBICA
2014
Monika go obozava crtaniot film NODY.Koga ke go vidi ne trepnuva i momentalno stanuva ko kip ne mrda. Normalno ne i dozvoluvam mnogu da gleda crtani.
_____________________________
Дајте и на жена десет добри совети, таа ќе го следи само еднинаесеттиот - својот.
04.11.2009, 13:37
profesorica
5709
И дамјан го гледа ноди ептен, сега моите и свекрва ми му зеле цеде ноди.Ќе гледаат заедно со девојка му Моника а БЕБИЦЕ?
_____________________________
Има само едно најубаво дете на цел свет, и секоја мајка го има :))
04.11.2009, 15:25
Mamicka3
755
Моите гледаат многу цртани,нај интересен им е Томица и влахове,но кога ќе ги пуштат оние на карут нетворк е тогаш може и да се скараме
_____________________________
Децата се најголемо богатство Марио 31.10.2002 Ана Марија 01.11.2005 Трајче 20.09.2009