cookie-img

Веб-страницата користи колачиња

за да обезбедиме он-лајн сервис, анализа на користење, системи за рекламирање и функционалности нема да можеме без употреба на колачиња. Со континуираното користење на страницата, се согласувате со колачињата.

writing-img

Цртежи

clock-img

17.05.2011, 10:57

clock-img

Maca25

pencil-img

7558

Ајде тука да ставиме по некој цртеж од нашите најмили или пак некој ваш цртеж, на сопругот/сопругата... да се посмееме малце !!!

Еве еден од Нина. Се вика Музика!

user posted image


_____________________________

To be a mother is to know how it feels to have your heart walk around outside your body...

clock-img

19.05.2011, 07:52

clock-img

mamamoni

pencil-img

492

еве јас нешто од свеќи, наши немаме user posted image user posted image user posted image
user posted image
се надевам дека Софија ќе го има нејзиниот талент

_____________________________

Daughters are another version of yourself, but only better !

clock-img

20.05.2011, 11:01

clock-img

Maca25

pencil-img

7558

Не е само Нина сликарка и Тато е! еве една негова слика, на која и беше дозволено и на Нина да цртка user posted image

user posted image

објаснување за сликата: бебе кое пие млекце 80 гр. и е поврзано со папочната врвца со сонцето (тоа сум ЈАС) user posted image user posted image user posted image


< Поракaта ја уредил Maca25 -- 20.5.2011 11:02:55 >


_____________________________

To be a mother is to know how it feels to have your heart walk around outside your body...

clock-img

11.05.2012, 17:52

clock-img

Felly RR

pencil-img

7977


ИЗВОРНА ПОРАКА: miana

Мамички,денес решив да ја отворам оваа тема,инспирирана од цртежите на мојата керкичка..Денес ми нацрта неколку цртежи од "нашето семејство" и сакам да ги споделам со Вас. Ајде сликајте или скенирајте ги цртежите од Вашите "уметници" и споделете ги со рингерајки.



ИЗВОРНА ПОРАКА: Julie RR

Miana одлична тема, би можеле во склоп на оваа тема да повикаме и вклучување на Рингерајчиња во изборот на нај цртеж на омилен спорт. Олимписките игри во Лондон се приближуваат и Британски совет реши да наградува во знак на тие игри.

Очекуваме твојата керка да се вклучи и останатите Рингерајчиња КЛИК



ИЗВОРНА ПОРАКА: miana

Еве слика од сите нас
user posted image



ИЗВОРНА ПОРАКА: miana

user posted image

тоа точката е бебето,втора сум јас-мама,трет е тато и тоа над нас е уметникот - Миа

user posted image на овој цртеж се бебето и дада...Ај доста од нас,ајде да Ве видиме Вас




_____________________________

Life isn't about waiting for the storm to pass, it's about learning to dance in the rain.

clock-img

11.05.2012, 17:56

clock-img

Felly RR

pencil-img

7977

Ние сме уште мали за да се вклучиме во оваа игра од Британскиот совет, ама затоа ги очекуваме цртежите од поголемите рингерајчиња.user posted image

_____________________________

Life isn't about waiting for the storm to pass, it's about learning to dance in the rain.

clock-img

23.10.2012, 17:05

clock-img

Pepelaska *

pencil-img

3820

ИЗВОРНА ПОРАКА: Pepelaska RR

Цртеж на кој доминира едно големо црвено срце, а во него споени машка и женска фигура, е дело на едно дете на разведени родители. Ова е еден од многуте цртежи што го привлече нашето внимание, додека ги разгледувавме цртежите во канцеларијата на Мери Бошковска, психијатар која се занимава со проблемите во развојна возраст во Заводот за ментално здравје. На овој цртеж детето нацртало и една куќичка и дрво кои се ?фрлени" во едно ќоше, безначајни во споредба со огромното срце кое го зафаќа речиси целиот лист хартија. Малиот автор на цртежот го прави она што не може во реалноста: ги спојува неговите разделени родители. Речиси сите деца од разведени бракови, кои доаѓаат во Заводот со цел да излезат од нивниот свет на грижи, да ги совладаат нивните трауми и да му се препуштат на убавото и безгрижно детство, нивните родители на цртежите ги спојуваат: тие се ставени или во срце или се држат за рака, ни напоменува д-р Бошковска, началник на Дневната болница во Заводот. На тој начин ја искажуваат нивната силна желба и она што ги мачи, ги разрешуваат внатрешните конфликти што го искажуваат преку цртежот.


Цртежот е средство на детското изразување. Преку цртежите децата ги екстернализираат своите мисли, можеме да ги разбереме нивните интереси и способности, нивните доживувања, проблеми, конфликти, стравови. Во светот се познати психолошки тестови базирани на цртеж. Така Гудинаф, врз основа на цртеж ја оценувала детската интелигенција. Маковен направил тест на човечка фигура на различни пола, во кој детето треба да ги нацрта женската и машката фигура. Цртежот може да каже како детето ги доживува искуствата во семејството, било да е тоа реално или фантазматски. Преку него можат да се видат конфликтите во семејството што ги доживува детето во однос со другите домашни.

Она на што треба да се внимава е приборот за боење, дрвените боици мора да бидат со еднаква големина, сите да се наострени, со што се постигнува правилен пристап. Ако некои од боиците се помали и ненаострени детето нема да ги земе тие боици, па оттука испитувањето нема да ја постигне целта, потенцира д-р Бошковска.

Во анализата, црвената боја е агресивна боја и означува акутно и емоционално доживување кое може да биде пријатно и непријатно. Но, исто така, е симбол и на живот, на крв, темперамент, на енергија.

Жолтата боја е безгрижна детска боја која означува емоционална боја во зависност од возрасните и значи опкруженост со љубов.

Зелената е интелектуална боја и означува контрола на однесувањето.

Црната е депресивна анксиозна и означува емоционални потешкотии. Значи ако има повеќе кафеава и црна боја, означува протест против дисциплинирање, кога родителите бараат од децата да бидат чисти и средени. Кај децата може да се јави отпор, бунт против таквото дисциплинирање што го манифестира преку цртежот.

Портокаловата боја е релаксирачка боја и означува среќа и релаксираност. Кога зборуваме за боењето на детските цртежи, децата помали од четири години мачкаат по цртежот и не можеме секогаш да се потпреме на анализата на боите. Но за анализата на боите може да зборуваме над петгодишна возраст.
user posted image
Извор:утрински весник


ИЗВОРНА ПОРАКА: Pepelaska RR

Ова ми беше омилена тема додека студирав.Многу ме интересира што се крие во детската душа.
А најверојатно тоа може да се види и преку цртежите па макар биле и некои начкрапани линии.

Ние дури сега почнавме да покажуваме интересе за цртање ама сеуште не можам да откријам што му значи нешто оти сега засега само чкрта.

Се трудите ли вие да дознаете како се чувствуваат децата преку некој цртеж?
И што мислите дали во основното училиште му се обрнува доволно внимание на овој предмет?




_____________________________

Жената која мисли дека е интелигентна се бори за еднакви права со мажот. Жената која е интелигентна не го прави тоа !

clock-img

10.11.2012, 08:36

clock-img

Maca25

pencil-img

7558

Еве нешто од Н.

оваа слика беше во мојот пост погоре, ама веќе ја нема таму user posted image
user posted image

user posted image

Ова сме ние:
user posted image

_____________________________

To be a mother is to know how it feels to have your heart walk around outside your body...

clock-img

10.11.2012, 08:40

clock-img

Maca25

pencil-img

7558

ЕВе нешто што јас најдов за детските цртежи:

Дел од психолозите и педагозите советуваат, родителите да обрнат поголемо внимание на цртежите на нивните деца. Иако не треба да се генерализира, бидејќи секое дете е посебно, сепак, следните укажувања можеби ќе ви помогнат да откриете што се случува во моментот со вашето дете…

- Жолтата, портокаловата, зелената и сината боја, децата ја користат за да прикажат среќни моменти, а кафеавата, црвената и црната за тажни.

- Децата кои користат топли бои се најчесто импулсивни, енергични и пријателски настроени кон другите. Ладните бои пак, се карактеристични за мирните и нежни деца, кои се емотивно воздржани и многу често играат сами.

- Доколку цртежот е на левата страна од листот, тоа значи дека детето е повеќе приврзано за мајката, а ако е на десната тоа е понаклонето кон таткото. Среќно и задоволно дете е она кое црта на средина на листот.

- Недостатокот на боја во цртежите може да значи проблем во социјализацијата на детето, а претераната употреба на одредени бои, може да биде индикатор за пречки и нарушувања во неговиот развој.

- Премногу црвена боја во цртежите води кон заклучок дека детето е раздразливо. Доколку пак, одбива да ја користи, тоа може да биде аларм дека детето е под стрес. Треба да се открие причината за стресот и да се создаде мирна атмосфера за одмор за детето.

- Зелената боја покажува емоционална стабилност, но ако е пренагласена може да значи несигурност. Таквите деца треба да се охрабруваат и да им се овозможи поголема слобода

- Премногу кафена боја користат децата во чии семејства се бара висока хигиена.

- Доминантната црна боја пак, е знак за депресија, страв и несигурност, кои детето не може само да ги надмине, па затоа му е потребна голема поддршка и помош од родителите.

- Тенки и испрекинати линии цртаат срамежливите и несигурни деца. Тие ги кријат своите цртежи и обично цртаат премногу мали фигури во аглите на хартијата. На овие деца им е потребно големо внимание, љубов и пофалби.

- Долгите, прави и темни линии се карактеристични за агресивните, каприциозни и самоуверени деца.

- Емоционално стабилните деца никогаш не повторуваат фигури во своите цртежи, додека пак, децата кои не можат да се прилагодат на новонастанати ситуации, ги копираат своите цртежи. Со тоа сакаат да избегнат соочување со проблеми, кои ги носи новата ситуација. Повторувањето детали и ликови може да значи и недоволна ментална зрелост на детето.

- Детето кое е емотивно приврзано за своите родители и тие му се премногу важни, нивните фигури ги црта големи и блиску до себе. Во неговите цртежи членовите на семејството се држат за раце. Посебно внимание во цртежите треба да се обрне на нозете од родителите. Доколку ги црта боси, без стапала или без нозе, тоа може да значи дека нема доверба во нив.


< Поракaта ја уредил Maca RR -- 10.11.2012 8:41:37 >


_____________________________

To be a mother is to know how it feels to have your heart walk around outside your body...

clock-img

11.11.2012, 13:16

clock-img

penelopa

pencil-img

3419

Мацо твоја Нина е навистина талентuser posted image
Инаку син му прв пат виде табла за цртање во Монтесори градинката каде што одиме- таму му дадоа четка и боја и му беше интересно да шара. После дома јас исто му залепив неколку листови му дадов водени боички и неколку дена по ред му беше интересно да слика. И толку му помина меракот. Барам да му најдам такво постоље за чртање за да може секогаш кога ќе посака да слика. Најмногу мерак му направи на тато и на дедо му бидејќи и двајцата ја сакаат ликовната уметност- свекор ми е несуден сликарuser posted image

_____________________________

"When planning for a year, plant corn. When planning for a decade, plant trees. When planning for life, train and educate people."- Kuan Tzu

clock-img

11.11.2012, 23:04

clock-img

Maca25

pencil-img

7558

Пенелопа, може да му купиш мало штафелајче, ги има и во Икеа и во Џамбо, па и по поголемите книжарници. Ние имаме дома голем штафелај, наместен како за висината на Н. и едно мало за на маса (подарок за роденден од Џесика и Бобо). И купуваме редовно мали платненца и бои, и Н. може по цел ден да се занимава.

_____________________________

To be a mother is to know how it feels to have your heart walk around outside your body...

clock-img

12.03.2013, 20:37

clock-img

Maca25

pencil-img

7558

Во последно време Н. многу сака ние да и нацртаме нешто, па она на друг лист да прецртува и стварно добро и оди. Со мм пред некој ден нацртаа пиратски брод, дел по дел он и црташе а она на друг лист повторуваше. Најинтересно ми е што забележува ептен детали и се труди да ги долови убаво. Еве едно пиленце од неа нацртано.
user posted image

_____________________________

To be a mother is to know how it feels to have your heart walk around outside your body...

clock-img

03.05.2014, 11:33

clock-img

Felly RR

pencil-img

7977

user posted image
Насловот на цртежот е: Дете што оди во училиште, ама ова е големо дете и носи штикли, и сите заби му се гледаат оти е многу насмеано, зошто е радосно дека оди на училиште. user posted image

_____________________________

Life isn't about waiting for the storm to pass, it's about learning to dance in the rain.

clock-img

03.05.2014, 12:19

clock-img

bucko mal

pencil-img

1431

Prviot crtez na Markouser posted image

user posted image

_____________________________

You have to dream if before you can do it.

Последни статии

article-img