Не знаеме дали се сеќавате на епизодата "Are we sluts?" од хит - серијата „Sex and The City"? Ви текнува ли кога Charlotte запозна совршен маж, но со една... хммм, па можеме да ја наречеме маана: во текот на сексот и зборуваше дека е проститутка, а таа како фина и конзервативна девојка, никако не можеше да се навикне на тоа. Велат дека во војната и во љубовта се е дозволено, а ние би додале - секој има различен вкус. Samantha најверојатно би уживала ако налета на таков дечко. Во секој случај, звуците и зборовите кои излегуваат од неговата уста додека сте во љубовна прегратка многу зборуваат за него, но и за неговото искуство. Следи основната типологија:
ТОЈ СТЕНКА
Како звучи: Ух...ах, ах......аааааааах Што значи тоа: Тој е мачо - фраер кој се труди да се задоволи себе си, но и вас да ве задоволи. Зад тоа силно стенкање во текот на сексот се крие загриженост дека ќе сврши пред вие да постигнете оргазам па затоа сака да си го одвлече вниманието со нешто друго, а сепак да не го прекине сексот. Што треба да преземете: Помогнете му така што ќе го забавите ритамот ако сте врз него или задржете се на неговите усни со еден долг бакнеж за да се соземе малку. Ако сакате некогаш да ви зборува во креветот, тогаш предизвикајте го со секси прашања од типот: „Што сакаш да ми правиш во моментов"?
ТОЈ МОЛЧИ
Како звучи: На моменти забележувате дека длабоко дише...или тоа е сепак бојлерот?! Што значи тоа: Можно е да е само срамежлив. Мажите уште од мали ги учат на тоа дека не е машки да се покажуваат чувствата и емоциите, а вашето момче очигледно тоа сериозно го сфатил. Што треба да преземете: Пробајте да го смените чекор по чекор. Поставувајте му прашања на кои може кратко да одговори (се додека не се ослободи) на пример: „Дали ти се допаѓа ова што го правиме?" или „Сакаш ли да продолжам?". Кога ќе ви одговори, шепнете му дека ве возбудува кога ќе ви каже што сака да му правите. Без грижа, и таа птица порано или подоцна ќе пропее.
ЕПСКИ РАСКАЖУВАЧ
Како звучи: „ Прво ќе ти ги соблечам гаќичките, па ќе те лижам овде, па онде, па ќе прејдам на...уф, брадавиците ти се толку крути!" Што значи тоа: Верувале или не, тој мисли дека овој вид на нарација ве води кон експлозивен оргазам. Некои мажи сериозно си ја сфаќаат работата кога некој ќе им каже дека се тивки во креветот па мислат дека во текот на сексуалниот чин мораат да го вербализираат секој потег кој следува. Знаеме дека ова може да ве иритира, но барем признајте му дека се труди. Што треба да преземете: Затворете му ја устата со бакнежи. Но после сексот бидете сосема отворени и искрени. Неговата навика тешко ќе ја прекинете ако му испраќате само суптилни сигнали.
ТОЈ РИКА
Како звучи: „ООоооххххоооо...ова е тооооолку многу доооооброоо" Што значи тоа: Додека водите љубов, пукаат ѕидовите,а соседите ставаат тампони во ушите. Тој се внесува во акцијата и се препушта на задоволството како да живеете на пуст остров. Овој тип на маж е неизмерно сензуален. Што треба да преземете: морате да бидете директни. Сопрете го и нежно кажете му: „ Ако комшиите ни повикаат полиција, ти ќе ја платиш казната за нарушување на јавниот ред и мир!". Ако ни ова не помогне, а тој е толку добар во креветот што не можете да го откачите, тогаш изолирајте ги ѕидовите во спалната соба. ТОЈ Е ПРОСТАК Како звучи:„ Можам да те карам до утре" Што значи тоа: Знаеме дека е иритирачки. Веројатно тие зборови и реченици ги слушнал во порно филмовите, па мисли дека се кул. Или пак, уште полошо, има проблем со одржување на ерекцијата па на секои 5 минути мора да го разгорува жарчето да не изгасне. А можеби пак е себичен и воопшто не го интересира што вам ве возбудува и колку ваквите зборови ве иритираат. Што треба да преземете: Свртете го разговорот на шега. Кажете му: „Woow, за момент помислив дека глумам во некој филм". Кога ќе се капеме морам да ти ја исперам устата со сапун". А потоа бидете сериозни и кажете му дека таквите простачки работи не ве возбудуваат, туку напротив ве деконцентрираат. Освен ако и вие немате свој порно алтер его. Во тој случај, покажете му на аматерот како се прави тоа.
_____________________________
Дајте и на жена десет добри совети, таа ќе го следи само еднинаесеттиот - својот.