cookie-img

Веб-страницата користи колачиња

за да обезбедиме он-лајн сервис, анализа на користење, системи за рекламирање и функционалности нема да можеме без употреба на колачиња. Со континуираното користење на страницата, се согласувате со колачињата.

writing-img

Што ви пречи кај наградните игри?

clock-img

11.06.2013, 10:06

clock-img

Pepelaska *

pencil-img

3820

Темава е општо за сите наградни игри не само за нашава, иако може и за тоа да се продискутира.
Мене најмногу ми пречат неправди, местенки, луѓе кои се би направиле за награда.
Нормално дека секој сака да победи но некогаш самите правила на игри и резултатите ќе го демотивираат човекот.

Конкретно за нашава на РР ми пречи единствено што некои членови се активираат само и само за награда а не дека РР им значи нешто. И најчесто само за тоа се уклучуваат.

А вас?

clock-img

11.06.2013, 10:10

clock-img

mama_06

pencil-img

395

Ме нервирет и им се дивам во исто време шо можат да најдат дупка во правилата и оп, ете ги со награди. Ова важит за сите наградни игри.

clock-img

11.06.2013, 10:15

clock-img

vezilka RR

pencil-img

4931

Хе, хе абе ние македонци сме махери за наоѓање дупки во се не па во наградни игри..
Мене ми пречи штониту еднаш не сум добила награда..а да не е утешна награда, хе, хе..немам среќна рака изгледа..

clock-img

11.06.2013, 10:16

clock-img

niki

pencil-img

4299

ne sum tip koj saka nagradni igri, i voopsto ne igram vo realniot zivot
povremeno ednas vo nekolku meseci mi doaga zelba da se zabavam so nekoja igra i toa obicno se igrici na telefon ili kompjuter, interesno e deka interes me drzi se dodeka gi nadminuvam poenite od prethodniot obid, koga ke go dostignam svojot vrv prestanuvam
na RR ucestvuvav vo martovskot natprevar i sega, cel ne mi e da osvojam nagrada, ni togas ni sega, no motiv mi e osvojuvanjeto sto poveke poeni kako da igram igrica na telefon
i priznavam deka ovojpat sum pomalku motivirana iako postoi lesen nacin da se osvojat mnogu poeni, i verojatno ako ima povtoruvanje na natprevarov bez nikakvi promeni vo pravilata i nacin na igra samo so smena na sponzori sleden pat nema ni da ucestvuvam ili bar ne so tolkav angazman
inaku da i mene me nervira sto eden kup clenovi se aktivni na forumov samo koga se nagradni igri a potoa gi snemuva

_____________________________

Sometimes two people have to fall apart to realise how much they need to fall back together

clock-img

11.06.2013, 10:19

clock-img

Yummy Mammy

pencil-img

1690

Sto ne znaeme da IGRAME!user posted image user posted image user posted image

_____________________________

There are no strangers, just friends you haven''t met yet!

clock-img

11.06.2013, 10:26

clock-img

anaana

pencil-img

1126

mi preci sto sekoja nagradna igra e povrzana so FB, so kopceto like.
ne zboruvam konkretno za ovaa nagradna igra, bidejki ova ne e nekoj vid nagradna igra tuku natprevar za brzo osvojuvanje na poeni, tuku zboruvam opsto za se.
sekogas mora da ima share na fb, pa mora site da znaat deka ti igras nekoja nagradna igra, pa da spodeluvas i sl..
jas ne sakam mnogu spodeluvanje na fb i zatoa najcesto ne igram nagradni igri online :)))

za natprevarov na rr realno ima clenovi koi samo sobiraat poeni, dali preku like, dali preku kratki razgovori na bilo koja tema, ama pretpostavuvam deka celata na natprevarov e da se soberat poveke poeni, a so konstruktivni diskusii toa ne se pravi :)))

clock-img

11.06.2013, 10:47

clock-img

Snowhite RR

pencil-img

5042

Ми пречат местенки само за да се добие награда, па нели е поубаво ако успееш сам да добиеш награда, а не некој да ти ја даде. Не можам да ги разберам

_____________________________

Life is not the amount of breaths you take, it''''''''s the moments that take your breath away

clock-img

11.06.2013, 10:55

clock-img

vezilka RR

pencil-img

4931

Ова за споделување на ФБ..и на спонзори и на организатори веројатно многу им е битно споделувањето на ФБ бидејќи ние сакале или не ФБ во моментов е најбрз и наираспространет начин на проширувањена информации. А ним им е битно да се проширои информацијата, да се изрекламираат, а помалку битно им е кој ќе добие награда. Тоа е бизнис дечки. Наградните игри организаторите (воопшто, сите) не ги праат од љубов кон оние кои ќе ги играат, туку за заработувачка. Ќе фрлат три, четири наградички, а ќе заработат кој знае колку.

clock-img

11.06.2013, 11:03

clock-img

Bethany

pencil-img

4534

Па нормално, наградните игри се направени да и двете страни имаат полза, дури спонзорот поголема полза бидејќи ќе се изрекламира и така инвестира во својата фирма. па и наградите кои поделат се ништо наспрам резултат и корист во иднина.

Инаку, не ми пречат наградни игри, не ги ни играм, имам споделено два-три пати некоја слика на ФБ , нели така автоматски влегуваш во кругот на натпреварувачи, ама тие па не ми се верни, мислам дека од тие се е местенка ради рекламата.

Конкретно за РР, не ми сметат членови што се тука само за наградна игра, па сакаат луѓе наградни игри? user posted image
Би било поубаво кога би биле активни и тука понатаму, ама на крај нивниот си е избор.
Можеби малку изгледа неправедно спрема активните членови, ама наградна игра е наградна игра, за сите, и не може на сите да се угоди.

clock-img

14.06.2013, 10:31

clock-img

pepa_peperutka

pencil-img

1

Мене не ми сметат наградните игри, кој сака учествува, кој не сака не. Точно е дека се прават за корист на двете страни.
Јас ги сакам и се трудам да ги следам овде nagradnaigra.mk. Кој сака проверува, кој сака учествува и ги следи правилата. Ама на се што му е убаво, му доаѓа крајот :(

< Поракaта ја уредил Felly RR -- 14.6.2013 12:50:49 >

clock-img

14.06.2013, 12:13

clock-img

Goddess*

pencil-img

332

Opshto poznato e deka nagradnite igri se golemi mestenki,dali za pogolem ili pomal zalak,mesteno e,pa zatoa ne ni trosham vreme na takvi raboti,a dodusha ni sega na forumov ne celam kon nekakov poen ili nagradauser posted image

clock-img

18.06.2013, 18:06

clock-img

Felly RR

pencil-img

7977


ИЗВОРНА ПОРАКА: Fiao

Јас пак у мој стил ама сепак не можев да останам рамнодушна... Тотално ми е нескладно на сајт наменет за деца, кој се грижи за нив и нивното здравје да се доделуваат само крајно нездрави продукти со мноооогу шеќер... Особено ми е несладно што сајт како овој упорно ги промовира нивните производи како да тоа е нешто навистина добро... Подобро ќе беше да се подели по некоја играчка отколку тортици, чоколади, шеќери, боенки кои исто така промовираат нездрава храна... И крајно не хумано ми е размислувањето од типот на: ова не се дорби производи за моето дете, ама за децата од домот нема гајле user posted image user posted image user posted image



ИЗВОРНА ПОРАКА: miana


ИЗВОРНА ПОРАКА: Fiao


. И крајно не хумано ми е размислувањето од типот на: ова не се дорби производи за моето дете, ама за децата од домот нема гајле



Потпис!!!




_____________________________

Life isn't about waiting for the storm to pass, it's about learning to dance in the rain.

clock-img

18.06.2013, 18:13

clock-img

Felly RR

pencil-img

7977

Мене пак ми се допадна тоа што сите награди беа идентични, и не може некој да се чувствува дека добил по(не)вредна награда од друг. Е сега тоа дали му се допаѓа на некого наградата е прашање на личен вкус. Затоа во секоја наградна игра, оној што сака да добие награда учествува, а ако не ти се допаѓа наградата не мораш да се натпреваруваш.

_____________________________

Life isn't about waiting for the storm to pass, it's about learning to dance in the rain.

clock-img

18.06.2013, 18:26

clock-img

Fiao

pencil-img

771

Јас па мислев дека ова е тема за она што ни пречи, а не што ни се допаѓа...

ИЗВОРНА ПОРАКА: Felly RR

Мене пак ми се допадна тоа што сите награди беа идентични, и не може некој да се чувствува дека добил по(не)вредна награда од друг. Е сега тоа дали му се допаѓа на некого наградата е прашање на личен вкус. Затоа во секоја наградна игра, оној што сака да добие награда учествува, а ако не ти се допаѓа наградата не мораш да се натпреваруваш.


clock-img

18.06.2013, 18:29

clock-img

Felly RR

pencil-img

7977

Па може да продискутираме и за тоа што ни се допаѓа - за да не бидеме само негативни. Што мислите?

_____________________________

Life isn't about waiting for the storm to pass, it's about learning to dance in the rain.

clock-img

18.06.2013, 18:35

clock-img

Палешка РР

pencil-img

7505

Ништо не ми смета ниту кај наградите, ниту кај наградните игри.

Прво затоа што на аризан коњ во заби не му се гледа, а второ ако ми се допаѓа играм, ако не ми се допаѓа не играм.
Лесно ко два и два user posted image

_____________________________

When I'm good, I'm very good, but when I'm bad, I'm better.

clock-img

18.06.2013, 20:17

clock-img

Viktori

pencil-img

5329

Ми пречи спамот.
Кога една иста порака се повторува илјадаишестопееспет пати. Ај тука ако не сакам нема да се логирам, ама коа ќе почнат објави на фб ко луди или бришам или на хајд се тоа или анлајк пејџ. На онакви пораки на фб не ни одговарам и одма ја напуштам пораката.

Наградни игри не играм. Иам удирано автомати, ама за на слика, за ништо друго. И нормално ништо не добив. user posted image

_____________________________

Danger! Ha! I laugh in the face of danger. Ha, ha, ha, ha ...
Мај нејм ис лукс. Жито лукс.




clock-img

18.06.2013, 20:45

clock-img

deluxe

pencil-img

2479

Играм мноогу наградни игри,ништо не ми сметаuser posted image ги обожавам,ептен ми се предизвикuser posted image , а и имам многу награди освоено(и бинго еднаш)user posted image

_____________________________

„ Можеш да го извадиш човек од кал,но калта од човекот не!! “

clock-img

18.06.2013, 22:31

clock-img

rina13

pencil-img

1147

Браво бе Делукс вака кога читам добивам и јас желба да играм. Едно време се утепував гребејќи грепки(сега уште гребам од време на време не губам надеж), ама гром во коприва не удираuser posted image user posted image user posted image . Еднаш добив награда часовник и толку.
Мразам во наградниве игри што ништо не добивамuser posted image

clock-img

19.06.2013, 09:45

clock-img

anaana

pencil-img

1126


kako sto napisa nekoj pogore nagradata e nagrada na koj mu se svigja neka igra na koj ne mu se svigja neka ne igra...
site deca sakaat da sobiraat zivotinsko carstvo, i se presrekni ako dobijat paket proizvodi. sekako deka nema da gi izede deteto vo eden den.. nitu pa vo edna nedela..

Модератор: Пораката е уредена. Офтопикот е префрлен во соодветна тема.

< Поракaта ја уредил Bethany RR -- 19.6.2013 11:23:57 >

clock-img

19.06.2013, 11:20

clock-img

Bethany

pencil-img

4534

Постовите кои се однесуваа за менито во градинките се преместени ТУКА

Постовите за здрава храна/исхрана се преместени ТУКА

_____________________________

" Maturity is knowing more and more what is worth fighting for, and what is not worth fighting for."

clock-img

19.06.2013, 11:51

clock-img

AnnaMolly RR

pencil-img

6409

Мене па БАШ не ми пречи туку ми се допаѓа и весело ми е кога ќе отворам РР со мечето Лино. И воопшто не гледам што е тука ХОРОРОТ ако детето касне нешто слатко барем двапати во неделата? Ќе дојде крај на светот?

_____________________________

Live and let live

clock-img

19.06.2013, 12:36

clock-img

Fiao

pencil-img

771

Moze za nekoi od vas ke zvuci radikalno, ama ja da sum bi gi sobrala site zeni od forumov koi bi sakale da ucestvuvaat i vo soglasnost so domot bi otisle tamu da im iskopame i posadime edna ubava gradina od koja sekogas ke moze da si naberat nesto vkusno i zdravo... Baska i ke se educiraat za nesto korisno - gradinarstvo, ke podnaucat nesto i za zemjodelie, namesto da gledaat turski serii po cel den na doniranite televizori!

ИЗВОРНА ПОРАКА: AnnaMolly

Мене па БАШ не ми пречи туку ми се допаѓа и весело ми е кога ќе отворам РР со мечето Лино. И воопшто не гледам што е тука ХОРОРОТ ако детето касне нешто слатко барем двапати во неделата? Ќе дојде крај на светот?




< Поракaта ја уредил Bethany RR -- 21.9.2013 14:58:38 >

clock-img

19.06.2013, 13:02

clock-img

AnnaMolly RR

pencil-img

6409


ИЗВОРНА ПОРАКА: Fiao

P.S. Moze za nekoi od vas ke zvuci radikalno, ama ja da sum bi gi sobrala site zeni od forumov koi bi sakale da ucestvuvaat i vo soglasnost so domot bi otisle tamu da im iskopame i posadime edna ubava gradina od koja sekogas ke moze da si naberat nesto vkusno i zdravo... Baska i ke se educiraat za nesto korisno - gradinarstvo, ke podnaucat nesto i za zemjodelie, namesto da gledaat turski serii po cel den na doniranite televizori!



Офтопик сум, ама Фиао за ова имаш тотална поддршка од мене. Ајде да кренеме иницијатива и да направиме нешто вакво ем интересно, ем едукативно.

_____________________________

Live and let live