cookie-img

Веб-страницата користи колачиња

за да обезбедиме он-лајн сервис, анализа на користење, системи за рекламирање и функционалности нема да можеме без употреба на колачиња. Со континуираното користење на страницата, се согласувате со колачињата.

writing-img

Што играте додека сте на плажа?

  
clock-img

03.07.2013, 09:31

clock-img

vezilka RR

pencil-img

4931

Освен бањање и сончање, додека сме на плажа ни требаат и други занимации. Што најчесто играте, или како се занимавате додека сте на плажа?

clock-img

03.07.2013, 09:36

clock-img

vezilka RR

pencil-img

4931

Јас порано, пред да имам дете, на плажа најчесто читав. Понекогаш игравме карти или јамб. Или решавав крстозбори. Сега, тоа е малку поинаку user posted image ЛАни лето, игравме со топки, и малку со кофичка и лопатки.

За годинава спремам цел репертоар. Освен станддарните, кофички, лопатки и калапи за правење фигури од песок, за на плажа, спремаме и топки, тениси, фризби. Имам спремено, лепак, водени боици и кутии, па ќе лепиме на нив камчиња, песок и школки, ќе правиме украси.

Ајде давајте и други идеи..

clock-img

03.07.2013, 09:55

clock-img

Mihaela 2010

pencil-img

4230

Jas kako dete koga sme idele na odmor sto mi ostanalo vo sekjavanje sekogas lovevme ribi,koga idevme vo Ohrid,Livadiste i tn..
toa mi bese epten kejf,ke si zemevme edno kantice so voda i sto fatime fatime,posle gi pustavme pak vo voda
sobirav skolki,pravevme zamoci vo pesokta,mislam deka toa e standart koga si na plaza
Sobirav najrazlicni formi na kamcinja,pa si gi nosev kako spomen doma
Sto znam sega ne mi teknuva bas,ama ete super ideja pred odmor ,pa koj e po kreativen neka piseuser posted image

clock-img

03.07.2013, 10:01

clock-img

miana

pencil-img

6152

Не играме,трчаме и пазиме деца user posted image

Ако успееме да се посончаме малце,добро е !!!

clock-img

03.07.2013, 10:11

clock-img

vezilka RR

pencil-img

4931

Еве уште една идеја. На сувиот дел од песокот се истура вода по шема за да се прават форми. На пример, кругчиња, коцка и сл.

Иначе игриве ги измислувам за да седи малку мирно детево, да не трчаме цел ден по него user posted image И плус забавно ќе му биде.

clock-img

03.07.2013, 10:46

clock-img

Carrie RR

pencil-img

326

Јас на плажа само читам книги, се сончам 5 минути и влегувам во вода. Може во спат некој јамб да падне или карти, ама ретко. Генерално сакам да читам и да си викам - е ова е живот user posted image

clock-img

03.07.2013, 10:51

clock-img

vezilka RR

pencil-img

4931


ИЗВОРНА ПОРАКА: Carrie RR

Јас на плажа само читам книги, се сончам 5 минути и влегувам во вода. Може во спат некој јамб да падне или карти, ама ретко. Генерално сакам да читам и да си викам - е ова е живот user posted image




Хи, хи, пред да се роди Никола и јас така си викав. Читкај си ти дури уште можеш user posted image user posted image user posted image . Ќе те навратам после некое времена темава да те прашам дали уште си читкаш user posted image

clock-img

03.07.2013, 10:56

clock-img

vezilka RR

pencil-img

4931

Децата ги учат математичките и научните концепти преку игрите со песок. На пример, кога малите деца претураат песок од еден во друг сад, тие учат да проценуваат, стекнуваат чувство за волумен, учат за материјали од природата, за броење, па дури и едноставни концепти во физиката и уште ако ги потпрашуваме додека играат, на примерК „Дали мислиш дека песокот станува поразличен кога му дотураш вода?“ или „Како го направи мек песокот за да можеш да правиш разни фигури?“, допринесуваме играта да стане корисна за развојот на децата.

clock-img

03.07.2013, 11:02

clock-img

Carrie RR

pencil-img

326


ИЗВОРНА ПОРАКА: vezilka RR


ИЗВОРНА ПОРАКА: Carrie RR

Јас на плажа само читам книги, се сончам 5 минути и влегувам во вода. Може во спат некој јамб да падне или карти, ама ретко. Генерално сакам да читам и да си викам - е ова е живот user posted image




Хи, хи, пред да се роди Никола и јас така си викав. Читкај си ти дури уште можеш user posted image user posted image user posted image . Ќе те навратам после некое времена темава да те прашам дали уште си читкаш user posted image



Така и јас си реков кога ти го читав постот дека порано си читала. Си викам значи броени се летата со книга на плажа. Ама ќе смислам некоја стратегија до тогаш, таман кога ќе се навратиме на темата, да сме живи и здрави, нема да е за брзо user posted image user posted image user posted image

clock-img

03.07.2013, 11:02

clock-img

rina13

pencil-img

1147

Порано правев и играв се. Сега освен удоволување на детево ништо друго, ќе ги гледам другите како читаат и ќе ми течат лиги а во себе ќе си викам и ќе си се тешам чекајте ќе видите со деца и виеuser posted image user posted image user posted image

clock-img

03.07.2013, 11:04

clock-img

vezilka RR

pencil-img

4931

Закопано богатство
Подгответе однапред, разни предмети како: пластични коцки, автомобилчиња, камчиња и слични предмети, ставете ги во кутија и закопајте ги на одредено место во песочникот. Раскажете им куса приказна за пиратите кој поминале од тука и го сокриле „богатството“, а потоа побарајте од децата да го пронајдат и откопаат скриеното богатство.

clock-img

03.07.2013, 11:04

clock-img

Mihaela 2010

pencil-img

4230


ИЗВОРНА ПОРАКА: rina13 RR

Порано правев и играв се. Сега освен удоволување на детево ништо друго, ќе ги гледам другите како читаат и ќе ми течат лиги а во себе ќе си викам и ќе си се тешам чекајте ќе видите со деца и виеuser posted image user posted image user posted image


Aj aj a da se tesis deka mozebi tie ti zaviduvaat??user posted image
Se vo svoe vreme,ima vreme i za kniga,sto tuku se zalite
Vezilka pusti mozokot na pasenje,ne tuku mu ja misli za igrive,spontanite raboti se najubaviuser posted image

clock-img

03.07.2013, 11:08

clock-img

vezilka RR

pencil-img

4931

Не бе зошто, мене баш ми е кеф да си смислиме игри што ќе си ги играме заедно со Никола, нешто поразлично од она што дома го правиме секој ден.

clock-img

03.07.2013, 12:53

clock-img

Melanija RR

pencil-img

7052

vezilka RR секоја чест за идеите user posted image ова се ќе запишам ќе треба за година -две.user posted image

До сега на плажа само се сончав и решавав крстозбор или судоку.Читање книга на плажа не ми иде,додека мм си носи по 2 книги и цели ги чита (чудак user posted image )

_____________________________

3год= 8 кломифен,лапаро-хистеро, полупроодни јајцеводи,
3 IUI =/, без терапијаuser posted image август 2013г.
user posted image Бакнежот е генијален трик,дизајниран од страна на природата за да го запре зборувањето кога зборовите стануваат непотребни

clock-img

03.07.2013, 13:02

clock-img

sandriana RR

pencil-img

2924

Ако имате чамче на дување или нешто слично, може да си направите и базен за риболов.
Ова го видов кај пријатели, ама не стигнав да прашам од каде го набавиле сетот за риболов. Имаше пластични рипчиња со место за закачување на јадица, и една пластична трска со пластична јадица, и децава се утепаа играјки.
Оваа опрема може и да се импровизира сигурно - наместо риби некои поситни играчки со дупчиња, наместо трска стапче со конче и јадица нека биде дел од закачалка на пр. user posted image
Базен може да се направи и со каменчиња во плиткото, нели.
Ете, мене тоа ми текнува во моментов.user posted image Искуство немам се уште, бидејки лани ем бевме помали, ем не бевме на одмор....за годинава, ќе видиме како ќе биде user posted image
А пред да се роди Т, и јас бев од тие дремачите со книга на плажа и покрај базен user posted image

_____________________________

***I'd rather be honest than impresive***

clock-img

03.07.2013, 13:46

clock-img

elenak

pencil-img

2004

Уф кога ќе ми текне на оние ,,убави,, времиња на плажа, со ладно нескафе и книга на лежалка. Едвај чекав да дојде нов ден и да се укотвамuser posted image Цел ден не мрдав од плажа. А сега не знам, годинава мислам ќе биде доста интересно со оглед на тоа што ѕверкава не ја занимаат ни игри ни играчки. Идеиве здравје догодина ќе ги реализираме.
Инаку пред user posted image освен што читав, морав некогаш и мм да го дружам нели (оти он не е по читањето) па игравме табла или тенис.


_____________________________

You don''t have to be perfect to be a perfect parent.

clock-img

09.07.2013, 22:20

clock-img

Felly RR

pencil-img

7977

Еве Везилке и овде извештај да си пишам. СО мало дете не ти треба ништо освен лопатчиња и кофичиња. Па кој ќе работи нешто друго кога има толку песок да се копа. user posted image

_____________________________

Life isn't about waiting for the storm to pass, it's about learning to dance in the rain.

clock-img

10.07.2013, 11:13

clock-img

Bethany

pencil-img

4534


ИЗВОРНА ПОРАКА: Felly RR

Еве Везилке и овде извештај да си пишам. СО мало дете не ти треба ништо освен лопатчиња и кофичиња. Па кој ќе работи нешто друго кога има толку песок да се копа. user posted image


Ете и ние бевме во оваа категорија на копачи user posted image
Лопатка и кофа и камионче за собирање каменчиња, песок и закон.
Имавме и чамче мало па мало во вода, малку на плажа, го наполнивме со вода, па со песок и така менувавме. ж
Па собиравме каменчиња во кофиче, па фрлавме во вода и така. Не му беше досадно ама ич! Знаеше и сам да се занимава.


_____________________________

" Maturity is knowing more and more what is worth fighting for, and what is not worth fighting for."

clock-img

10.07.2013, 12:03

clock-img

masa

pencil-img

473

За книга нема шански две години по ред си носам и одвај 20-30 страни ќе прочитам и тоа во соба навечер некоја страна,џабе само ја носев секој ден на плажа не дојде ред да ја извадам user posted image .Додуша недојде ред да се посончам малку,да легнам да полежам 5 мин.Најмногу играме со песок со кофички и лопатки,помалку со топка и други реквизити иако имаме еден куп и чамци и еден змеј (ќерката го вика коњ user posted image ),ама некако песоков најголем ќеиф прави.Е годинава сме поголеми може и некоја игра да смислиме да биде поинтересно.

clock-img

10.07.2013, 13:08

clock-img

Bethany

pencil-img

4534

И јас демек земав со мене и книгите, ама не за на плажа бидејќи знам дека не можам таму да читам, туку кога одмараме.
Не земавме ни лаптоп, ништо, баш сакав книга, ама никако не дојде на ред ни таа. Кога одмарав, навистина одмарав- мислам се комирав user posted image Од сонце, од вода, кога легневме попладне со синко воглавном спиев и јас. user posted image

_____________________________

" Maturity is knowing more and more what is worth fighting for, and what is not worth fighting for."

clock-img

10.07.2013, 21:08

clock-img

vezilka RR

pencil-img

4931

Оооо Бетани добредојде назад, се одморивте ли? Ајде кажи што играше синко најмногу.

clock-img

10.07.2013, 21:41

clock-img

Bethany

pencil-img

4534

Фала Везилке user posted image Се одморивме, со проодено дете е полесно отколку во фаза на проодување како лани на одмор, душа ми излезе, едвај чекав да помине одмор-измор user posted image Сега беше супер лесно.

ИЗВОРНА ПОРАКА: Bethany RR


Ете и ние бевме во оваа категорија на копачи user posted image
Лопатка и кофа и камионче за собирање каменчиња, песок и закон.
Имавме и чамче мало па мало во вода, малку на плажа, го наполнивме со вода, па со песок и така менувавме. ж
Па собиравме каменчиња во кофиче, па фрлавме во вода и така. Не му беше досадно ама ич! Знаеше и сам да се занимава.


Се цитирав со постот од погору: кофичка и лопатка, песок, каменчиња, вода - добитна комбинација. Истури од кофичето во чамчето, собери каменчиња/песок/вода во камиончето, од камиончето во кофиче, од кофиче во чамче и се така во круг.
Успат малку прошетка до шанкот, тушевите (ааа тоа му беше нешто неодоливо, какво море-какви бакрачи user posted image -тушевите кога види се таму бегаше)
Супер ни беше, не му беше досадно, а ниту нам.

Децата на неговата возраст и поголеми со тоа воглавном се и занимаваа... Ништо не им треба повеќе од тоа.


_____________________________

" Maturity is knowing more and more what is worth fighting for, and what is not worth fighting for."

clock-img

04.08.2013, 18:39

clock-img

vezilka RR

pencil-img

4931

Значи се игравме, игравме со кофички и форми од кои правевме замоци, ама најинтересно ни беше да правиме базен. Игравме тенис и на песок и во вода, игравме одбојка и на песок и на вода исто така и многу му беше интересно. Пушувавме на песокот букви и бројки. Игравме закопано богатство, папучата на тато, која и трајно ја загубивме, толку добро ја скривме, шро пола плажа после не можеше да ја најде, хехехе, па ем испадна занимација за цела плажа, ем тато си доби нови папучи. Ама најмногу сакавме да се бањаме.

clock-img

16.08.2013, 17:53

clock-img

Felly RR

pencil-img

7977


ИЗВОРНА ПОРАКА: vezilka RR

Игравме закопано богатство, папучата на тато, која и трајно ја загубивме, толку добро ја скривме, шро пола плажа после не можеше да ја најде, хехехе


Е ова и нас ни се случи, само не на тато, туку на Матеа папуча остана на плажата закопана. Барај, барај, под лежалки, околу лежалки, никаде го немаше. Не знам како се загуби user posted image

_____________________________

Life isn't about waiting for the storm to pass, it's about learning to dance in the rain.

clock-img

17.08.2013, 19:07

clock-img

sandriana RR

pencil-img

2924

Ние сме денес втор ден на плажа, и за чудо некое, детево не е многу захтевно за играње - пријатно сум изненадена од нејзе, за разлика од дома.
Си игра сама на песокот, или во плиткото во вода, и не бара ништо особено внимание. Можеби возраста е таква, можеби нејзиниот карактер се менува (уште 2 недели 2 години).

_____________________________

***I'd rather be honest than impresive***

Последни статии

article-img