за да обезбедиме он-лајн сервис, анализа на користење, системи за рекламирање и функционалности нема да можеме без употреба на колачиња. Со континуираното користење на страницата, се согласувате со колачињата.
Што мислите за новиот трговски центар City Mall? Дали ве радува фактот дека конечно имаме трговдки центар од светски рамки и со светски марки? Што мислите, дали е евтино или скапо во City Mall? Дали ќе си купите нешто од City Mall? Дали мислите дека народот има пари пари за City Mall? Што мислите за Carrefour? Дали мислите дека е поевтино од другите маркети? Дали ќе пазарите во Carrefour? Со исклучок на шеќерот, тоалетната и уште 2-3 артикли, јас мислам дека е поскапо! Повелете, споделете мислења, ме интересира што мислите. Факт: Во првите 4 дена City Mall го посетиле 500.000 луѓе!!!
< Поракaта ја уредил Beatris RR -- 16.10.2012 15:13:01 >
13.10.2012, 11:54
Bethany
4534
Светски марки со светски стандарди Кој има ќе си купи, кој нема - ќе си гледа. Шала на страна, во Carrefour само влеговме и веднаш излеговме, бидејќи премногу гужва беше. Не сме ние за буткање до толку, па и џабе да се дели. А прошетавме низ трговскиот, повеќе ме занимаше работи за деца и цените, специфично Carter''s, ама ми се чинеше скапо за тие некои артикли што ги имаше тогаш. 3 лигавчиња за 20 долари, фала лепо, довидување, пријатно
Ама затоа му купив на син ми зимска јакна од Sam 0-13, и беше околу 2 илјади и нешто. Барем е квалитетна, лесна и убава. За тоа не се двоумив многу. пример: во џамбо се некои никакви за 1000 и повеќе денари, тешки, мислам кога ќе му облечам ќе нема да може да оди, па затоа ми се ова супер допадна.
< Поракaта ја уредил Beatris RR -- 16.10.2012 15:17:22 >
13.10.2012, 11:55
*Elena*
542
Mislam deka trgovskiot e daleku od gotov uste, i mnoguuu daleku od trgovski od svetski ramki...napravile presoblekuvalna za bebinja nikakva, barem edno musamce da stavele na toa daskite ili bolje da ne ja pravele, od iskustvo Sin mi ja imase cesta da im se iskaka od prvo idenje, pa morav nekade da go presoblecam, a da ne bide vo kola Najikreno ocekuvav nesto kako Cosmos vo gr ili albanskiot izmegu Tirana i Drac, ama nemame sansi. A za cenite i prodavnicite, ne gi vidov site, najmnogu vreme pominav vo Zara i na tret sprat kaj detskite prodavnici, za na kraj da kupam trenercinja za rodenden od Kimico, makedonski proizvod
13.10.2012, 12:03
Bethany
4534
Да, и јас се сложувам дека е далеку од готов, не знам зошто брзале толку да го отворат? А и во Зара имаше добри работи, цените да речам приступачни, мада само бев во детскиот дел. Со дете кое само бега наоколу, гледаш само приоритетни работи
< Поракaта ја уредил kikicka RR -- 18.10.2012 8:19:56 >
13.10.2012, 12:46
kikicka
4218
Јас незнам што очекувавте вие од трговскиот дека се ке биде ефтино? Па не го отворија за тоа. Карфурот не ми нешто ваооо, уствари ова испаднатрговскиотда се отвара демек само ради него. И најглупо е што кога ке прашаат абе ефтино е во новиот трговски? Па фала богу дека за наши стандарди не е. Зара си има нормални цени како за марка,Картерс се исто нормално и квалитетни тука каде каде се поефтино Картерс за разлика од Хр.кога купував.
Се сложувам дека е далеку од направен како што треба,мислам дека ги преценија многу работниците,пошто прво нели викаа Септември отварање па се свестија дека тооолкав објект нема никакви шанси да е готов за 2 месеца.
И што направија ништо не му е готово,ке треба уште мнг време за да се среди ама ај.
_____________________________
Најважната работа која таткото може да ја направи за неговите деца, е да ја сака нивната мајка."
13.10.2012, 13:01
*Elena*
542
Evtino ke bide koga ke ima rasprodazbi i popusti...a kolku za sporedba, Zara vo Gr i vo Spanija e poevtina nego vo mk (poseteno), Okaidi vo Francija i Italija se za 50% poevtini nego vo Sk. Site raboti sto gi imam kupeno od tamu, prvo na net gi gleam cenite i modelite. Vo Carrefour ne sum vlegla uste, i nema namera dodeka ne se iscisti guzvata, poveke me interesiraa detskite prodavnici.
13.10.2012, 13:32
Luci
2250
Јас бев 3-4 пати до сега и ок ми трговскиот, ми се свиѓа како е направен. Шопинг направив само за М. од Картерс 3-4 комплетчиња му земав и од Зара тренерки и блузичка, а за мене и мм ништо, за нас здравје на попусти Иначе вчера јадевме во Бургер Кинг, за 2 оброка(хамбургер со медиум помфрит и к.кола) плативе 640 денари
< Поракaта ја уредил luci -- 13.10.2012 13:33:58 >
_____________________________
Рани куче да те лае!!!
13.10.2012, 14:07
Cipi Ripi
1010
Бургер Кинг, за 2 оброка(хамбургер со медиум помфрит и к.кола) плативе 640 денари
Аууу, скапо!
13.10.2012, 14:10
Cipi Ripi
1010
ИЗВОРНА ПОРАКА: kikicka RR
Јас незнам што очекувавте вие од трговскиот дека се ке биде ефтино? Па не го отворија за тоа. Карфурот не ми нешто ваооо, уствари ова испаднатрговскиотда се отвара демек само ради него. И најглупо е што кога ке прашаат абе ефтино е во новиот трговски? Па фала богу дека за наши стандарди не е. Зара си има нормални цени како за марка,Картерс се исто нормално и квалитетни тука каде каде се поефтино Картерс за разлика од Хр.кога купував.
Се сложувам дека е далеку од направен како што треба,мислам дека ги преценија многу работниците,пошто прво нели викаа Септември отварање па се свестија дека тооолкав објект нема никакви шанси да е готов за 2 месеца.
И што направија ништо не му е готово,ке треба уште мнг време за да се среди ама ај.
Јас лично не очекував да биде поевтино, но не очекував ни да биде поскапо!!! Малку сум разочарана што Зара е поскапа од грчката, а за Керфур го делам твоето мислење, не е ич вау!
13.10.2012, 14:37
kikicka
4218
Епа извинете ние не сме ЕУ! А инаку Ставете колку пари ке потрошите на шопингот во Грција + ручекот + патни трошкови....кога ке видеш поарно оди во Сити мол плати 1000 ден плус, поефтино ке ти испАДНЕ, отколку цел ден да се малтретираш во ХЕллАС!
< Поракaта ја уредил kikicka RR -- 18.10.2012 8:20:19 >
_____________________________
Најважната работа која таткото може да ја направи за неговите деца, е да ја сака нивната мајка."
13.10.2012, 15:14
Cipi Ripi
1010
ИЗВОРНА ПОРАКА: kikicka RR
Епа извинете ние не сме ЕУ! А инаку Ставете колку пари ке потрошите на шопингот во Грција + ручекот + патни трошкови....кога ке видеш поарно оди во Сити мол плати 1000 ден плус, поефтино ке ти испАДНЕ, отколку цел ден да се малтретираш во ХЕллАС!
Види срцка, јас не одам во Грција на шопинзи, ниту сум била. Мене само ме изнервира фактот дека кај нас е поскапо, ко да зимаме 800 евра плата.
13.10.2012, 15:29
Ikana
3780
Не сме ЕУ, и има поскапи цени поради увозот, нема договорено некоја тарифа или не сме во таа унија за слободно движење на луѓе и слободна трговија - затоа е поскапо. Башка што нашиве се без усул и маваат 40% маржа на се. Но кога ќе видите, за до Грција, пари за бензин или карти за автобус, шлај се цел ден, кафе и ручек....и ете ти ги маржите. На кого како му одговара. Не сум била уште во Сити Мол, ама гарант ќе скокнам деновиве да видам како е направено.
13.10.2012, 15:41
kikicka
4218
Не бе срц не викам јас за тебе ...значи за сите тоа
ИЗВОРНА ПОРАКА: Cipi Ripi
ИЗВОРНА ПОРАКА: kikicka RR
Епа извинете ние не сме ЕУ! А инаку Ставете колку пари ке потрошите на шопингот во Грција + ручекот + патни трошкови....кога ке видеш поарно оди во Сити мол плати 1000 ден плус, поефтино ке ти испАДНЕ, отколку цел ден да се малтретираш во ХЕллАС!
Види срцка, јас не одам во Грција на шопинзи, ниту сум била. Мене само ме изнервира фактот дека кај нас е поскапо, ко да зимаме 800 евра плата.
< Поракaта ја уредил kikicka RR -- 18.10.2012 8:20:44 >
_____________________________
Најважната работа која таткото може да ја направи за неговите деца, е да ја сака нивната мајка."
13.10.2012, 16:06
*Elena*
542
ИЗВОРНА ПОРАКА: kikicka RR
Епа извинете ние не сме ЕУ! А инаку Ставете колку пари ке потрошите на шопингот во Грција + ручекот + патни трошкови....кога ке видеш поарно оди во Сити мол плати 1000 ден плус, поефтино ке ти испАДНЕ, отколку цел ден да се малтретираш во ХЕллАС!
Ako ides specialno za shopping vo gr, moze ke ti se fati isto...ama ako si na pominuvanje i si ispazaris nesto sitno, poisplatliva e gr...da ne zboram za standardite i platite, kazano e. Mislam deka najisplatlivo e od net da naracas nego da pazaris vo sk, uste ako zakacis nesto so poevtin ili free shipping, na konj si ...ama taka na tie sto se shopohilici (jas licno NE) nema da im bide ispolneta dusickata, ke im fali setanje, guzvi po garderobi, prodavnici, kafinja, ruceci i sl.
13.10.2012, 20:15
Bilence2
727
Samo vo dm si ispazariv nekoi raboti, vo carrefur nema ni vo slednite 2 meseci da vlezam, a buticite se skapi, ke cekam popusti. Inaku ziveam vo K4 i ne mi e keif sto tokmu tuka go otvorija, cela guzva od gradot ni ja donesoa.
_____________________________
A baby makes love stronger, the days shorter, the nights longer, savings smaller and a home happier.
13.10.2012, 20:45
lilicka
866
Јас да ви кажам нешто и не сум воодушевена од трговскиов,пред некој ден го посетивме влегов во Зара ми се допаѓаа многу работи за Л си изнакупив не ми беа скапи сакав и во други бутици да влезам ептен беше гужва!Е да и во Карфур влеговме бешее катангаа....туку народов се граба за зелени банани и тоалетна.......мизеријаа боже!! И карфур колку што видов не е нешто посебно! Туку не видов дали има H&M за деца?????Знае некој????
13.10.2012, 21:27
kikicka
4218
НЕмаЛиличка Х&М ,мислам дека ке отварат ама кога незнам,на нивната официјална страна до 2012 пишува каде и кога ке се отвараат продавници ама во МК сигурно нема да отворат Х&М можеби во 2013 ке биде.
_____________________________
Најважната работа која таткото може да ја направи за неговите деца, е да ја сака нивната мајка."
13.10.2012, 21:51
Џесика
2036
Ништо не е поевтино! Во Карфур-глупости пун к*р, како што кажа Ципирипи, освен тоалетната, шеќерот, бананите И сушарата, да не ја заборавиме све друго е опасно перење на мозок, као, све е ефтино, а уствари е иста цена, нешто улошки ова-она со гратис плус, се лаже народ, за иста цена пуни колички... башка, еден осет ко у А вганистан да бев... не ме привлече воопшто... за бутиците немам коментар, и немам ич доверба во нивната роба, од проста причина што две блузички од по 680 денари во ЊуЈоркер, ги купив во маалски бутик за по 250 денари... Турска роба, сибале мајката... Ја би само за шетање како и досега
_____________________________
Жената по природа е АНГЕЛ, но ако и ги скршат крилата таа лесно ќе научи да лета на метла!!!
13.10.2012, 22:14
mosa
546
I jas go posetiv noviot ni trgovski centar.Mojte se vo K4,pa bev na gosti i aj i da go vidime.Bese totalna guzva.Vriese narod.Vo Carfor na vlegov oti imase premnogu guzva.Bas na 8 koga pocnala nekpja akcija na site proizvodi koja trae do 22.Pa lugevo ke se isp[otepaa za da kupat.kasite bea prepolni.Vlegov vo Yusk.Me interesiraa trpezariite,a imase i drugi interesni raboti.Gledav i po detskite prodavnici ama mi se cini skapicko zosto vlegov vo edna za detski igracki i V se zagleda vo onie golemi Dzipovi,koli na akomulator,a cenata bese 9.000,a mm vika gledal na dr mesto za 6.000.Isto gledav i nekoi slikovnici i pisi brisi tablicki bea 450 denari.Gledav i jakna za V neznam samo koja prodavnica bese i cenata i bese 4.000 pa si izlegov.A vlegov i vo kegi shooz za kondurcinja ,pa cenite ne bea mnogu skapi okolu 2.000.Sto ne e mnogu.Na V mu kupiv topeno cokolado so banana(mama e na dieta) i go plativ 120 den.
_____________________________
BRAKOT vsusnost e fensi zbor za posvojuvanje vozrasno masko dete koe ne e sposobno da se grizi samoto za sebe!!!
13.10.2012, 22:47
Melanija RR
7052
П.С. Напишав пост и времето истече 5-6 мин Толку се занесов што сега пак од почеток
Јас сум најголем критичарна Молов Дека е светски ама ич,не дека сум шетала низ странство ама естетски нема баш ништо.Освен што врши работа во зима Најголем на балканот.И што со тоа?Шопинг место за цела околина,па и не изгледа така, тоа за кога ќе има повеќе туристи,ама штом е поскапо ќе си купат во нивните земји.Дека се вработиле 2илјади луѓе шипинки
Технички ич не е готов,паѓа нет, непоминуват катици,пред некој ден се поплави, нема инфо табли што и каде е ...... Детските продавници ги ставиле на кров чиста глупост, место меѓу продавници малку, конечно ставиле 2 банкомата.Дуќам до дуќан конкуренција уште една глупост,сега ќе си ѕиркаат дали да поскапат или поефтинат. Керфур ќе го посетам некогаш чисто информативно. Нема простран простор за внатрешни забави од типот за Нова година,Божиќ...само пред мол. Локација погрешна за повеќето а демек за странците супер.Да да гужва невидена од прва партизанска па натаму. И противник сум на трговски од типот на Молот и Рамстор 7 дена во неделата и сите ама баш сите 365 дена во годината
Е сега дека има брендови има.Ама за мој џеб само на попуст.
_____________________________
3год= 8 кломифен,лапаро-хистеро, полупроодни јајцеводи, 3 IUI =/, без терапија август 2013г. Бакнежот е генијален трик,дизајниран од страна на природата за да го запре зборувањето кога зборовите стануваат непотребни
13.10.2012, 23:23
Kockicka
302
Da pojasnam nemam go poseteno znaci ne sum od Skopje i sigurno nema da se krenam poblisku mi e Grcija, no od ova sto ve citam svativ deka na Makedonceto sto i da mu napravat nema da e zadovolen go imame i sega ne ni se dopaga koga go nemavme site kukavme zosto nema.Znaci cesto odam Grcja i veruvae ili ne nema sansi da ne srtenam nekoj Sk vo Cosmos ( i toa znac bas vo tie dukani koi veke gi ima vo City Mall i istoto vazi i za Carrefour a pak za Lidl da ne zboram znaci ako vi otvorat site ke plukate a site ste kisnele ili faktot e otidovme vo Grcka i kupivme
13.10.2012, 23:36
Cipi Ripi
1010
Резиме до сега е дека скоро сите се согласивме дека е поскапо во молов, а и не е толку светски туку си е баш Сити. За детските продавници што се на 3, и мене ми смета.
13.10.2012, 23:37
Џесика
2036
Нема везе, се израдував за JYSK, се израдував дека ќе има куглана, се израдував дека ми е на 7 минути од дома, исто и дека ќе има и кино, (изгледа за базен дека ќе има претерале) општо, дека му давам приоритет во однос на пазарење- не му давам, шопингохоличарка не сум, Не патам по Бершка и Манго, би купила ако ми одговара на џебот, не паднав искрено у несвест што „лилеее, ќе има брендови познати кај нас“, и досега сме имале, па шо??? Индивидуално секој си гледа, далеку од тоа дека јас лично на све наоѓам маана.
_____________________________
Жената по природа е АНГЕЛ, но ако и ги скршат крилата таа лесно ќе научи да лета на метла!!!
13.10.2012, 23:45
Cipi Ripi
1010
И јас се израдував на Јуск, а маж ми на киното што ќе било "вауу не знам какво" Далеку од тоа дека наоѓаме мани на се. За шетање да, за шопинг не. Можеби нешто по потреба и на попуст. Не знам зошто од кога имам дете не ми се даваат ни 10 денари за нешто непотребно, а порано не бев таква. Скапо ми е се, ма скапо е СЕ! Не е до мене..
14.10.2012, 00:24

Лајк! Ципирипи за претседател!!!
_____________________________
Жената по природа е АНГЕЛ, но ако и ги скршат крилата таа лесно ќе научи да лета на метла!!!