за да обезбедиме он-лајн сервис, анализа на користење, системи за рекламирање и функционалности нема да можеме без употреба на колачиња. Со континуираното користење на страницата, се согласувате со колачињата.
Значи освен што не научиле да зборуваме, да јадеме, да одиме, да се облекуваме-соблекуваме, да се шминкаме, што ни останало од родителите како најдраг совет, животно школо, некоја мисла или поука од нивните искуства кои ни ги пренеле или на кои сме биле сведоци?
Добри нешта кои ни се врежале во глава, како трајни впечатоци, поучни случки кои делувале како совети...?
Или како лоши примери... какви не сакаме да бидеме, можеби...?
22.10.2009, 11:48
mother 29
4405
Ме научија да бидам своја, да се прифатам себеси таква каква што сум, а не каква што другите сакаат да бидам... ме научија дека ништо во животот не се зема здраво за готово, туку дека мораш да бидеш цврст и да не потклекнуваш пред искушенијата со кои што секојдневно се среќаваш... од нив научив и дека не е убаво да се успее со помош на лага и газење преку лешеви за да го добијам она што го сакам - кога тогаш, казната те стигнува... научив дека е важно да се образувам, да учам, да работам, дека не е срамота да работиш било што се додека заработуваш на чесен начин; и дека од зборови нема многу фајде, побитни се делата...
Им замерувам што ме научија да не ги покажувам чувствата - тоа е добро ако не сакаш другите да знаат колку ти е тешко или колку те повредиле, ама пак не е секогаш добро да затајуваш како навистина се чувствуваш - и се трудам тоа да го променам - засега добро ми оди..
22.10.2009, 14:34
mother 29
4405
вие што мислете? јас се факам во ситуација кога многу потсекам на мајка ми.....ми се чини како одминува времето,јас се повеке личам на неа?!
а?
22.10.2009, 14:42
zami
574
Me naucija deka: *zborot neznam nepostoi *mora da se uci *mora da se raboti *mora da se slusaat i pocituvaat postarite *ne smee da se laze * za kradewe, pa duri i pozajmuvawe da ne pravime ic muabet * ....
I so sestrami pred nekoe vreme ni pukna filmot i ja sednavme i i kazavme ,,Pa dobro bre morase li sve taka da ne naucis, pa sega da sme crnci na rabota, i sekoj sto ke kaze nie samo da slusame i usta da ne otvarame,,
Se nadevam deka ke uspeam sin mi da go vospitam taka kako sto me vospitale i mene
< Поракaта ја уредил zami -- 22.10.2009 14:43:40 >
22.10.2009, 14:52
Лејди
187
Научив многу:
-Да бидам борбена, да стигнам до посакуваната цел и ништо да не дозволам да ми застане на патот.
-Да им одолеам на пороците
-Да бидам свесна за квалитетите кои ги поседувам и никогаш да не се потценувам.
-Принципите кои ќе ги изградам во животот да не дозволам некој да ги згази по секоја цена.
-Да го ценам секој денар кој е чесно заработен
-Ме научија како по безболно да станувам по секоја сопка и да продолжам понатаму и никако да не се откажам.
Им замерувам само што ме направија преозбилна мнооогу рано. За се друго сум им благодарна.
22.10.2009, 16:38
vezilka RR
4931
се што знам научив од нив..не можам да одвојам ова или она. Јас сум денес тоа што сум заради нив..и да не ме научиле директно сепак тие се одговорни за се што сум научила..ги сакам и ги почитувам најмногу во свет..
22.10.2009, 16:42
Bogdancanka
5422
ИЗВОРНА ПОРАКА: vezilka
се што знам научив од нив..не можам да одвојам ова или она. Јас сум денес тоа што сум заради нив..и да не ме научиле директно сепак тие се одговорни за се што сум научила..ги сакам и ги почитувам најмногу во свет..
потпишувам
22.10.2009, 18:00
Еца
6692
Многу работи научив од нив, многу.Но најблагодарна сум им што ме научија да бидам ЧОВЕК. Ме научија дека на парите треба да гледам како средство за егзистенција, а не нешто за што треба да газам се пред мене. Ме научија дека животот не е розев,но дека после лошото секогаш доаѓа убаво, ме научија да бидам своја и за секоја моја одлука тие само потпис ставаа иако секогаш не се сложуваа со мене,но ме оставаа да погрешам за да научам. Им благодарам што ми беа мои најдобри другари и секогаш тука за мене. Ме научија дека треба да простувам и да ги сакам дури и оние кои ме повредиле, бидејќи и јас некогаш некого ќе повредам и ќе барам втора шанса.
Единствено за што им замерувам е што ме научија дека не треба да се карам со постари и да молчам, и да молчам, што во последно време го менувам и тоа наголемо
_____________________________
Животот е убав за оние кои знаат да го живеат.
23.10.2009, 15:14
kiki_riki
317
ИЗВОРНА ПОРАКА: vezilka
се што знам научив од нив..не можам да одвојам ова или она. Јас сум денес тоа што сум заради нив..и да не ме научиле директно сепак тие се одговорни за се што сум научила..ги сакам и ги почитувам најмногу во свет..
иако некои работи денес се товар а не доблест (чесност, почит на постар исл.)
_____________________________
ne pravi go na drugite ona sto ne sakas tebe da ti go pravat
21.01.2012, 12:14
Pepelaska *
3820
научив дека животот не е лесен но дека со оптимизам и позитивна енергија се постигнува се што сакаш
_____________________________
Жената која мисли дека е интелигентна се бори за еднакви права со мажот. Жената која е интелигентна не го прави тоа !
21.01.2012, 14:06
miana
6152
Od majkami nauciv mnogu raboti..Seto rabotno iskustvo sto go imam e blagodarenie od majkami.Od nea nauciv deka ne treba da se otkazuvam lesno vo zivotot,tuku da bidam uporna i deka koga se saka se moze..