за да обезбедиме он-лајн сервис, анализа на користење, системи за рекламирање и функционалности нема да можеме без употреба на колачиња. Со континуираното користење на страницата, се согласувате со колачињата.
Отворам нова тема, во која ги ставам сите линкови од испитувањата и методите кои се прават по неуспешно ИВФ. Ова е од досегашните искуства на многу рингерајки и од она што се применува во светот. Секако дека некогаш не мора да се прават овие испитувања и следното да биде успешно, но кај повеќе неуспешни ИВФ, потребно е да се направат некои од овие испитувања, или да се применат одредени методи, со цел наредниот пат да биде успешно.
< Поракaта ја уредил LoveableMe RR -- 2.11.2015 12:07:04 >
02.11.2015, 13:01
SOLE
514
LoveableMe RR, супер тема, браво, секако дека на некоја рингерајка ке помогне, еве јас и овде ке спомнам дека мене после три неуспешни инвитра убедена сум дека ми помогна хистероскопијата (иако беше само диагностичка пошто немав никакви индикации за неа) при што истовремено ми направија и гребење на матката (скречинг), ова на сите го препорачувам! Инаку правев и комплетни генетски и имунолошки анализи ама мислам дека на тоа не обрнуваат внимание докторите многу, во мојов случај барем така беше пошто кога му ги покажав на Петановски ги разгледа онака формално и ништо конкретно не искоментира.
02.11.2015, 13:51
brm_brm
173
Браво за темата. Да Соле во право си, и јас имам правено на имунологија генетски испитувања, имунилошки, хла типизација,....но никој од д-р не обрнува внимание на нив, со образложение дека тоа е генетика и против тоа не се може, но сепак не се на одмет да се направат
02.11.2015, 16:24
LoveableMe RR
5035
Фала ви рингерајки, ја отворив зошто многу членови лутаат по форумиве дури да најдат што ги интересира од оваа проблематика, вака се на едно место има. А отворив и нови теми и методи кои не ги има сите кај нас, но ги има во странство и може многу да помогнат за многу рингерајки.
Во секоја од нив ќе ставаме постови од некоја што поминала низ тие процедури, таман повеќе искуства ќе придонесат повеќе рингерајки да се решат за некој метод/процедура.
< Поракaта ја уредил LoveableMe RR -- 2.11.2015 16:25:21 >
_____________________________
Обиди: 5,5 години 2 IUI, 3 IVF, HSC, 1 FET, 3 смрзнати Верувај во чуда!
03.11.2015, 12:50
Pinky30
462
Bravo LoveabkeMe za temava :) na mnogu ke ni pomogne sto imame neuspeshno ivf i sto sme vo ponatamoshna postapka.Ti blagodaram mnogu
04.11.2015, 17:49
MademoiselleNina
701
Браво за темава! Токму тоа и ни требаше. Инаку јас после моето неуспешно ивф, бев на разговор кај Ивановски, на мое инсистирање и прашав што треба следно, и рече да се направат генетски испитувања, кариотп, мутации и хла. И ги направме, во меѓувреме поднесовме за ваучер и го добивме. Денес бев на разговор кај Ивановски, инаку одлучивме поворно кај него да одиме, некако рековме ај уште една шанса да му дадеме, а и тој на нас. Следно ќе правам повротно хистероскопија за отстранување на полип (повторно, во 2013 правев еднаш, сега пак го има) Но тоа е. Идеме понатаму. Здравје кон крај на месец ке биде интервенцијата. Поздрав, до сите храбри и упорни РР рајки.
27.04.2017, 09:34
Хепинес
4
Здраво на сите Нова на форумот, мозе и не е несто сто е за темава. Салам да прасам за производ кој го видов на ФБ. Дали некоја има несто користено вакво. Да сподели искуство. Во борбава наса се несто сме спремни да пробаме. После 4 неуспесни ИВФ обиде.
За мене позитивно искуство е практициранје на ЈОга и топло ја препорацувам. Поздрав на сите !
< Поракaта ја уредил lukajana RR -- 27.4.2017 23:11:09 >
Linkot e ova za proizvodost. Ve molam dali nekoja koristela od proizvodive
03.11.2018, 14:23
kate..
400
ИЗВОРНА ПОРАКА: SOLE
LoveableMe RR, супер тема, браво, секако дека на некоја рингерајка ке помогне, еве јас и овде ке спомнам дека мене после три неуспешни инвитра убедена сум дека ми помогна хистероскопијата (иако беше само диагностичка пошто немав никакви индикации за неа) при што истовремено ми направија и гребење на матката (скречинг), ова на сите го препорачувам! Инаку правев и комплетни генетски и имунолошки анализи ама мислам дека на тоа не обрнуваат внимание докторите многу, во мојов случај барем така беше пошто кога му ги покажав на Петановски ги разгледа онака формално и ништо конкретно не искоментира.
posle kolku vreme od grebenje na matkata e preporaclivo da se pravi ivf
_____________________________
2011fevruari operacija cista otstraneta i jajnik,2012 spontan abortus,2013 april vonmatericna bremenost operacija hitno tubite otstraneti,prvo IVF neuspesno vtoro neuspesno