cookie-img

Веб-страницата користи колачиња

за да обезбедиме он-лајн сервис, анализа на користење, системи за рекламирање и функционалности нема да можеме без употреба на колачиња. Со континуираното користење на страницата, се согласувате со колачињата.

writing-img

Што учат нашите деца?

clock-img

20.05.2013, 09:04

clock-img

vezilka RR

pencil-img

4931

Во последно време се тики ќе слушнам за некоја глупост што ја има во учебниците од кои учат нашите деца. Последно беше она каде во учебникот по предметот запознавање на околината за второ од­де­ле­ние, на децата на возраст од седум години им се даваат инструкции ка­ко да го задржат воздухот, за да видат колку долго можат да издржат без кислород. Во истата лекција во нашиот учебник од децата се бара да затворат ин­сек­ти во тегла и да проверат по колку време ќе умрат без воздух. Предходно читав за учебникот по општество каде има секакви чудесии и нелогичности, дека реката Црн Дрим извира во Албанија и потоа пак се влева во Албанија, дека луѓето се делат според полот, социјалниот статус и убавината, во учебникот по физика можеа (не знам дали е повлечен или се уште се користи овој учебник, не сум проверила сега скоро ова беше во 2010) да се прочитаат многу опасни работи за животот на децата. На пример, на децата им се сугерира да допрат жица низ која тече електрична енергија за да видат дека таа е жешка. Страшно. (Последниве два примери беа од учебници за осмо оделение)

Мислам дека редовно секоја година се случува да излезе некој учебник со еден тон глупости, па ако се здрма јавноста се повлекува. Кај децата ќе ни останат неписмени со вакови учебници, кај се потрошиле еден куп пари за печатење и препечатување. Дали некој ги чита и проверува материјалите за учениците? И не сум чула некој да понесе одговорност после некоја ваква афера, некој од Биро за развој на образование, или некоја министерска глава можеби.

< Поракaта ја уредил vezilka RR -- 20.5.2013 9:06:25 >

clock-img

22.10.2015, 12:58

clock-img

vezilka RR

pencil-img

4931

user posted image

Еве еден пример за грешки во учебниците..

_____________________________

НАУЧЕТЕ ГО ДЕТЕТО КАКО ДА РАЗМИСЛУВА, А НЕ ШТО ДА МИСЛИ!

clock-img

22.10.2015, 13:10

clock-img

LoveableMe RR

pencil-img

5035

user posted image user posted image user posted image

ИЗВОРНА ПОРАКА: vezilka RR

Во последно време се тики ќе слушнам за некоја глупост што ја има во учебниците од кои учат нашите деца......... Предходно читав за учебникот по општество каде има секакви чудесии и нелогичности, дека реката Црн Дрим извира во Албанија и потоа пак се влева во Албанија.....



Или дека Крф се наоѓа на Јадранско Море user posted image ... штета немам доказ да прикачам......


_____________________________

Обиди: 5,5 години
2 IUI, 3 IVF, HSC, 1 FET, 3 смрзнати
Верувај во чуда!

clock-img

22.10.2015, 13:24

clock-img

MamaKiki

pencil-img

193

везилка ама ме насмеа со ова веселава математика user posted image
не треба секоја година да се печатат нови книги , нека направат квалитна програма и ке си бидат слободни некоја година... инаку не верувам дека ова некој го проверува и го чита, А АКО некој го чита тогаш толку разбоира user posted image

clock-img

22.10.2015, 23:23

clock-img

lukajana RR

pencil-img

1481

Најјака беше лекцијата за пубертет и нема конкуренција.
Порано повеќе внимание се обрнуваше на учебниците ,ние имавме само од Просветно дело и немаше многу глупости ова денес е страшно ,учебниците се полни со глупости

_____________________________

Сакам кога ми зборуваат зад грб зашто тогаш знам дека сум еден чекор пред нив

clock-img

22.10.2015, 23:43

clock-img

MamaKiki

pencil-img

193

точно lukajana и тоа е врв на смеата! user posted image и после оди раскажиго расказот каде главно е мозолчето... user posted image user posted image user posted image

Последни статии

article-img