Додека мажите можат да се потпрат на ,,малата сина таблетка” за да ја подобрат својата сексуална активност, жените применуваат далеку по екстремни мерки. Една од нив е гениталниот пирсинг.
- Пирсингот на гениталиите е тренд кај жените кои што сакаат да го стимулираат клиторисот за време на сексуален однос. Сепак овој метод може да предизвика сериозни здравствени компликации.
Во повеќето земји ваквата форма на пирсинг не е соодветно регулирана па затоа ја практикуваат луѓе кои не се доволно квалификувани за тоа. Освен тоа пирсингот се врши во нехигиенски услови што може да предизвика инфекции кај личноста која што му подлегнува на третманот.
Можни се и крвавење, црвенило како и ризик од хепатит Б и Ц.
Кај трудниците кои што имаат генитален пирсинг се препорачува истиот да се отстрани пред породувањето со цел да се заштитат мајката и бебето.
Жените кои што сепак ќе се определат за генитален пирсинг треба да побараат соодветен салон кој што има дозвола за вршење таква дејност.
Гинеколозите препорачуваат зголемена личната хигиена и редовни контроли како би се спречиле евентуалните компликации.