за да обезбедиме он-лајн сервис, анализа на користење, системи за рекламирање и функционалности нема да можеме без употреба на колачиња. Со континуираното користење на страницата, се согласувате со колачињата.
Не знам дали ова е во пошироки рамки или само во рамките на нашата градинка, утринава пријатно се изненадив кога на влезната врата видов соопштение дека во текот на оваа недела секој ден имаа разни детски активности, денеска имаа детски крос (трчале еден круг околу градинката) и на сите деца им дадоа дипломи за учество (децата беа воодушевени-ДОБИЛЕ ДИПЛОМИ), не ги помнам сите актѕивности но знам дека во четврток имаат најубава детска фризура, ќе дојдат фризери од градот и на сите деца ќе им направат фризура, а после тоа следи ревија, ама се распишував, ке ве информирам за се само ме интересира има ли и на други места нечто слично
_____________________________
ne pravi go na drugite ona sto ne sakas tebe da ti go pravat
05.10.2009, 21:06
Еца
6692
Градинката „Раде Јовчевски-Корчагин“ по повод Светската недела на детето ќе организира повеќе активности за родителите и за децата кои престојуваат во неа. Преку забава и дружење, на децата ќе им бидат објаснети нивните права и обврски, а ќе имаат можност да се запознаат и со работата на општината во која живеат. Ќе се организира и хуманитарна акција „Хуманоста на дело“, во чиишто рамки децата, родителите и сите граѓани ќе имаат можност да донираат облека и играчки во просториите на Црвен крст. Како дел од активностите за одбележувањето на Светката недела на детето, во просториите на Општина Центар ќе се одржи предавање на тема „Препознавање, превенција и ублажување на последиците на малтретираните деца“, на која ќе учествуваат претставници од сите градинки на територијата на Град Скопје. По истиот повод, в петок на улицата Македонија деца од неколку градинки ќе одржат приредба. извор: време
кики рики ме превари
_____________________________
Животот е убав за оние кои знаат да го живеат.
05.10.2009, 21:09
kiki_riki
317
јас немам идеја ама имам предлог дај и ние на рр да направиме нешто по овој повод сепак ова е форум пред се за децата и се сврзано со нив
_____________________________
ne pravi go na drugite ona sto ne sakas tebe da ti go pravat
05.10.2009, 21:11
kiki_riki
317
мене јазикот ми е три дена пред паметот
_____________________________
ne pravi go na drugite ona sto ne sakas tebe da ti go pravat
05.10.2009, 21:15
Еца
6692
па ајде јас тоа размислував денес како да ја одбележиме неделава? ајде да смислиме нешто заедно мамички имаме време нели
_____________________________
Животот е убав за оние кои знаат да го живеат.
06.10.2009, 08:07
Еца
6692
Бидеќи од 5 до 10 октомври е светска недела на детето, да го разбудиме детето во нас и денес да оставаме пораки како сите деца низ светот "За поубав свет!" И размислете како да го одбележиме утрешниот ден
Мојата порака од детето во мене: - За сите деца да биде сонце, да биде љубов, нека биде сјај. Да биде копнеж, да биде ѕвезди, да биде пролет, личен цветен мај!!!
Па ако ја одбележуваме детската недела online, тогаш би предложила да спроведеме анкета на:најслатка бебешка насмевка посебно за момчиња и девојчиња. А ако организираме некоја средба со сите нас тогаш има многу можности.Може да направиме некое коктелче, да организираме натпревари за децата во лазење и трчање потоа боење, цртање и сл.Најуспешните да добијат некоја сликовница или играчка, пакет производи од бекутан или од нестле и сл.
Би било убаво да изнајмиме некоја игротека и да се совереме таму
_____________________________
Има само едно најубаво дете на цел свет, и секоја мајка го има :))
06.10.2009, 11:25
mami
8680
еј колку убаво..не сум знаела дека има детска недела..мислев дека тоа остана во периодот кога во основно ни ги делеа оние налепници по 10 ден што ги плаќавме...а може ние нешто да си договориме..да направиме нешто во чест на децата наши најубави
06.10.2009, 11:31
big_mama817
1331
јас се сложувам со вас сите
< Поракaта ја уредил big_mama817 -- 6.10.2009 11:32:10 >
_____________________________
Децата се најголемо богаство :)
09.10.2009, 21:41
mis.
3845
Детската недела во градинката на мојот син се одбележа во средата со отворен ден зародители.Имаше надвор натпревар помеѓу групите во градинката.Се натпреваруваа во 5 игри теглање јаж,кој побрзо ќе истрча со пречки со заобиколување,поминување под обрачи и сл.Беше многу интересно само се изненадив беа поканети и родителите а присуствувам само јас и уште една мајка. Сликав па сликите ќе ги поставам некој друг пат.
10.10.2009, 08:28
kiki_riki
317
Da se pofalam v;era be[e poslednata aktivnost vo gradinkata по повод детската недела ЗЛАТЕН ГЛАС и мојатѕа керка освои ПРВО место
_____________________________
ne pravi go na drugite ona sto ne sakas tebe da ti go pravat
10.10.2009, 08:54
mami
8680
честитки
10.10.2009, 12:28
mis.
3845
Честитки за победникот.
06.10.2010, 10:32
jovanka
1745
Sekoja prva nedela vo oktomvri e posvetena deteto-DETSKA NEDELA.Sekoja ustanuva(gradinka,uciliste)ima proekt kako decata ke bidat vkluceni vo nedelata posvetena na niv.Kaj sin mi vo gradinka se sobiraat teglicki od prigotvenata zimnica kade sekoe dete na simbolicen nacin ke mu podari teglicka polna so ljubov za nekoe svoe drugarce.Dodeka kaj kerka mi vo uciliste sobiraat simbolicno po 5 den. kade dobivaat onaa standardna marka so logoto na detska nedela a sretstvata ke bidat nameneti za decata koi im nedostasuva:hrana ,obleka i sl.
_____________________________
Zivotot e podarok a podarocite se za da se raduvame.
06.10.2010, 10:35
nadica
4381
сеуште ништо не сум видела кај надицаво градинкабаш попладне кога ќе одам да ја земам ќе ја прашам учителката дали тие имаат некоја слична активност
_____________________________
Завидливите луѓе се хранат со твојата несреќа... Биди Среќен!... Нека умрат од глад!!!
06.10.2010, 10:59
big_mama817
1331
ни во нашата градинка ништо нема од активности за детската недела а обично кога беше во јасли има се слика и собираа синболично парични средства од сликите а сега во големава група не ни кажале ништо
_____________________________
Децата се најголемо богаство :)
06.10.2010, 11:40
Popce
68
Ние дониравме зимница и чоколадо за децата без родители на иницијатива на градинката по повод неделата на детето, градинка Срничка клон Бамби.
07.10.2011, 10:04
Felly RR
7977
Детската недела, се одржува секоја прва полна недела во месец Октомври секоја година и трае седум дена. Оваа година од 3ти до 9ти октомври. клик
Во нашата градинка имаше организирано повеќе активности, но ние бидејќи сме во малата група, не бевме баш многу вклучени. Денес има аукција на предмети изработени од дечињата, а собраните средства ќе се искористат во хуманитарни цели.
Како во вашите градинки се обележува детската недела?
_____________________________
Life isn't about waiting for the storm to pass, it's about learning to dance in the rain.
01.10.2013, 09:59
Snowhite RR
5042
Лани за детската недела имаше изработување на сувенири кои потоа се продаваа во ходникот на градинката. Мислам дека имаше и одреден ден да присуствуваме и родителите и заедно нешто да изработуваме, а ако не сме во можност таму да присуствуваме од дома нешто да направиме и да го однесиме. Јас додуша лани немав време ни таму да присуствувам, а ни пак дома нешто да правиме, ама затоа купивме од другите дечиња што изработувале. Баш да видам после кога ќе го земам М дали има некакво соопштение во врска со Детската недела
_____________________________
Life is not the amount of breaths you take, it''''''''s the moments that take your breath away
02.10.2013, 09:20
Felly RR
7977
Кај нас има цела недела различни активности. Денес еве ќе ги возат со вовчето на Могила. Колку се радуваше М, од понеделникот чека. Утре мислам дека треба да има работилница со родители. Лани и ние дома изработивме две играчки, па ги однесовме во градинка. Ама не знам зошто, нешто ме буни, нели првата полна недела од месец октомври е тоа, значи треба наредната недела да почне
_____________________________
Life isn't about waiting for the storm to pass, it's about learning to dance in the rain.
02.10.2013, 11:14
Snowhite RR
5042
Вчера и јас прочитав во петок ќе има работилница, а во понеделник ќе се продаваат играчките. Дајте предлог нешто брзо и лесно што може да направам дома да го однесиме на аукцијата за продавање.
_____________________________
Life is not the amount of breaths you take, it''''''''s the moments that take your breath away
07.10.2014, 11:57
Felly RR
7977
Изгледа само во нашите градинки се прославува детската недела.
Да си пишам за оваа година - пак започнавме со работилница, но овој пат темата беше точно одредена. Па ќе имаат спортски натпревар со другата градинка, потоа ќе има посета на некој споменик во центарот - не разбрав точно кој, и на крај продажба на изработките од работилницата.
_____________________________
Life isn't about waiting for the storm to pass, it's about learning to dance in the rain.
07.10.2014, 12:09
Mihaela 2010
4230
ИЗВОРНА ПОРАКА: Felly RR
Изгледа само во нашите градинки се прославува детската недела.
Да си пишам за оваа година - пак започнавме со работилница, но овој пат темата беше точно одредена. Па ќе имаат спортски натпревар со другата градинка, потоа ќе има посета на некој споменик во центарот - не разбрав точно кој, и на крај продажба на изработките од работилницата.
Vie izgleda imate super gradinka,kaj nas koj znae sto se slucuva i dali nesto se slucuva Posto jas ne ja nosam M vo gradinka ne sum ni zapoznaena sto pravat i dali nesto pravat,mm koga kako prasuva zavisno od toa dali kasni za na rabota ili ne...
_____________________________
Најголемата трагедија во животот не е смртта, туку она што дозволуваме да згасне во нас додека живееме.
07.10.2014, 12:34
Bethany
4534
ИЗВОРНА ПОРАКА: Felly RR
Изгледа само во нашите градинки се прославува детската недела.
Да си пишам за оваа година - пак започнавме со работилница, но овој пат темата беше точно одредена. Па ќе имаат спортски натпревар со другата градинка, потоа ќе има посета на некој споменик во центарот - не разбрав точно кој, и на крај продажба на изработките од работилницата.
И во нашата се прославува, барем се спомнува ако не друго. Знам кога бев на родителска, па кога ја прашав учителката за програм по кој училе децата, таа ми наведе како пример токму детската недела, па ќе нешто прават врз основа на тоа, тоа ќе им била темата за работа. Е сега точно не знам што. Сигурно им дадат нешто да нацртат, обојат, по овој повод и толку.
_____________________________
" Maturity is knowing more and more what is worth fighting for, and what is not worth fighting for."
07.10.2014, 13:01
Felly RR
7977
ИЗВОРНА ПОРАКА: Mihaela 2010
Vie izgleda imate super gradinka,
Да, барем од тој аспект - активности, учење, занимации за децата, исполнето време, сум многу задоволна. за нашата градинка. Сега се сетив дека спремаам и балет на навивачката песна од Тоше и ќе настапуваат на бина во центар, најеројатно ќе има некаква приредба, но тоа е за празникот 11 Октомври, Ќе допишам ако има и нешто друго во теков на неделава.
_____________________________
Life isn't about waiting for the storm to pass, it's about learning to dance in the rain.