за да обезбедиме он-лајн сервис, анализа на користење, системи за рекламирање и функционалности нема да можеме без употреба на колачиња. Со континуираното користење на страницата, се согласувате со колачињата.
Дали сте задоволни од детските игралишта кој постојат во вашиот град? Дали сте задоволни од реквизитите кој се поставен во нив? Дали сметате дека нивниот бр. е доволен? Искрено кога го носам син ми во некој дет.игралишта сум забележала дека поголемиот број од малку поставените реквизити се оштетени па ми делуват несигурни, а се поставени за деца.
_____________________________
Децата се најголемо богаство :)
02.10.2009, 15:06
zami
574
Navistina zalosno.... Pravat novi igralista za deca a potoa nikoj ne se grizi za niv
Od taa pricina prestanav da go nosm sin mi po javni igralista.
02.10.2009, 16:29
pericka
72
pa potrebni se i toa kako
02.10.2009, 17:12
nadica
4381
ние во нег имаме 2-3 игралишта и тоа е се и тие се руинирани и нема шанси да го пуштиш детето само да си игра
_____________________________
Завидливите луѓе се хранат со твојата несреќа... Биди Среќен!... Нека умрат од глад!!!
02.10.2009, 17:29
mis.
3845
ИЗВОРНА ПОРАКА: zami
Navistina zalosno.... Pravat novi igralista za deca a potoa nikoj ne se grizi za niv
Да треба да има некој кој ќе ги одржава но и има луѓе и што ги уништуваат.Најпрво ние треба да ги чуваме а не да кршиме надевајќи се дека после нас некој ќе ги поправи.
02.10.2009, 17:59
Maca25
7558
ЈАс каде што живеам нема игралиште и навистина не знам каде ќе го носам детето да си игра кога ќе потпорасне. Во населбата каде што живеат моите има едно игралиште, скоро се е искршено, но барем има деца па би можела таму да одам. Јас се сеќавам кога бев дете, цел ден го поминував на игралиште, големо, средено, со лулашки и клацкалки, сега нема ништо за нашиве деца. Треба да ги затвараме по игротеки.
03.10.2009, 00:13
Еца
6692
Кај нас во Ново Лисиче има навистина повеќе игралишта и тоа летово обновени, има дури и чувари, но верувајте има и деца кои за жал се толку исполнети со негативна енергија што се истураат на лулашките, лизгалките.Баш пред некој ден се карав со едно дете дете?па имаше сигурно 12 или 13 год. Се качило на лулашката со нозе, се исправило, леле кога го видов ми се идеше да му шлапнам некој шамар ама ептен и Мила беше со мене и кога се закарав дојде чуварот и го избрка.Потоа сакаше да влезе пак, но чуварот му вика додека сум јас тука нема да стапнеш на игралиштето. Мислам и после немало игралишта
< Поракaта ја уредил Elena -- 3.10.2009 0:14:27 >
_____________________________
Животот е убав за оние кои знаат да го живеат.
03.10.2009, 04:28
pericka
72
potrebni se i toa mnogu
03.10.2009, 10:20
profesorica
5709
Во ѓорче кај свеќи има на 2 места детски игралишта ама не се нешто посебно полни со реквизити, јас Дамјан повеќе го носам во детски центри и игротеки.
_____________________________
Има само едно најубаво дете на цел свет, и секоја мајка го има :))
03.10.2009, 11:44
niki
4299
Имаме игралишта кои најчесто ги посетуваат деца чии родители не водат многу грижа што им прават децата. И тоа ме вади од такт, кога гледам мајките се размуабетиле а децата ко некои дивјаци и уште ако им речеш нешто ќе ти се нафрлат ко да си им влегол во двор. Затоа избегнувам да ја водам ќерка ми кога има многу деца и не се знае кој што прави и на игралиште одиме во помирните делови од денот кога има помалку деца.
10.10.2009, 17:09
mami
8680
И кај нас иста песна..игралиште ни за лек за најблискотот треба да го возам 15 минути минимум за да стигнеме таму...ужасно, толкава населба а нема игралиште и што е најтрагично- нема ни простор каде би се поставило и тоа ме вади од такт..Кај моите во градинката зад нив сега ставаа нови реквизити па цело врме е таму со сестра ми..барем некаде да искористи...
10.10.2009, 18:15
mami
8680
еа знаете колку се изнервирав денес...одиме на оние лизгалкине на улица македонија и таму една мама со неколку деца од кои најголемото имаше некои 10тина години и она мртва ладна си го гледа додека ова со нозе гази по лизгалката која очигледно му е мала за лизгање, ужасно се изнервирав, си прокоментирав на глас за културата и си отидовме со Лука.. После во ГТЦ кај Премаман, на лизгалките едно 5-6 годишно дете ужасно јако ја буткаше клацкалката и можеше да ги повреди тие две три деца што беа возраст на Лука, а мамица си отишла од спроти во продавница за чевли и потоа доаѓа и си го собира како да е најнормално тоа што го прави.. Ужасно се нервира кога мајката само фино лепо си посматра додека нејзиното дете прави глупости околу наоколу
20.07.2011, 09:23
Felly RR
7977
Кај нас (во Прилеп) сликата со игралиштата мислам дека малку е сменета. Како што немаше игралишта до пред некоја година, сега па има во секоја населба. Е сега некои се помали, и се блиску до улица, (не сме ги посетиле и не знам колку се безбедни). Ние обично кога одиме кај баба, одиме на игралиштето таму. Тоа е прилично големо, но сепак е одржано. Единствено што нема канти за отпадоци Каква е ситуацијата кај вас, дали вие сте задоволни од детските игралишта?
_____________________________
Life isn't about waiting for the storm to pass, it's about learning to dance in the rain.
20.07.2011, 09:31
AnnaMolly RR
6409
Игралиштето во мојата населба беше ужас! Лулашките испокршени, цело обраснато со трева, мислиш некој крокодил ќе се појави од некаде! Ама пред изборите го средија, ставија нови лулашки, тревата ја искосија АМА не ја фрлија туку ја ставија во еден агол на крајот на игралиштето и сега скапува и смрди труе! А има контејнери на буквално 3 метри од игралиштето, само на никој не му текнува да ја фрли тревата!
_____________________________
Live and let live
20.07.2011, 10:10
anedespo
940
Кај нас во населба има 2 : едното има чувар и се заклучува навечер. Многу е чисто и реквизитите ако се скршат, веднаш се фарбаат обновуваат. Додека второто е без чувар со искината ограда и искршени реквизити кои и да ги сменат веднаш пак се оштетуваат. Лично со свои очи видов дека во доцните часови, игралиштето е посетувано од студенти и студентки кои со својата тежина ги кршат лулашките и лизгалките. Можеби првпат гледаат вакво нешто, па ај начукани со алкохол да си поиграат. Срамота. А децата се деца, некое помирно некое потемпераментно. Играат сите, не се тепаат.
11.11.2012, 14:59
hrabra
56
koga veke ima diskusija i na ovaa tema bi sakala da go izrazam mojot revolt sto vo site naselbi se napravija igralista luslaski i sl.. za malite deca samo za decata vo nasleba lisice od ul Todor Cangov se nema nisto napraveno...Kako rezulatat na toa tie deca po celi denovi i noki ni igraat pod prozorite bozem ulicata e fudbalsko igraliste...i sto e najinteresno roditelite voopsto ne vodat griza za toa dali smetaat na nekoj ili ne ....Decata ne se krivi nemaat vo blizina fudbalski teren , no spored mene roditelite treba da im objasnat deka ne e vo red vo 22h ili 23h navecer da se igra fudbal na nekogo pod prozor....ne znam kako e po drugite naselbi ama ovde e strasno...mislam deka e redno da im se napravi nekoe katce na decava da mozat na raat da igraat...
11.11.2012, 22:19
Andriance
2140
ИЗВОРНА ПОРАКА: hrabra
koga veke ima diskusija i na ovaa tema bi sakala da go izrazam mojot revolt sto vo site naselbi se napravija igralista luslaski i sl.. za malite deca samo za decata vo nasleba lisice od ul Todor Cangov se nema nisto napraveno...Kako rezulatat na toa tie deca po celi denovi i noki ni igraat pod prozorite bozem ulicata e fudbalsko igraliste...i sto e najinteresno roditelite voopsto ne vodat griza za toa dali smetaat na nekoj ili ne ....Decata ne se krivi nemaat vo blizina fudbalski teren , no spored mene roditelite treba da im objasnat deka ne e vo red vo 22h ili 23h navecer da se igra fudbal na nekogo pod prozor....ne znam kako e po drugite naselbi ama ovde e strasno...mislam deka e redno da im se napravi nekoe katce na decava da mozat na raat da igraat...
Ќе бидам малку офтопик, ама се надевам ќе ти помогнам.
Дали си се обидела за ова да се обратиш до општина? Тврдам дека во најскоро време ќе имаш видлив одговор. Јас бар така функционирам..
Не знам дали знаеш дека имаат вработени, секој од нив задолжен за одреден реон од населбата, за вакви и слични потреби на граѓаните. Нас лично пред зграда ни фалеше кош и клупа...за 2 дена беа наместени.
Се пожаливме дека сите патеки направени надвор од предвидените и асвалитарните, се поплочени освен две пред нашата зграда. Денес видов дека и тие до пола ги поплочиле.
Така да обиди се и исконтактирај ги.
поздрав,
< Поракaта ја уредил Andriance RR -- 11.11.2012 22:20:59 >
_____________________________
Зборовите и времето користете ги правилно!!! Ни едното ни другото не можете да ги вратите!!!
11.11.2012, 23:01
Maca25
7558
Ние имаме лулашки во близина, на кои се собираат тинејџери и постари од зградите околу и по цел ден пијат и се дерат. Башка што и со мотори влагаат на лулашките. Нит се заградени ни ништо. Сочувани се, ама ич не ми се оди таму, баш заради сите тие насобрано луѓе таму. Не им е гајле што деца мали таму си играат и ги слушаат нивните пијано муабети и дерења. Затоа ако треба да одиме на лулашки пешачиме малце до Зебра или пак во Парк.
_____________________________
To be a mother is to know how it feels to have your heart walk around outside your body...
20.05.2015, 14:41
Melanija RR
7052
Какви се игралиштата,лулашките низ населбите низ Скопје и низ градовите?
_____________________________
3год= 8 кломифен,лапаро-хистеро, полупроодни јајцеводи, 3 IUI =/, без терапија август 2013г. Бакнежот е генијален трик,дизајниран од страна на природата за да го запре зборувањето кога зборовите стануваат непотребни
21.05.2015, 21:58
sandriana RR
2924
За дечките од Аеродром и Лисиче - во Мај Маркет комплексот е отворена нова занимација за деца - Сено парк се вика, игротека на отворено е и е слободен влез. Ќаруваат од кафето на мајките Ама е навистина ново и невообичаено, бар мене ми е интересно
_____________________________
***I'd rather be honest than impresive***
21.05.2015, 22:15
Melanija RR
7052
sandriana RR како ме погоди цела недела се токмам да одиме да видиме каде е точно и како е баш ме израдува па може и да се договориме за летово може да биде супер
_____________________________
3год= 8 кломифен,лапаро-хистеро, полупроодни јајцеводи, 3 IUI =/, без терапија август 2013г. Бакнежот е генијален трик,дизајниран од страна на природата за да го запре зборувањето кога зборовите стануваат непотребни
22.05.2015, 08:08
sandriana RR
2924
ИЗВОРНА ПОРАКА: Melanija RR
sandriana RR како ме погоди цела недела се токмам да одиме да видиме каде е точно и како е баш ме израдува па може и да се договориме за летово може да биде супер
Веднаш се забележува, карши крстот и црквичето на семафорите после Хемиско училиште, до Еуроимпекс е. Убаво е заградено, има неколку помали реквизити и еден огроооомен балон-замок за скокање. Ме воодушеви каубојскиот стил со коцките сено, да трчаат деца меѓу нив, и да паднат да не исчукаат глави Да испитам терен и може и РР дружба да удриме таму.
_____________________________
***I'd rather be honest than impresive***
22.05.2015, 09:24
blue_blue
893
Бев во саботата и воопшто не ме воодушеви. Прњаво, неудобно за седње, тесно, а долго и ништо интересно за деца за играње. Има фотки на ФБ од реквизитите - две најмали лизгалки пластични кои се големи и за 2 годишни деца, и неколку гумени надувани коњчиња за деца докај 2 години....столчиња и мали масички и ништо друго....Замокот на надувување е преку улица. Да улицата не е прометна ама сепак е улица....местот е на ќош на два прометни булевари и е страшно бучно од коли....спикано е покрај тротоар....мене воопшто не ме воодушеви...додјов, видов и си отидов во Форца кај што има простор и реквизити на кои децава всушност можат да играат
22.05.2015, 09:39
mommy_angels RR
1543
Да испитам терен и може и РР дружба да удриме таму.
Ми се допаѓа идејата,место за трчање,падни-стани-продолжи е само за ќерка ми.Испитувај побргу и организирај