cookie-img

Веб-страницата користи колачиња

за да обезбедиме он-лајн сервис, анализа на користење, системи за рекламирање и функционалности нема да можеме без употреба на колачиња. Со континуираното користење на страницата, се согласувате со колачињата.

writing-img

деца со аутизам

  
clock-img

21.06.2009, 11:37

clock-img

mami

pencil-img

8680

вчера гледам една емисија на Опра, за мајка која успеала делуно да му помогне на своето дете со аутизам да функционира нормално...има доста за превод ама ке го направам зошто сигурна сум дека има и кај нас многу мајки кои се борат со ова, а оваа мајка успеала и покрај лошите дијагнози на докторите

clock-img

21.06.2009, 12:53

clock-img

Anushka

pencil-img

1392

mami, ti si genijalec! Aj stavi go prilogot tuka, zosto stvarno bese mnogu interesen. Jas go zaspav, ne go dogledav...Ako treba pomos za prevod, tuka sum.

clock-img

21.06.2009, 13:44

clock-img

Еца

pencil-img

6692

http://mssa.org.mk/index.php?option=com_content&task=view&id=18&Itemid=36

доколку можеме и ние од рингераја би сакала да се вклучиме некако да помогнеме и придонесеме за подобар живот на лицата со аутизам

< Поракaта ја уредил Elena -- 21.6.2009 13:45:56 >


_____________________________

Животот е убав за оние кои знаат да го живеат.

clock-img

21.06.2009, 13:50

clock-img

mami

pencil-img

8680

прилогот го имам гледано неколку пати, бидејќи е од 2007 колку се секавам и навистина добар..ама денес нешто слабо време, утре од работа ветувам ке ви го преведам комплет и ке видам ако можам книгата да ја симнам од нет..
А инаку Елена, мислам дека според ова што го кажува типкава можеме да направиме нешто ама отом потом треба тоа убаво да се размисли

clock-img

14.08.2009, 14:20

clock-img

mami

pencil-img

8680

Сакав син ми да умре


Поранешната Playboy зајачица Џени Мекарти призна на медиумите дека за време на болеста на нејзиниот син доживеала целосен емотивен слом и посакала нејзиното дете да умре.

Џени изјави дека нејзиниот седумогодишен син Еван, кој боледува од аутизам, добивал лекови кои го држеле буден по четири дена имал халуцинации и ја удирал главата во ѕид од болка

Сексапилната блондинка откри дека и било многу тешко да го гледа во таква состојба, па поради тоа помислила дека подобро е да умре млад отколку да чувствува таква болка.


- Се сеќавам дека истрчав од дома на улица и почнав да викам и да го молам Бога да ми го земе синот бидејќи многу го сакам, а не сакав да трпи такви болки, се исповедаше Џени за магазинот Cookie.

Меѓутоа се добро се завршило. Џени целосно ја сменила исхраната на својот син и од тогаш тој се чувствува  добро. Воедно таа изјави дека е многу среќна и поради врската со познатиот актер Џим Кери.

clock-img

14.08.2009, 23:31

clock-img

nadica

pencil-img

4381

ke podrazlistam strucna literatura pa ke vi pisam podetalno no autizmot NE se leci moze da se podobri sostojbata no toa e rastrojstvo vo ranata psiha i lek nema

clock-img

14.08.2009, 23:42

clock-img

mami

pencil-img

8680

не се лечи тоа да, но оваа жена има постигнато толкумногу со својот син, што го довела до состојба да аутизмот се чувствува многу малку, што е успех и покрај сите медицински предвидувања

clock-img

07.10.2009, 19:00

clock-img

profesorica

pencil-img

5709

ИЗВОРНА ПОРАКА: jovanka

Pred malku go gledav prilogot na A1 za Autizam strasni brojki iznesoa a najtragicno roditelite informaciite gi dobivaat poveke preku internet. A oni sto nemaat vakov izvor na informacija???Vo Makedonija za zal vo momentot nema vakov centar a nadlezni se samo dve intitucii.Vo razvienite zemji na sekoe vakvo dete sledi eden defektolog a da ne zboram za cel tim sto raboti so toa. Kolku pobrzo se otkrie tolku e pogolema sansata za samoto dete da go osoznae svetot a ne da zavrsi t.e da zapadne vo totalna izoliranost. Sega za sega samo se raboti na istrazuvanje za pricinitelite i vsusnost koga toa nastanuva i kako.



_____________________________

Има само едно најубаво дете на цел свет, и секоја мајка го има :))

clock-img

31.10.2009, 14:53

clock-img

mother 29

pencil-img

4405

Дете со аутизам не го примаат во градинка

Четирипол годишната Елена има аутизам и ниту една градинка во Скопје не сака да ја прифати. Елена е дете на разведени родители и по разводот останала со таткото. Грижата за неа ја преземала нејзината баба Лиле, која како и нејзиниот син е вработена.
Препораките на лекарите специјалисти се дека Елена треба да посетува градинка за да може побрзо да се социјализира.
Се обиделе во неколку градинки но безуспешно. Од понеделник и вратите од градинката 11 Октомври која ја посетувала еден месец за Елена ќе бидат затворени. Образложението е дека немаат кадар кој ќе се грижи за неа.
„Како да се снајдам. Како да и објаснам јас на Елена, како да ја однесам пред градинката и да застанам пред врата и да и речам - Знаеш што Елена, поради пропуст во законот, ти до тука имаш право, внатре не", вели Лиле.
Елена не е проблематично, ниту агресивно дете вели нејзината баба Лиле. Како и другите деца со аутизам има свои потреби, живее во свој свет, а особено ја доживува музиката. Неуспешни биле обидите да се ангажира жена што ќе ја чува дома, девојчето само назадувало. Елена сака да биде со други деца.
„Воопшто не е проблематична. Она сака само многу да се движи. Не можете вие да и речете на Елена да седне на едно место. Не е проблем со храната, она што јаде јаде, како и сите ние. Сака да излезе во холот каде што е клавирот. Необично се возбудува", рече Лиле.
Новите измените од законот за детска заштита ги обврзуваат градинките да примаат по едно дете со аутизам во група, со тоа што ќе има по две деца помалку во истата група. Заменик министерот за труд и социјала Спиро Ристовски најави дека ќе го разгледаат случајот идната недела.
„Конкретно за овој случај можам да потврдам дека во текот на следната недела, Министерството ќе ги преземе сите дополнителни активности коишто се потребни, и детето нема да биде оставено надвор од функционирањето и редовниот процес на социјално вклучување", изјави Спиро Ристовски.
Во Македонија драстично се зголеми на деца со аутизам. Државата презема обврски за нивната грижа. Веќе се преговара со синдикатот за реорганизација на градинките и вработување на стручен кадар. Се планира и проширување на капацитетите, како и изградба на нови објекти. Додека се случи тоа надлежните ќе интервенираат во поединечни случаи како што е и овој со малата Елена.

clock-img

31.10.2009, 15:14

clock-img

pacuvce

pencil-img

1289

Moram da se nadovrzam na ovaa tema.I jas ja gledav emisijata na Opra i mnogu me zaintrigira faktot sto poznatata amerikanska glumica odi do tamu sto tvrdi deka nejzinoto dete ne se rodilo so autizam,tuku deka istata bolest ja dobilo otkako primilo nekoja vakcina,po sto taa veli deka vsusnost site deca vo svetot ili vo edna drzava ne treba da gi primaat istite vakcini zatoa sto e nevozmozno,spored nea,istite vakcini da se delotvorni kaj razlicni deca.Dali e ova vozmozno ili?

clock-img

31.10.2009, 15:42

clock-img

mami

pencil-img

8680

пацувче, го имама гледано прилогот неколку пати и можам само да кажам дека ја поддржувам и се согласувам со неа..па две деца од иста мајка се различни а не па низ светов, и нормално дека не може сите  да добиват еднаков третман, но што е тука е...мене ми држи вода многу она што го кажува актерката, го привршувам преводот на статијата од неа и деновиве ке го поставам за сите да го видат

clock-img

31.10.2009, 16:22

clock-img

beki RR

pencil-img

511

Еве и јас нешто да кажам.Заради проблемот што го имам со ќерка ми читам многу по интернет и има доста групи родители кои кажуваат што превземаат за своите деца.До сега знам дека користат хипербарични комори(за деца со аутизам  и други проблеми).И покрај тоа што научната јавност вели дека сеуште немаат доволни докази за да кажат да навистина хипербаричните комори делуваат добро за оваа состојба сепак родителите тврдат дека добиваат добри резултати.
Од друга страна АБР тврди дека и нивниот метод може да им помогне на децата со аутизам.
И јас имам една идаја која сакам да се реализа во многу блиска иднина.
Би сакала некако да се формира некаков фонд специјално за рехабилитација на деца со церебрална, аутизам итн... и со помош на тој фонд (покрај другите активности) некако да се набави хипербарична комора која ќе можи родителите да ја користат за своите деца а притоа да не плаќаат огромни суми, значи би плаќале некоја прифатлива сума.Во охрид има хипербарична комора ама е прастара и 1час  е 50 евра.Терапиите со хипербарична комора одат во серии по 40 ,ако не се користи подолго време веројатноста дека резултати ќе се изгубат е голема.затоа мора да се користи неколку пати годишно.

clock-img

31.10.2009, 16:34

clock-img

Mila na mama

pencil-img

1152

Во Златана Сремац имаат посебна училница специјално прилагодена за работа со аутистични деца. Обучени специјалисти комплетно се посветуваат на подобрување на состојбата на овие неколку дечиња кои го посетуваат школото. Морам да кажам дека условите не се како на филм ама сепак барем луѓето се трудат и не им затвараат врата на децата.
И покрај релативно новиот закон за инклузија јас не мислам дека децата со тешкотии во психичкиот развој треба д аодат во обични градинки и училишта. Луѓе замислете си како ќе им биде кога ќе заостануваат во наученото, нема да ги разбираат некои од игрите ниту она што се бара од нив. Сметам дека законот е непрецизен и инклузијата треба да се однесува на деца пред се со физички хендикеп. Треба да се бориме за повеќе и подобро опремени специјални установи, со децата да работи еден на еден соодветно обучен кадар, а не една учителка која треба да обрне внимание на 20 други деца да треба и за дете со посебни потреби дас е грижи.

_____________________________

love u all

clock-img

09.11.2009, 21:43

clock-img

beki RR

pencil-img

511

Денес дознав нешто навистина застрашувачко.Американците се сомневаат дека аутизамот и голем број други невролошки проблеми кај децата настануваат некоја сосотјка која ја содржат вакцините кои ги даваме за имунизација на нашите деца.Навистина страшно.
http://www.youtube.com/watch?v=UQG5Q4GWw2o
http://www.youtube.com/watch?v=UQG5Q4GWw2o

clock-img

22.11.2009, 11:00

clock-img

angelko

pencil-img

32

И јас да се надоврзам на темава, мозе да слушнеме се и сешто и на тлевизија и на другите медиуми. Но во едно сум сигурен. Секое дете со ваков проблем си е приказна сама за себе, кај некој дечиња оваа состојба е вродена а кај некој е стекната. Ме плаши фактот дека кај нас има се повеќе вакви дечиња "благодарение" на труење на организмот со тешки метали. Претежно во овие случаи е присутно оловото во крвта па тоа е и главен причинител за овие состојби. Оловото као соединение се среќава секаде околу нас (издувните гасови од автомобилите, малку е познато дека го има и во бојата која се користи за детските играчки,пенкалца, моливчиња увезени од Кина а со ниедна законска регулатива не е решен овој проблем) а деца како деца се што ставаат во уста.
Во последно време пробуваме да го актуелизираме овој проблем. Многу добра вест е тоа дека со правилен режим на исхрана и комбинација на хипербаричен третман(сега ваква комора има и во Клиничкиот центар во Скопје) кај овие дечиња се постигнува огромен успех !!!!!!!! Имав можност да ги видам овие дечиња пред и по тртманите. Разликата е огромна !!!!!!!!!!!! Еден врвен педијатар кој целиот свој живот го има посветено на оваа проблематика ни доаѓа од Турција на 28-11-09 во Домот на АРМ во Скопје. Влезот е слободен за сите заинтересирани родители. Ќе има закажување на прегледи за наредниот ден на 29-11-09. Ако има измени во програмата дополнително ке ве известам. голем поздрав до сите.

clock-img

22.11.2009, 11:07

clock-img

Еца

pencil-img

6692

user posted image user posted image user posted image За информациите, се надевам во иднина ќе продлжите да не посетувате тука на Рингераја и ќе не информирате за се што сметате дека треба родителите да бидат информирани.user posted image

_____________________________

Животот е убав за оние кои знаат да го живеат.

clock-img

22.11.2009, 14:27

clock-img

angelko

pencil-img

32

во последно време многу често се споменува дека строгата диета т.е режимот на исхрана кај овие деца помага во намалување на симптомите па дури и комлетно асоцијализирање, мислам дека и во конкретната емисија на Опра се спомена оваа диета. Препорачливо е да се воведе базглутенска исхрана слично како кај дечињата со целијакија со таа разлика што кај овие деца треба да се исфрли и казеинот,сојата и шекерот а да се додаде козјото млеко. Во досегашното искуство со овие дечиња трансформацијата е за рубриката "верувале или не", имено од комплетно асоцијализирани до комуникативни. Се разбира кај некој од нив реакциите се повидливи во пократок а кај други во подлг временски период, само треба да се бидеме истрајни со правилната исхрана.

clock-img

22.11.2009, 15:08

clock-img

Еца

pencil-img

6692

Ме плаши фактот дека кај нас има се повеќе вакви дечиња "благодарение" на труење на организмот со тешки метали. Претежно во овие случаи е присутно оловото во крвта па тоа е и главен причинител за овие состојби. Оловото као соединение се среќава секаде околу нас (издувните гасови од автомобилите, малку е познато дека го има и во бојата која се користи за детските играчки,пенкалца, моливчиња увезени од Кина а со ниедна законска регулатива не е решен овој проблем) а деца како деца се што ставаат во уста.
Во последно време пробуваме да го актуелизираме овој проблем.



Ајде ве молам Ангелко во темата Опасни играчки КЛИКНИ ТУКА  напишете ни малку повеќе околу актуелизирањето на овој проблем. Рингераја е за тоа да се заштитат децата колку што е можно подобро.


_____________________________

Животот е убав за оние кои знаат да го живеат.

clock-img

23.11.2009, 16:04

clock-img

Еца

pencil-img

6692

Бидејќи се работи за иста тема, мојата тема Аутизам ја бришам а постовите ги префрлам тука.

Аутизмот (или понекогаш наречен „класичен аутизам") е најчестата состојба од групата на пореметувања во развитокот, познати како спектар на аутистички пореметувања (autism spectrum disorders - ASD). Аутизмот се карактеризира со пореметена социјална интеракција, проблеми со вербалната и невербална комуникација, како и чудни, репетитивни и екстремно ограничени интереси и активности. Останатите пореметувања во групата на ASD се синдромот на Аспергер, синдромот на Рет, детско дезинтегративно пореметување и неспецифично постојано пореметување во развитокот. Се смета дека три до шест деца од секои 1,000 болуваат од аутизам. Инциденцата кај машките деца е два пати поголема отколку кај девојчињата.

Кај голем број на деца симптомите се намалуваат под дејство на терапијата. Некои деца со аутизам подоцна водат нормални или скоро-нормални животи. За време на адолесценцијата, некои деца со аутизам може да покажат знаци на изразена депресија или други пореметувања во однесувањето.

Не постои лек за аутизам. Лекувањето и интервенциите во однесувањето се дизајнирани со цел да се намалат специфичните симптоми на болеста. Идеалниот план за третман ги координира интервенциите кои се насочени кон главните симптоми на аутизмот: пореметена социјална интеракција, проблеми со вербалната и невербална комуникација, обсесивна или репетитивна рутина или интереси. Општо е прифатен ставот дека што порано се започне со третманот тој е поефикасен.

Дали сте имале прилика да запознаете семејство во кое расте дете со аутизам? Какво е вашето размислување?

ИЗВОРНА ПОРАКА: mami

Тивки мудреци или со посебни потреби, едно до две деца од 10 илјади се аутисти. Гледаат, а не препознаваат, слушаат, а не разбираат, чувствуваат, а не можат да изразат. Аутистот не може да продре во надворешниот свет и никој не може да влезе во неговата реалност.„Се што е поврзано со учење, комуникација или се што можеме да направиме во интеракцијата со други луѓе е или скршено или испревртено", објаснува мајка на дете со аутизам.Аутизмот е генетско пореметување, на потомството му го пренесуваат родителите, кои самите не покажуваат никакви симптоми.Родителите велат дека аутистичните деца се затворени во себе, а најсреќни се кога се сами. Не можат да остварат никаков контакт и изгледаат како да се хипнотизирани.


„Се чувствувам како некој да ми ја земал куќата и да ми ја растресол, како да му ја земал душата на детето и да заминал", вели една мајка на дете со аутизам.Не сакаат да им се менува редот што тие го создаваат во својата околина ниту рутината. Иако игнорираат се што доаѓа од надвор, се чувствуваат загрозени при директен контакт со луѓе, силни звуци и светло и тогаш може да реагираат бурно - со плачење и бесмислено нишање или повторување зборови.Овие деца сакаат предмети што се користат на необичен начин - прават чудни комбинации од своите играчки што може да ги разберат само тие. Често покажуваат генијалност во различни области, како математика, музика или цртање.Научниците се уште немаат одговор ниту за причината ниту за лекот за аутизам. За сега се знае само дека деловите од нивниот мозок функционираат сосем добро, но не можат да воспостават врска меѓу себе. До сега како најдобра терапија се покажала помошта при социјализацијата и љубовта и разбирањето од околината.




_____________________________

Животот е убав за оние кои знаат да го живеат.

clock-img

23.11.2009, 16:15

clock-img

Еца

pencil-img

6692

Сметам дека овие видеа треба да стојат тука и секој да ги погледне.  Видеа од емисијата на А2 на која гости беа Роберт Ивановски - претседател на здружението на родители за деца со аутизам, професор Владимир Трајковски - институт за дефектологија и Мери Стојкова - директор на посебното основно училиште "Златен Сремац"

Прв дел

Втор дел

Трет дел

Четврти дел

Петти дел

< Поракaта ја уредил Еца -- 23.11.2009 16:29:17 >


_____________________________

Животот е убав за оние кои знаат да го живеат.

clock-img

23.11.2009, 20:01

clock-img

angelko

pencil-img

32

несакав да споменувам имиња но бидејки го споменавте Роберт, токму тој е организатор на семинарот што ке се одржи во домот на АРМ. Баш неговото детенце многу напредна благодарение на третманот со хипербаричните комори и строгиот режим на исхрана. Затоа пожелно би било да има што поголема посетеност бидејќи има сто да се слушне и види. Исто така ке има и многу родители чии деца се родени сосема нормални но поради интоксикација на нивниот организам со тешки метали децата стануваат аутистични. А со детоксикација на организмот и со правилна исхрана со правилна терапија овие симптоми полека но сигурно исчезнуваат.

clock-img

24.11.2009, 08:36

clock-img

angelko

pencil-img

32

Во Скопје на Водњанска ББ постои градинка која е специјализирана за работа со вакви дечиња.
Се вика ЛИЛИПУТ одговорна за преглед и информаци е г.Јуле 075-552-266
Семинарот кој се одржува на оваа тема во Домот на АРМ е со почеток во 11 часот влезот е слободен за сите кој сакаат да присуствуваат.

clock-img

24.11.2009, 19:27

clock-img

Mila na mama

pencil-img

1152

Ангелко ти испратив пп те молам за инфо.

< Поракaта ја уредил Еца -- 24.11.2009 21:24:29 >


_____________________________

love u all

clock-img

24.11.2009, 19:28

clock-img

Mila na mama

pencil-img

1152

user posted image user posted image user posted image  типфелер
Те молам за инфо

_____________________________

love u all

clock-img

24.11.2009, 21:25

clock-img

Еца

pencil-img

6692

Ангелко и јас Ви пуштив приватна порака, но може не сте ја прочитале. Како можеме да стапиме во контакт со Вас?

_____________________________

Животот е убав за оние кои знаат да го живеат.

Последни статии

article-img