Доколку пред крајот на денот Ви опаѓа концентрацијата и работната способност, решението може да го пронајдете во етеричните масла. Против уморот најдобро делува етеричното масло од цимет, бор и рузмараин, а за подобрување на концентрацијата етерично масло од мандарина.
Неколку капки етерично масло капнете во ароматична ламба наполнета со вода. Доколку ја немата таа ламба или пак не Ви е при рака, можете да ја замените со стаклена чаша со подебело дно која потоа ќе ја ставите на радијатор. Освен што миризбата ќе ве поттикне на подобра работа, просторот ќе делува посвежо и поугоден. Немојте етеричните масла да ги замените со електричните освежувачи на воздухот, бидејќи етеричните масла се најконцентрираната течност добиена со специјална постапка од билките, а мирисот го испуштаат постепено и нималку агресивно.