за да обезбедиме он-лајн сервис, анализа на користење, системи за рекламирање и функционалности нема да можеме без употреба на колачиња. Со континуираното користење на страницата, се согласувате со колачињата.
Од недела еден час порано ќе се разденува, но и порано ќе се стемнува. Летното сметање на времето ќе почне повторно на 28 март 2010 година. Инаку, воведувањето на летното сметање на времето бил долг процес и често пати бил менуван во текот на годините. Се почнало со Бенџамин Френклин, кој додека бил американски делегат во Франција, во 1784 го напишал есејот „Економичен проект". На 21 мај 1916 година, Велика Британија следејќи го примерот од Германија, по прв пат го воведува летното сметање на времето. Отпрвин договорот бил часовниците да се поместуваат по 20 минути во текот на 4 последователни недели, односно вкупно 80 минути. Причината била, исто како и денес, повеќе да се искористи сончевата светлина во текот на приквечерието, а помалку светлина да остане неискористена во текот на утрото, но сето тоа да не биде многу драстично. Во Европа, во 1996 година постигнат е договор од зимско кон летно сметање на времето да се преминува во последната недела од месец март, точно во 01:00 часот наутро според Универзално време, односно во 02:00 часот според средноевропско време. Од 2007 Американците го сменија начинот на кој го сметаат времето, односно почетокот и крајот на летното сметање на времето, така што сега тие ги менуваат часовниците вториот викенд од март и првиот викенд во ноември. Повеќето од земјите на екваторијалниот појас воопшто не го менуваат времето, бидејќи таму и не се чувствува многу промената на должината на денот и ноќта во текот на годината. Враќањето од летно кон зимско сметање на времето е во последната недела од октомври.
извор:а1
< Поракaта ја уредил mother 29 -- 26.3.2010 12:57:28 >
_____________________________
Децата се најголемо богаство :)
22.10.2009, 12:59
mami
8680
незнам зошто ама на мене не делува ниако ова...кога треба да се менува времето слушам коментари- аа ке поспиеме час повеке или помалку, па неможам да се навикнам дека не е 4 туку е 5 часот...јас само го местам мобилниот и толку, не се замарам како би било по старо или ново...како е кај вас?
22.10.2009, 13:09
Leonida
411
Исто и јас. Само ке го наместам саатот и толку. Потоа пак се си тече нормално.
22.10.2009, 13:10
big_mama817
1331
исто и јас не се замарам многу но добро е чисто информативно да знам
_____________________________
Децата се најголемо богаство :)
22.10.2009, 13:10
mis.
3845
Па и јас не се змарам со тоа но кога ќе видам надвор 16-17 часот веќе темница баш и не ми е се во ред што се смени саатот.Ќе се сетам само леле лето цел ден имаш пред тебе а вака само што ќе се разбудиш а веќе се стемнува.
22.10.2009, 14:15
profesorica
5709
и мене ми е исто само ке го поместам саатот и толку.
_____________________________
Има само едно најубаво дете на цел свет, и секоја мајка го има :))
23.10.2009, 09:42
ripce
2148
и мене ми е исто само ке го поместам саатот и толку
потпишувам!
23.10.2009, 10:37
elle
613
Се е во ред тоа но ако бидес баш тој ден трета смена и на 8 те саати ти додадат уште еден не е баш ок
23.10.2009, 10:42
Еца
6692
ИЗВОРНА ПОРАКА: elle
Се е во ред тоа но ако бидес баш тој ден трета смена и на 8 те саати ти додадат уште еден не е баш ок
ме насмеа елле. Па ќе си бараш дати го платат тој час Иако кај нас тоа не функционира така. Инаку мене менувањето на времето и не ми менува нешто посебно.
_____________________________
Животот е убав за оние кои знаат да го живеат.
28.10.2009, 12:44
mother 29
4405
мојот Марко никако да научи дека е сменет сатот се буди во 6,а легнува во 8!и вашите деца "поместија"?
28.10.2009, 12:46
mis.
3845
Па и не приметив некоја рзлика кај моите деца во однос на заспивање и будење.Ги заспивам пак во исто исто се будат иако е разлика 1 саат.
28.10.2009, 12:49
profesorica
5709
не исто си заспива во 9 ипол -10 а станува 6 ипол-7.
_____________________________
Има само едно најубаво дете на цел свет, и секоја мајка го има :))
28.10.2009, 12:53
Bogdancanka
5422
ИЗВОРНА ПОРАКА: mis.
Па и јас не се змарам со тоа но кога ќе видам надвор 16-17 часот веќе темница баш и не ми е се во ред што се смени саатот.Ќе се сетам само леле лето цел ден имаш пред тебе а вака само што ќе се разбудиш а веќе се стемнува.
Isto Mis
26.03.2010, 12:54
mother 29
4405
сега во недела ке ги поместиме часовниците за еден саат место 2 ке биде 3 часот
26.03.2010, 15:34
Leonida
411
Официјално отварање на сезона пролет/лето 2010
26.03.2010, 15:35
matushka
510
Konecno ke se vrakam vo den doma!
26.03.2010, 15:35
arh_diz
7198
Oficijalno e stignata proleta , i pokasno ke se stemnuva
_____________________________
Биди тоа што си
26.03.2010, 15:37
profesorica
5709
добро што ме потсетивте
_____________________________
Има само едно најубаво дете на цел свет, и секоја мајка го има :))
26.03.2010, 15:41
BEBICA
2014
Monika cela zima spiese po letno vreme. Taka da sega nema ni da primeti sega.
_____________________________
Дајте и на жена десет добри совети, таа ќе го следи само еднинаесеттиот - својот.
29.03.2010, 13:32
mother 29
4405
имавте ли проблем со спиењето на дечињата сега со смена на времето? ние вчера станавме во 9 по ново и цел ден не заспа,сабајле се успавме за во градинка,го разбудив во 8.30
29.03.2010, 13:42
mis.
3845
ИЗВОРНА ПОРАКА: mother 29
ние вчера станавме во 9 по ново и цел ден не заспа,сабајле се успавме за во градинка,го разбудив во 8.30
И ние исто се успавме сабајле за во градинка а синоќа стефан не правеше проблем си заспа стандардно 21 по ново а мартин чекаше ние да легнеме па и тој со нас.
29.03.2015, 12:55
Melanija RR
7052
Денес Почна летното сметање на времето
Со поместување на стрелките на часовникот за еден час нанапред, во 2 часот наутро почна летното сметање на времето што ќе трае до последната недела на октомври годинава.
_____________________________
3год= 8 кломифен,лапаро-хистеро, полупроодни јајцеводи, 3 IUI =/, без терапија август 2013г. Бакнежот е генијален трик,дизајниран од страна на природата за да го запре зборувањето кога зборовите стануваат непотребни
29.03.2015, 18:24
lukajana RR
1481
Не знам за вас ама мене многу ме нервира ова со саатот денес .Ич не сум во тек со времето сите часовници различно ми кажуваат и не знам кој е точен .
_____________________________
Сакам кога ми зборуваат зад грб зашто тогаш знам дека сум еден чекор пред нив
29.03.2015, 18:36
hopeless
529
И мене денов ми е пореметен. Секогаш кога ќе се смени саатот јас само велам „а сега требаше да биде 5, ама е 6“ Ајде, до утре, задутре, би требало да се вратиме во нормала.