Железото е битно и потребно за одржување на животот, неопходно е за производство на хемоглобинот и на некои ензими.Само 8 проценти од вкупно применото железо се апсорбира и влегува во крвотокот.
Просечен човек од 70 кг. има околу 4 грама железо во организмот. Хемоглобинот, на кој најмногу му се препишува железото, се преработува и повторно се искористува, бидејќи крвните клетки се заменуваат на секои 120 денови. Железото врзано за протеинот феритин се таложи во телото, како и ткивното железо (присутно во миоглобинмот) во многу мали количини.
Препорачаната дневна доза изнесува од 10 до 18 мг за возрасни и 30 до 60 мг за трудници и жени кои дојат.
Во текот на еден месец жените губат двојно повеќе железо од мажите.
Бакарот, кобалтот, манганот и витаминот Ц се неопходни за железото да се асимилира.
Железото е неопходно за правилен метаболизам на витаминот Б.
Што железото може да стори за вас:
*Го помага растот.
*Допринесува за отпорност кон болестите.
*Го спречува заморот.
*Ја лечи и спречува анемијата предизвикана со недостаток на железо.
*И ги враќа на кожата добриот тен.
Заболувања што може да настанат со недостаток на железо: Анемија.
Природни извори: Свински џигер, говедски бубрези, срце и џигер, скроб, суви праски, црвено месо, жолчка, остриги, грав, шпаргла, меласа, зобена каша.
Додатоци: Облик на железо кој најлесно се асимилира е хелат на хидролизиран протеин, што значи органско железо кое е припремено за најбрза асимилација. Овој облик не предизвикува затвор и лесно го поднесуваат и сензитивните системи.
Феросулфат, неорганско железо, се јавува во многу витамински и минерални додатоци и може да го уништи витаминот Е (треба да се земаат барем осум часа едно по друго). Проверете ги налепниците: многу препарати што се продаваат во аптеките содржат феросулфат.
Додатоците со органско железо - фероглуконатом, ферофумаратом, фероцитрат или феропептонат - не го неутрализираат витаминот Е.
Токсичност: Ретка е кај здравите нормални личности. Претераните дози, меѓутоа, можат да бидат опасни за деца.
Непријатели: Фосфопротеините во јајцата и фитатите во бесквасното пченично брашно, ја намалуваат искористеноста на железото во организмот.
Совет:
На жените им се препорачува додаток на хелирано или хемоглобинско железо. Проверете ја налепницата на вашиот мултиминерален препарат и погледнете што земате (запомнете, ако железото во вашиот препарат е феросулфат, губите витамин Е).
Држете ги препаратите со железо подалеку од дофатот на децата.
Тие што пијат многу кафе, како и чај, треба да бидат свесни дека создаваат потешкотии за асимилирање на железото.
Ако сте бремени, проверете кај својот лекар пред да почнете да земате железо или додатоци со железо. Кај мајките кои во текот на бременоста земале премногу пилули со железо, утврдено е труење на децата.
_____________________________
Животот е убав за оние кои знаат да го живеат.