за да обезбедиме он-лајн сервис, анализа на користење, системи за рекламирање и функционалности нема да можеме без употреба на колачиња. Со континуираното користење на страницата, се согласувате со колачињата.
Машкиот род се наоѓа на пат на изумирање затоа што нивните гени полека исчезнуваат, предупредуваат генетичарите.
Машкиот хромозом Y полека изумира и еден ден би можел потполно да исчезне, сметаат експертите. Тоа меѓутоа не значи дека уште сега мора да се грижиме околу опстанокот на човечкиот вид, затоа што промената би можела да настане за 5 милиони години.
Професорката Џенифер Гревс од Универзитетот Australian National вели дека мажите идат по стапките на глодарите кои иако се уште се размножуваат немаат свои витални гени кои го сочинуваат хромозомот Y. “За да бидете машко треба да имате хромозом Y, а пред 300 милиони години хромозом Y во себе имал 1400 гени, а денес останал со само 45. Со ваквиот тренд би можеле за 5 милиони години да очекуваме во целост да останеме без гени во хромозомот Y. Машкиот хромозом изумира и прашање е што ќе биде кога тоа навистина ќе се случи. “ - предупредува професорката.
Машкиот хромозом Y има ген (SPY) кој е задолжен за развој на тестисите и за создавање на машки хормони.
16.06.2009, 10:17
mami
8680
што ке правиме тогаш?????
16.06.2009, 10:20
niki
4299
Pa ako izumrat mazite ke mu dojde kraj na coveckiot rod, zenite ke nema so kogo da se oplodat i kraj. Verojatno ke ne kloniraat, ama pak bez mazi nema da bide interesno. Evolucija, verojatno ke se sozdade nesto posuperiorno od coveckata rasa.
16.06.2009, 10:26
Еца
6692
Леле немој вакви работи мами јас веќе си имам маж, не се сеќирам, ама нашето потомство
_____________________________
Животот е убав за оние кои знаат да го живеат.
16.06.2009, 10:27
mami
8680
па и јас за тоа...што ке ми прават трите ќерки
16.06.2009, 18:37
Боцко
806
еве ќе го клонирам стефан за онолку ќерки за колку има потреба. правете списоци... природата и науката сигурно заеднички ќе се погрижат нешто да најдат што ќе му стави крај на таквиот тренд. но, тоа сигурно нема да биде за наше време. можеби во иднина
_____________________________
Sometimes it is the people who no one imagines anything of, who do the things that no one can imagine.
16.06.2009, 18:40
Палешка РР
7505
Значи се враќаме во пусто турско
Мажите, како ретки птици, ќе си имаат по пет-шест жени, ќе си живеат во харем, ќе си пушат наргиле, женичките ќе играат околу нив, а слугинките ќе ги служат. Ееееее, тоа е живот, а не со една
_____________________________
When I'm good, I'm very good, but when I'm bad, I'm better.
16.06.2009, 18:58
Anushka
1392
vo pravo si Paleska, nema spas. Ovoj svet ostanuva na mazite, pa duri i ako se malcinstvo... Ccccc, taka e koga ne' ucea deka popametniot popusta...
17.06.2009, 08:08
mami
8680
Анушке , а Боцко, па да ајде ке смислиме нешто, јас го сакам Стефан за зет за една од трите ќерки, ке видиме која ке го бендиса
21.12.2009, 13:53
mami
8680
ете, колку многу машки деца имаме на рр во последно време, што просто внесува сомнеж целата статија
18.01.2010, 09:26
Bogdancanka
5422
На мажите сепак не им се заканува изумирање?!
Наспроти истражувањата од пред неколку години во кое научниците тврдеа дека мажите ќе изумрат, денес тоа мислење се смета погрешно првенствено поради хромозомот Y. Студијата објавена во магазинот Nature покажува дека хромозомот Y може многу брзо да се развива отколку другите генетски кодови. Во студијата која ја направи институтот Whitehead во Кембриџ биле споредуван хромозомот кај луѓето и шимпанзата. Откриено е дека разликата помеѓу човечкиот род и шимпанзото е околу 30 отсто. Хромозомот Y се развива многу побрзо од другите. Тоа е куќа која константно се реновира, објасни доктор Дејвид Пејџ.
Џенифер Хјуџис, докторката кој учествуваше во истражувањето нагласува дека хромозомот Y иако брзо се развива, не мора да значи дека мажите се понапредни од жените. Британското истражување траело две години поради новите откритија кои постојано се наоѓале. Научниците се решиле на ова истражување бидејќи само хромозомот Y нема свој пар како останатите 44 хромозоми. Кога ќе се случи некоја мутација не постои друг пар да ја прикрие.
_____________________________
Човек не мора секогаш да биде херој ама може секогаш да е човек........
14.03.2013, 09:56
arh_diz
7198
Mislam deka e obratno, vo posledno vreme se poveke e ragaat zenski deca