за да обезбедиме он-лајн сервис, анализа на користење, системи за рекламирање и функционалности нема да можеме без употреба на колачиња. Со континуираното користење на страницата, се согласувате со колачињата.
Дали на вашите деца им давате млеко во тетрапак и која беше возраста на која почнавте да им го давате? Ние почнавме некаде околу првата година и само го сака битолското млеко инаку на почетокот пробував со многу видови но не ги сакаше а кравјо млеко (мислам она природното) никогаш не сум му дала
_____________________________
Децата се најголемо богаство :)
14.10.2009, 09:04
mami
8680
Ние од почетокот на 9 месец некаде сме со кравјо млеко и тоа тетрапак, пробав со Дукат, со витамини вакви такви ама не го сакаше, затоа Битолското го обожава, и ако случајно му дадеш од она со пониска масленост не го сака, плука
14.10.2009, 09:08
profesorica
5709
Ако збориме за пиење на ваквото млеко, сега пред 2-3 недели почнавме со битолското .а за подготовка на кашички сме правеле и со обично за варење.не прави разлика.ајде јас упорна сум па ќе ви кажам кога ќе почнеме редовно да си го пиеме.
_____________________________
Има само едно најубаво дете на цел свет, и секоја мајка го има :))
14.10.2009, 09:14
mami
8680
кашичките никогаш не сум му ги правела со адаптирано, од 5 месеци тој кашичките ги јаде со обично млеко, што не е некоја голема количина
14.10.2009, 09:18
happy mommy
108
После годинка преминавме на Дукат , го пиеше и то со витамини и обичното ама го мешавме со несквик, после пола година преминавме на чоколадно и му зимам од оние малечките тетрапак, такви пие по едно до две на ден.
14.10.2009, 09:19
profesorica
5709
ние адаптирано млеко никогаш не сме пробале, немало потреба, а чоколино, медолино...таквите ги подготвував наизменично со кравјо битолско за варење или тетрапак.
_____________________________
Има само едно најубаво дете на цел свет, и секоја мајка го има :))
14.10.2009, 09:20
profesorica
5709
е видиш чоколадно млеко не сум пробала, баш ме потсети ај ќе земам денес па ќе пробам и ќе ви кажам, дај боже да го сака.
_____________________________
Има само едно најубаво дете на цел свет, и секоја мајка го има :))
14.10.2009, 09:23
happy mommy
108
Баш пробај и не мора да му го ставиш во шишенце дај му така со цевче нека си пие , мојон расне као крофна пиел како голем батко :). И обавезно пробувај млеко пред да му дадеш се случува да е во рок а пак да е расипано. Ми се има случено на малите чоколадни неколку пати.
14.10.2009, 09:27
mami
8680
ее бласеси ви, сте немале потреба, ама кај нас имаше, и знам многу мајки кои им правеле кашички со адаптираното, ама мене толку лошо ми мирисаше тоа што не се осудував да му ја правам кашата со такво млеко
14.10.2009, 09:44
nadica
4381
млеко не пие бидејќи цица ама за кашички од 5-6 месеци со битолско тетрапак и не прави проблем за пиење понекогаш кога ние пиеме кафе таа пие млеко со несквик ама тоа малку и ретко
_____________________________
Завидливите луѓе се хранат со твојата несреќа... Биди Среќен!... Нека умрат од глад!!!
14.10.2009, 09:57
mother 29
4405
ние пиеме или дукат или битолско...чоколадно избегавам заради забите...најубаво чисто бело млекче
14.10.2009, 10:08
ostoun
436
Nie pieme bitolsko, a cesto i cokoladno so slamka . A koga bevme pomalecki za kasicki upotrebuvav mleko vo prav od nestle vo konzerva. Ednas sum i dala i vareno doma ama ne go sakame posebno a i ne moze sekoj den da ima taze svareno Zatoa iako velat deka ne bilo mlekoto vo tetrapak mnogu zdravo pieme takvo
29.10.2009, 10:40
profesorica
5709
пробавме чоколадно и пиеше ноќеска и издржавме без цицање.е сега не чини за забите ама ќе му го мешам со обично, барем да го одбијам.
< Поракaта ја уредил profesorica -- 29.10.2009 10:41:02 >
_____________________________
Има само едно најубаво дете на цел свет, и секоја мајка го има :))
29.10.2009, 10:44
mami
8680
подобро земи во обичното млеко стави му пола лажиче од оној Несквик за деца со екстра калциум и немаш гајле, концентрацијата не е голема а сепак него му доаѓа нешто благичко, па после намалувај му од несквикот и на крај ке се навикне на чисто
29.10.2009, 10:46
mis.
3845
Искрено јас сум многу против чоколадното млеко и сите додатоци што се ставаат во млекото но ако тоа ти е единствено решение за да пие млеко и да го одбиеш тогаш немам што друго да ти кажам.Во секој случај биди поупорна за чисто млеко ,колку што можеш бидејќи ако го навикнеш на чоколадно уште потешко после да сака да пие бело,чисто млеко.Јас не сум сакала бело млеко и сум пиела чоколадно со разни додатоци и постојано сум имала сзапек од него затоа претпазливо.
29.10.2009, 10:49
profesorica
5709
Со несквик сме пробале не сакаше, морам да го одбијам барем го пие чоколадново, свесна сум дека не чини но сега ми е алармантно.
_____________________________
Има само едно најубаво дете на цел свет, и секоја мајка го има :))
29.10.2009, 10:56
mami
8680
И Лука ретко пие чоколадно, може да испие обично ама ете со пола или третина лажичка несквик на 250 мл млеко, што е ништо. А обично пие ко слонче
29.10.2009, 11:00
mother 29
4405
хехехх баш вчера мојот го изголта цело околу 260 мл полно до врв и ми вика ...па..... убав млекар е тој на мама!
29.10.2009, 11:00
ripce
2148
Само што бевме до тинекс земавме дукат со 7 витамини што е 2,8% масленост... првпат му правам каша со кравјо млеко, сега ќе јадеме... Леле малку ми е страв како ќе реагира... Па моравме да почнеме со кравјо... пред 1 недела престана да цица... адаптираното се' помалку го сака, а без млеко кај може
29.10.2009, 11:05
mami
8680
не се секирај, ништо нема да му биде ке видиш...ако не го сака адаптираното ова ке му биде екстра. Само сепак- внимавај на реакцијата во првите два три часа ако досега воопшто не си му дала кравјо млеко
29.10.2009, 11:10
mis.
3845
Аница вие значи конечно се одбивте од цицање???Ајде чекаме реакција да видиме како ќе го прифати млекото.
29.10.2009, 11:12
mis.
3845
Аница КЛИКНИ ТУКА имаме пишуване за преминот кон обично млеко.
29.10.2009, 22:08
ripce
2148
жити се... треба да се вари дукат тетрапак млеко со 7 витамини што е? И шеќер во млекото?
29.10.2009, 22:13
mami
8680
Од кај сега тоа го извади? Кој вари тетрапак млеко ?
29.10.2009, 22:27
ripce
2148
уфффффф Дотичната госпоѓа дојде пред малку кај нас беа... и ми вика леле почнал да пие тетрапак млеко... ама треба да се вари и шеќер да се додава... цццццццццццц работе како мед. сестра си мисли дека е ајнштајн... нема врска од ништо...