cookie-img

Веб-страницата користи колачиња

за да обезбедиме он-лајн сервис, анализа на користење, системи за рекламирање и функционалности нема да можеме без употреба на колачиња. Со континуираното користење на страницата, се согласувате со колачињата.

writing-img

4 најважни збора

clock-img

27.05.2009, 17:14

clock-img

Еца

pencil-img

6692

Четири најважни мали зборчиња,лесно е од срце, искрено да се кажат. Тие се затоа баш мали, за да можат дечињата да ги запомнат. На секој во срцето се драг гост  Молам, Фала, Повели, Извини.

Дали ги учИте своите деца да ги изговараат овие зборови? Јас уште од мала ја учев Мартина и тоа нормално преку пример, најдобро се учи така, нели?   Сега ако случано во поминување ја чукнам, ми се врти и ми вика, мамо не кажа Извини...или кога и давам нешто,ми вика мамо па не ми рече Повелиuser posted image user posted image user posted image Срце малоuser posted image


_____________________________

Животот е убав за оние кои знаат да го живеат.

clock-img

27.05.2009, 17:53

clock-img

niki

pencil-img

4299

Pa ne sum ja ucela nesto posebno, no sekogas koga i se obrakam koristam nekoj od tie zborovi i ona slusajki me pocna sama da si gi upotrebuva. Ne mi se veruvase koga prv pat mi rece fala, se cudev od kaj go naucila toa pa posle se fativ sama sebe kako i zboruvam, ne bev ni svesna deka tolku cesto sum i gi kazuvala tie zborovi za da gi zapamti i upotrebuva.

clock-img

27.05.2009, 19:22

clock-img

biba

pencil-img

50

Pa sum se trudela toa da im go prenesam preku mene, mislam mnogu mi e ubavo koga od dete bez razlika dali se moite ili nekoe drugo ke slusnam, izvini, molam, poveli....vo sekoj sluaj ubavi maniri

clock-img

27.05.2009, 21:21

clock-img

Боцко

pencil-img

806

о да, дефинитивно. стефан по default вели фала/благодарам кога нешто ќе му дадеш. се учиме сега на извини.

_____________________________

Sometimes it is the people who no one imagines anything of, who do the things that no one can imagine.

clock-img

24.09.2009, 15:18

clock-img

big_mama817

pencil-img

1331

site cetri zborcina znae da gi izgovori i go znae nivnoto znacenje user posted image

_____________________________

Децата се најголемо богаство :)

clock-img

24.09.2009, 15:19

clock-img

mami

pencil-img

8680

ние сме мали за зборење ама се трудиме секогаш кога му даваме нешто да му кажеме повели и кога не рани да му кажеме фалаuser posted image user posted image

clock-img

13.12.2010, 15:28

clock-img

mami2

pencil-img

417

Без никакво инсистирање или форсирње големото ги има усвоено овие зборови и ги употребува правилно. За оваа навика сум горда на него.
Дури и на копитарите во Зоолошка кога им подава парче зелка редовно им вели повели а луѓето околу редовно се кикотат и ни се потсмеваат.

clock-img

21.01.2011, 17:59

clock-img

nadica

pencil-img

4381

секоја шанса ја користам за да ја научам надица да ги употребува овие зборови и сега за сега добро ни оди
додуша не ги кажува без причина, а и се случува да ги заборави user posted image

_____________________________

Завидливите луѓе се хранат со твојата несреќа...
Биди Среќен!...
Нека умрат од глад!!!

clock-img

21.01.2011, 21:02

clock-img

Боцко

pencil-img

806

напредуваме прилично. не само што редовно ги употребува туку разграничува домашни/надворешни и помлади/постари лица и комбинира со вие или г-дине/г-ѓо.
абе дипломатче
user posted image

_____________________________

Sometimes it is the people who no one imagines anything of, who do the things that no one can imagine.

clock-img

21.01.2011, 23:57

clock-img

Maca25

pencil-img

7558

Нина ги користи повели, фала и молам, а за извини добиваме бакнеж. не го има кажано, но секој пат кога ќе и речам оди сега и извини му се на тато, оди и го бакнува. сигурна сум дека знае што значи, но не го изговорила сеуште. 

_____________________________

To be a mother is to know how it feels to have your heart walk around outside your body...

clock-img

20.11.2012, 12:10

clock-img

Pepelaska *

pencil-img

3820

НЕ го учев туку му ги кажував кога му давав нешто му викав повели кога земав фала.

Сега бумеранг на тоа, ако му дадам нешто ( или некој друг му даде ) вика фала.
Ако дава обавезно вика повели.
Извини уште не знае , знае молим те да каже.( ова сам му текна )

Ако мамо молим те не ме карај user posted image

Ај карај го де

_____________________________

Жената која мисли дека е интелигентна се бори за еднакви права со мажот. Жената која е интелигентна не го прави тоа !

clock-img

20.11.2012, 12:41

clock-img

vezilka RR

pencil-img

4931

Повели редовно го користи, фала некогаш му текнува некогаш не. Од пред неколку дена почна да го употребува те молам (дај ми ова, дај ми она) и ова не сме го учеле наменски, барем јас не сум го учела, така да веројатно го научил во градинка. А извини сега почнувам да го учам, со извини следува и бакнеж и гушка.

clock-img

20.11.2012, 14:09

clock-img

AnnaMolly RR

pencil-img

6409

Повели кажува, но не баш секогаш. Ама ако го потсетам си кажува. Вика Фала или Благодарам, најчесто Благодарам. Те молам уште не сме научиле, а извини сега сме во фаза на учење. Како што кажа Везилка, по Извини следува бацка и гушка user posted image

Исто така, научивме дека откако некој ќе каже На здравје (по кивање), се вели Фала, здравје да имаш. Само што Филип вика Фала, здравје да имам user posted image

_____________________________

Live and let live

clock-img

20.11.2012, 14:41

clock-img

Pepelaska *

pencil-img

3820


ИЗВОРНА ПОРАКА: AnnaMolly RR

Само што Филип вика Фала, здравје да имам user posted image



Убаво си вика детето user posted image

_____________________________

Жената која мисли дека е интелигентна се бори за еднакви права со мажот. Жената која е интелигентна не го прави тоа !

clock-img

27.08.2013, 16:21

clock-img

mommy_angels RR

pencil-img

1543

фала е меѓу првите зборови на А....е сега таа и кога ти дава нешто и кога зема си вика фала (поточно АЛА user posted image ),ама ете душиче научило нешто,а мамичка беше баш пријатно изненадена user posted image

clock-img

29.08.2013, 09:20

clock-img

Yummy Mammy

pencil-img

1690

Fala, Poveli i Dobar den vikaat uste od mali, toa im se prvite "vozrasni" zborovi na koi sum gi ucela. E sega golemava pocna nesto da se srami, pa ne vika Dobar den, ama zatoa maloto gi pozdravuva site komsii po red.
Gi ucam i da kazat Izvini koga ke pogresat, no cudno e kako uste od mali imaat ego... ke se inaeti, i ke ja kaznis, i na nejzina steta ke odi, ama nema da ti kaze Izvini i nema.

_____________________________

There are no strangers, just friends you haven''t met yet!

clock-img

29.08.2013, 12:30

clock-img

sandriana RR

pencil-img

2924

Почнува да употребува фала и повели, добар ден вели одвреме на време, или ако кажам јас, па да повтори, пред спиење на дедо и баба вели "ноќ" за ''добра ноќ'', а цел комшилук и пошироко го поздравува шоферски - со кревање на рака.
"Зини" за извини ретко и текнува, уште не го има сфатено значењето на зборот мислам.

_____________________________

***I'd rather be honest than impresive***

Последни статии

article-img