за да обезбедиме он-лајн сервис, анализа на користење, системи за рекламирање и функционалности нема да можеме без употреба на колачиња. Со континуираното користење на страницата, се согласувате со колачињата.
< Поракaта ја уредил nadica -- 28.6.2010 17:35:08 >
28.06.2010, 18:09
bucko 1
168
me stavas u misla sega citam samo dobri raboti vecer ke proveram za losite.sirni i ovde KLIK
< Поракaта ја уредил beki -- 28.6.2010 21:08:12 >
28.06.2010, 20:52
beki RR
511
Јас ако не те замислам кој
Денес ја добив информацијата од еден татко од Белград. Малку истражував по интернет и прашав една друга мајка до Белград. По интренте е тоа во стилот што го најде ти, дека лекот делува во формирањето на синапсите во мозокот, и дека е безбеден. Е сега да ти кажам искрено не знам кој го користи по болниците.Бидејки имало клинички студии кои докажуваат напредок, зошто лекот не се користи .Ај кај нас, ама ни во Србија не го користат по болници.Таткото го носел девојчето во некој стан во Белград, каде што имало некои луќе од русија ,кои ги ставале тие инекции и плус работеле со некакви масажери.Ни јас точно не знам што е работата.Вечер ќе имам повеќе информации. Мајката од белград што ја прашав ми рече дека знае за тие луѓе од Русија, но нема слушнато за некои спектакуларни резултати. Реков случајно некој од кај нас да не бил кај тие руси, па да видиме какво искуство имаат. Ќе истаражиме повеќе па ќе видиме .
28.06.2010, 20:57
beki RR
511
Еве нашата вредна Тања најде нешто како одговор на моите прашање зошто сеуште не се користи лекот по болници. Овој лек е одобрен во 44 земји во светот како лек кој се дава при мозочен удар, деменција и трауматски повреди на мозокот. Во Европа се наоѓа во фаза 3 од истражувањата што значи дека се дава само клинички (како дел од студија). Во Македонија е регистриран , а доаѓа во форма на инфузија.
28.06.2010, 21:10
Тања РР
2029
ИЗВОРНА ПОРАКА: beki
Е сега да ти кажам искрено не знам кој го користи по болниците.Бидејки имало клинички студии кои докажуваат напредок, зошто лекот не се користи .Ај кај нас, ама ни во Србија не го користат по болници.
Ќе се обидам да одговорам на ова прашање. За да еден лек почне широко да се употребува потребно е да помине низ повеќе фази кои траат повеќе години ( 15 и повеќе). Имено откако лекот ќе се синтетизира мора прво да помине тестови на животни, ако ги помине, се оди со тестови на здрави доброволци, па на пациенти во клинички услови. Позитивни ефекти во една изолирана студија никогаш не се доволни. Ако ги помине овие три фази кои имаат различни цели, лекот се регистрира за широка употреба. Тогаш почнува неговата четврта фаза односно се следат неговите долгогодишни ефекти врз пациентите. Од тука, секогаш е побезбедно да се зема лек кој постои долги години затоа што некои несакани ефекти се појавуваат покасно или по долготрајна примена.
Се надевам бев јасна.
_____________________________
There are two ways to live your life. One is as though nothing is a miracle. The other is as if everything is."......А.А
28.06.2010, 21:16
beki RR
511
Благодарам Тања,ова навистина многу ми помогна.Многу често читам прва фаза, втора фаза од клинички студии па се чудев колку фази постојат и кога ние ќе доживееме да се спровеедат некои третмани.Сега се ми се избисри.Благодарам.